Штајнхудско Езеро
Штајнхудско Езеро Steinhuder Meer | |
---|---|
Островот Вилхелмштајн во езерото | |
Подрачје | 30 км северозападно од Хановер, Долна Саксонија |
Координати | 52°28′N 9°20′E / 52.467° СГШ; 9.333° ИГД |
Главни приливи | подземни води, врнежи |
Главни истеци | Штајнхудер Мербах (кон Везер) |
Сливни земји | Германија |
Најг. должина | 8 км |
Најг. ширина | 4,5 км |
Површина | 29,12 км2 |
Прос. длабочина | 1,35 м |
Најг. длабочина | 3 м |
Зафатнина | 0,088 км3 |
Надм. височина | 38 м |
Острови | 2 (Вилхелмштајн и Бадеинзел) |
Населени места | Штајнхуде, Хагенбург, Мардорф |
Прогласено: | 26 февруари 1976 |
Број | 87[1] |
Штајнхудско Езеро (познато и како Штајнхудер Мер; германски: Steinhuder Meer) — езеро во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија, сместено околу 30 километри северозападно од градот Хановер. Именувано е по блиското село Штајнхуде. Со неговата површина од 30 км2 претставува најголемо езеро во северозападниот дел на Германија. Сепак, истото е многу плитко, со просечна длабочина од само 1,35 метри и максимална длабочина од 3 метри.
Геологија
[уреди | уреди извор]Езерото се создало по топењето на ледниците од последното ледено време. Постојат две теории кои наведуваат како точно се создало самото езеро.
Едната вели дека ледниците направиле дупка, која се исполнила со стопената вода. Другата теорија наведува дека ледена бура создала дупка и се појавиле подземни води, поради што се создало езерото.[2] На средината постои мал вештачки остров на кој има тврдина од XVIII век, Вилхелмштајн (Wilhelmstein). Денес, езерото е дел од природен парк и се користи за рекреација.
Острови
[уреди | уреди извор]Езерото има два вештачки острови:
- Вилхелмштајн (12.500 м2) бил изграден помѓу 1761 и 1765 година. Се користел како воена тврдина помеѓу 1765 и 1767 од Вилхелм, гроф на Шаумбург-Липе. Потоа, кратко бил воена академија. Од 1777 до 1867 година, островот се користел како државен затвор на Кнежевството Шаумбург-Липе.
- Бадеинзел Штајнхуде (35.000 м2) бил изграден во 1975 година користејќи песок од самото езеро. Има песочна плажа, која е доста посетена во лето. Пристапот до езерото е преку пешачки мост долг 80 метри од Штајнхуде.
Туризам
[уреди | уреди извор]Езерото е омилено одредиште за мештаните, но и за други летувалци. До три брода нудат крстосувања; но се користат и помали бродови, кои возат по посебен распоред. Велосипедска патека (долга околу 35 км) го обиколува езерото, минувајќи низ разни пејзажи.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Steinhuder Meer“. Ramsar Sites Information Service. Посетено на 25 April 2018.
- ↑ „"Wie das Steinhuder Meer entstand"“. Архивирано од изворникот на 2011-07-19. Посетено на 2019-01-06.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Штајнхудско Езеро на Ризницата ?
- Страница на природниот парк Архивирано на 11 јули 2017 г.
- Никсдорф, Б. (2004), „Steinhuder Meer“, Dokumentation von Zustand und Entwicklung der wichtigsten Seen Deutschlands (германски), Берлин: Сојузна служба за животна средина (Umweltbundesamt), стр. 25 Не се допушта закосување или задебелување во:
|publisher=
(help)
|