Царство Мали
Mali Empire | |||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
ок. 1235–1670 | |||||||||||||||||
Статус | Царство | ||||||||||||||||
Главен град | Нијани; Кангаба | ||||||||||||||||
Говорени јазици | Манинка, мандински, фулански | ||||||||||||||||
Вероисповед | Африканска традиционална религија, ислам | ||||||||||||||||
манса | |||||||||||||||||
• 1235–1255 | Сундијата Кеита (прв) | ||||||||||||||||
• ок. 17 век | Махмуд Кеита IV (последен) | ||||||||||||||||
Legislature | Гбара | ||||||||||||||||
Историски период | Пост-класичен период | ||||||||||||||||
• Основана | ок. 1235 | ||||||||||||||||
• Престолнината префрлена од Нијани во Кангаба | 1559 | ||||||||||||||||
• Поделба на земјата помеѓу синовите на Махмуд Кеита IV | c. 1610 | ||||||||||||||||
• Распаѓање и влегување во составот на Царство Бамана | 1670 | ||||||||||||||||
Површина | |||||||||||||||||
1250[2] | 100.000 km2 (39,000 sq mi) | ||||||||||||||||
1312[3] | 1.294.994 km2 (500,000 sq mi) | ||||||||||||||||
1380[2] | 1.100.000 km2 (420,000 sq mi) | ||||||||||||||||
1500[2] | 400.000 km2 (150,000 sq mi) | ||||||||||||||||
Валута | злато (Сол, бакар | ||||||||||||||||
| |||||||||||||||||
Денес дел од | Гамбија Гвинеја Гвинеја-Бисао Брег на Слоновата Коска Мали Мавританија Нигер Сенегал | ||||||||||||||||
Царство Мали (мандингски: Ниени[5] или Нијани, исто така позната како Манден Куруфаба[1], понекогаш скратена во Манден) — царство во Западна Африка кое постоело во периодот од 1230 до 1670 година. Царството било основано од Сундијата Кеита и станало познато по богатството на неговите владетели, особено онаа на Муса Кеита. Мандингските јазици се зборувале во царството. Тоа било најголемото царство во Западна Африка и длабоко влијаело врз културата на Западна Африка преку ширење на нејзиниот јазик, закони и обичаи[6]. Голем дел од познатите информации за Царство Мали доаѓаат од северноафриканскиот арапски историчар Ибн Халдун од 14 век, мароканскиот патник Ибн Батута од 14 век и мароканскиот патник Лав Африкански од 16 век. Другиот главен извор на информации е усната традиција на Гриотите[7].
Царството Мали потекнува од мало царство на народот Мандинка покрај горниот реката Нигер, со центар во Нијани. Во 11 и 12 век започнало да се стекнува со сила со падот на Царство Гана на север. Во тоа време, трговските патишта се префрлиле јужно на саваната, поттикнувајќи го развојот на овие области. Информациите за овој ран период се ретки, а Сундијата Кеита е првиот владател за кого има специфични информации. Тој е воинствен владетел од династијата Кеита, кој кон 1235 година го поразил последниот цар на Сосо, Сумаоро Канте, воспоставувајќи контрола над транссахарските патишта и поставувајќи го почетокот на царството. Неговите наследници ја користиле титулата манса[7].
Синот на Сундијата, Ули I го направил својот хаџ во времето на Султан Бајбарс (1260-1277). По серија узурпации околу 1285 година престолот на Мали бил заземен од поранешниот дворски роб Сакура, кој се претворил во еден од најсилните владетели на царството и ги проширил значително неговите територии. Патувал во Мека во времето на Султан Насер Мухамед (1298-1308). По неговата смрт, престолот се вратил кај потомците на Сундијата. Четвртиот меѓу нив бил Муса I, кој дошол на власт во 1312 година и го направил својот познат аџилак во Мека од 1324 до 1326 година. Неговите дарежливи донации во Египет предизвикале колапс во цената на златото што му донела голема популарност. Во 1337 година тој бил наследен од неговиот син Магат I, кој во 1341 година бил соборен од својот чичко Сулејман, во чие владеење земјата била посетена од Ибн Батута[8].
Владеењето на Сулејман било проследено со период на слаби владетели, конфликти и немири. По смртта на Ибн Калдун во 1406 година, писмените записи на земјата биле прекинати. Според хрониката „Тарих ал-Судан“ во XV век, Мали продолжила да е значајна држава, а венецијанскиот истражувач Алвизе Кадамосто и португалски трговци потврдуваат дека во тоа време народите по течението на Гамбија сè уште се поданици на владетелот на Мали[9]. Описите на царството на почетокот на XVI век од страна на Лав Африкански, исто така ги потврдуваат неговите големи димензии. Во исто време, по 1507 година соседни држави, како Дијара, Денанке и Сонгајското Царство, започнале да ја поткопуваат силата на царството. Во 1542 година, силите на Сонгјан стигнале до главниот град Нијани, но не успеале да го уништат царството. Во XVII век царството било изложено на чести напади од народот Бамбара, во 1670 година главниот град Нијани бил опожарен и царството се распаднало на помали територии. Династијата успеала да го задржи градот Кангаба, каде што нејзините претставници продолжиле да владеат како локални владетели[10].
Современата држава Мали е именувана по Царство Мали.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 Piga, Adriana: Islam et villes en Afriqa au sud du Sahara: Entre soufisme et fondamentalisme, p. 265. KARTHALA Editions, 2003.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Taagepera, p. 497.
- ↑ Hempstone, p. 312.
- ↑ Walker, Sheila S.: "African roots/American cultures: Africa in the creation of the Americas", p. 127. Rowman & Littlefield, 2001.
- ↑ Ki-Zerbo, Joseph: UNESCO General History of Africa, Vol. IV, Abridged Edition: Africa from the Twelfth to the Sixteenth Century, p. 57. University of California Press, 1997.
- ↑ „The Empire of Mali, In Our Time - BBC Radio 4“. BBC. Посетено на 2015-10-29.
- ↑ 7,0 7,1 Imperato, Pascal James; Imperato, Gavin H. (2008-04-25). Historical Dictionary of Mali (англиски). Scarecrow Press. стр. 201. ISBN 9780810864023.
- ↑ Imperato, Pascal James; Imperato, Gavin H. (2008-04-25). Historical Dictionary of Mali (англиски). Scarecrow Press. стр. 202. ISBN 9780810864023.
- ↑ Imperato, Pascal James; Imperato, Gavin H. (2008-04-25). Historical Dictionary of Mali (англиски). Scarecrow Press. стр. 203. ISBN 9780810864023.
- ↑ Imperato, Pascal James; Imperato, Gavin H. (2008-04-25). Historical Dictionary of Mali (англиски). Scarecrow Press. стр. 204. ISBN 9780810864023.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Царство Мали“ на Ризницата ? |
- African Kingdoms Mali
- Metropolitan Museum – Empires of the Western Sudan: Mali Empire
- The Story of Africa: Mali — BBC World Service
- Ibn Battuta: Travels in Asia and Africa 1325–1354 Архивирано на 13 мај 2011 г. — excerpts from H. A. R. Gibb's translation