Цикасови
Cycadophyta Период: Ран Перм - денес | |
---|---|
Cycas revoluta со соцветие. | |
Научна класификација | |
Царство: | Plantae |
Оддел: | Cycadophyta |
Класа: | Cycadopsida |
Ред: | Cycadales Dumortier |
Фамилии | |
Cycadaceae фамилија на цикас |
Цикасовите растенија се стара група на семени растенија кои се одликуваат со голема круна од сложени лситови и кратко стебло. Тие се зимзелени, голосемени и дикотиледонски растенија. Често се мешаат со палмите или папратниците, но не се поврзани со ниеден од нив, а припаѓаат на одделот Cycadophyta.
Цикасовите растенија се распространети во суптропските и тропските делови на светот. Тие може да се сретнат во Јужна Америка, Средна Америка (каде се најраспространети), Австралија, Тихоокеанските Острови, Јапонија, Кина, Индија, Мадагаскар и во јужниот и тропски дел на Африка, каде постојат 65 видови. Некои од цикасите се приспособени за живот на сурова полупустинска клима и можат да растат на песочна, па дури и карпеста подлога. Може да се изложени на директно Сонце или сенка, а некои се и толерантни на солена вода или почва. Цикасовите растенија се мала компонента на царството на растенијата денес, но за времето на диносаурусите тие биле доста застапени. Од овие растенија се прави саго.
Тие се специјализирани опрашувачи, а влегуваат во симбиоза со цијанобактерии при што го врзуваат слободниот азот од атмосферата. Цијанобактеријата со која е цикасот во симбиоза произведува невротоксин наречен BMAA кој се содржи во плодот на цикасовите растенија.
Постојат околу 289 видови, 11 родови и 3 фамилии цикасови растенија:
- Подред Cycadineae
- Фамилија Cycadaceae
- Потсемејство Cycadoideae
- Цикас. Има околу 90 видови во светот, од Африка до јужна Јапонија, Австралија и западните Тихоокеански Острови; Тип: Ц. цирициналис L.; Поврзано Ц. пруиноса и Ц. револута
- Потсемејство Cycadoideae
- Подред Zamiineae
- Фамилија Stangeriaceae
- Потсемејство Stangerioideae
- Стангерија. Еден вид во јужна Африка; Тип: Странгерија
- Потсемејство Bowenioideae
- Бовенија. Два вида во Квинсленд, Австралија; Тип: Б. спектабилис
- Потсемејство Stangerioideae
- Фамилија Zamiaceae
- Потсемејство Encephalartoideae
- Племе Diooeae
- Племе Encephalarteae
- Потплеме Encephalartinae
- Енцефалартос. Околу 60 видови во југоисточна Африка; Тип: E. фридеричи-гуилиелми, E. трансвенозис (Моџаџи цикас)
- Потплеме Macrozamiinae
- Макрозамија. Околу 30 видови во Австралија; Тип: M. ридлеи
- Лепидозамија. Два вида во источна Австралија; Тип: Л. перофскјана
- Потплеме Encephalartinae
- Потсемејство Zamioideae
- Племе Ceratozamieae
- Кератозамија. Дванаесет видови во јужно Мексико и Средна Америка; Тип: Ц. мексикана
- Племе Zamieae
- Потплеме Microcycadinae
- Микроцикас. Еден вид во Куба; Тип: M. калокома
- Потплеме Zamiinae
- Чигуа. Два вида во Колумбија; Тип: Ч. рестрепои
- Замија. Околу 60 видови во Новиот Свет од Џорџија, САД до југот на Боливија; Тип: З. пумила; Поврзано З. фурфурацеја.
- Потплеме Microcycadinae
- Племе Ceratozamieae
- Потсемејство Encephalartoideae
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Цикаси - Фотоколекција Архивирано на 27 септември 2007 г.