Чешка круна (чеш. koruna česká; код: CZK) — официјална валута на Чешка од 1993 година, кога заедно со словачката валута ја заменуваат со претходната чехословачка круна. Локалната скратеница за чешката круна е Kč. Една чешка круна содржи 100 хелера. Круната ја издава Чешка народна банка. Инфлацијата во 2007/2008 година на годишно ниво изнесувала 2,4%.
Курсот према еврото во текот на 2004, 2005 и 2006 се одржувал на ниво приближно 1EUR = 28CZK. Воведувањето на еврото било планирано за 2013 година, но се испоставило дека тоа било премногу оптимистички план.
Постојат монети од 10, 20, 50 хелери и 1, 2, 5, 10, 20 и 50 круни. Монетите од 10 и 20 хелера се повлечени од оптек на 1 ноември 2003 година. Банкнотите се од 20, 50, 100, 200, 500, 1 000, 2 000 и 5 000 круни.