Хосе Раул Капабланка
Хосе Раул Капабланка и Граупера | |
---|---|
Капабланка во 1931 г. | |
Целосно име | Хосе Раул Капабланка и Граупера |
Земја | Куба |
Роден | 19 ноември 1888 |
Починал | 8 март 1942 |
Титула | велемајстор |
Светски првак | 1921-1927 |
Хосе Раул Капабланка и Граупера (шпански: José Raúl Capablanca y Graupera, 19 ноември 1888, Хавана - 8 март 1942, Њујорк) — кубански шаховски велемајстор, шаховски автор, дипломат и третиот по ред светски првак во шах.
Капабланка бил еден од најсилните шахисти во светот во периодот од 1910-тите до 1930-тите, победувајќи на многу турнири, а по победата во мечот против Емануел Ласкер во 1921 година станал светски првак. Во периодот на најголема слава се стекнал со прекарот „шаховска машина“, подеднакво добро играјќи ги партиите во фазите на средишницата и завршницата, практично без да направи грешка. Во официјалните партии на врвно ниво, одиграни по 1909 година, Капабланка добил 34 партии, а од 1916 до 1924 година останал непобеден.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Детство и младост
[уреди | уреди извор]Капабланка се родил на 19 ноември 1888 година во Хавана, кој во тоа време бил административен центар на шпанската колонија Куба[а], во семејството на офицерот, Хосе Марија Капабланка, и Марија Граупера. Во својата подоцнежна биографија, Капабланка раскажал дека научил да игра шах на четиригодишна возраст, набљудувајќи ги партиите на татка си против негов колега. Третиот ден, научил како фигурите се движат и во една од партиите забележал дека татко му одиграл потег кој не бил во склад со правилата. Истиот ден ја одиграл првата партија против него и го победил.[2] Овој историски настан, со мали измени, Капабланка го прикажал во статија во весник.[3] Ваквата биографија на Капбланка, Еве и Принс, потсетувајќи се на зборовите на Кубанецот ја нарекле измислена.[4]
Веднаш по оваа партија, татко му и неговите другари го однеле во шаховскиот клуб во Хавана. Денес, сочувана е партијата, која петгодишниот Капабланка ја одиграл против мајсторот Иглесијас, која ја добил, започнувајќи ја партијата со предност од дама.[5][6] По овој подвиг, Капабланка одиграл две партии против познатиот европски мајстор, Жан Таубенгауз, кој бил на турнеја во Куба, започнувајќи ги и двете со дама повќе, но и победувајќи во двете.[2] Подоцна, Таубенгауз, незнаејќи ја партијата на детето против Иглесијас, со гордост споменал:
„ | Јас сум единствениот шахист во светот, кој му давал предност од дама на Капабланка![2] | “ |
На осумгодишна возраст, неколку месеци го посетувал шаховскиот клуб само во некои денови, по што семејството се иселило од Хавана. Кога се вратил, било организирано да игра против најсилните шахисти во земјата. Капабланка покажал дека тој е само вториот најдобар шахист во земјата, губејќи ги и двете партии одиграни против најдобриот шахист во Куба во тоа време, Хуан Корзо.
Во ноември и декември 1901, бил одигран меч меѓу Капабланка и Корзо. Забележително е тоа што дотогаш Капабланка не изучувал теорија и не бил запознаен со шаховските учебници.[7] Мечот се играл до четири добиени партии. Корзо ги добил првите две партии[б], но од останатите, шест завршиле реми, а четири добил Капабланка.[8] Победата против Корзо, главно се должи на предноста која ја имал Капабланка во завршниците, во кои двапати победил при еднаква позиција на таблата, а неколкупати ремизирал во загубени позиции.[8] Следната година, Капабланка за прв и последен пат играл на првенството на Куба, кое се одржало во Бергеров систем, со по две партии, а Капабланка го зазел само четвртото место во конкуренција на шест шахисти.[в][9]
Во 1904 година, Капабланка заминал во Њујорк за да посетува приватно училиште и да го научи англискиот јазик, со цел да се запише на универзитетот Колумбија.[10][11] Таму, станал чест посетител на шаховскиот клуб во Менхетен, каде што секогаш се појавувал во периодот кога живеел во Њујорк, не менувајќи ја навиката до крајот на животот. Во 1906 година, Капабланка се запишал на факултет, каде што изучувал хемиска машиноизградба. Истовремено, играл бејзбол, поради тоа што му се посветил на факултетот, кој бил во рамките на универзитет со силна екипа по бејзбол.[11] Истата година, тој го зазел првото место на брзопотезен турнир, на кој учествувал и светскиот првак, Емануел Ласкер, и продолжил повремено да игра во клубот. По две години го напуштил факултетот за да се посвети на шаховската кариера.[12]
Зимата 1908-1909 година, Капабланка бил на трунеја низ САД, на која играл симултанка. После тоа, бил организиран меч меѓу Капабланка и првакот на САД во шах и еден од најсилните шахисти во светот во тоа време, Френк Маршал. Мечот се играл до осум победи и се одиграл во периодот од април до јуни во повеќе градови во САД.[13] Иако Маршал бил фаворит[14], Капабланка победил убедливо (+8-1=14).
Кандидат за светски првак
[уреди | уреди извор]Првиот настап на Капабланка во Европа требало да биде на силниот турнир во Хамбург во 1910 година, но поради болест, Кубанецот не бил во можност да учествува.[15][16] Капабланака се опоравил и следната година учествувал на силниот турнир во Сан Себастијан, на кој играле речиси сите силни шахисти во тоа време, освен Ласкер. Пред почетокот на турнирот, Нимцович и Бернштајн поднеле приговор со кој се барало Капабланка да не учествува на турнирот, поради тоа што не ги исполнувал критериумите за учество на истиот, односно барем едно освоено трето место на два мајсторски турнири.[17][18] Но сепак, Капабланка учествувал на турнирот, заземајќи го првото место на завршната табела, освојувајќи половина бод повеќе од Рубинштајн и Видмар, а неговата победа против Бернштајн во првиот круг ја добила наградата за најдобра партија на турнирот. Тоа му овозможило да го предизвика светскиот првак Ласкер на меч за светски првак, а местото на одржување било предложено да биде Хавана. Но, мечот не се одиграл, бидејќи и двете страни поставиле услови кои се покажале како неприфатливи за другата страна,[19], а кога Капабланка еден од поставените услови на Ласкер го оценил како „очигледно неправеден“ (obviously unfair), Ласкер пред јавноста побарал извинување.[20][21] Ова било само почеток на конфликт, кој траел сè до турнирот во Санкт Петербург во 1914 година.[20]
a | b | c | d | e | f | g | h | ||
8 | 8 | ||||||||
7 | 7 | ||||||||
6 | 6 | ||||||||
5 | 5 | ||||||||
4 | 4 | ||||||||
3 | 3 | ||||||||
2 | 2 | ||||||||
1 | 1 | ||||||||
a | b | c | d | e | f | g | h |
Во 1913 година, Капабланка учествувал на четири турнири, на кои трипати го зазел првото место (еднаш во Њујорк и двапати во Хавана). Во септември истата година, добил дипломатска функција во инистерството за надворешни работи на Куба, како вонреден и ополномоштен амбасадор на Владата на Куба во светот, која му овозможила да се вмеша во дипломатските мисии и патувања на турнирите.[22][23] На оваа функција останал до крајот на својот живот.[24] Откако бил назначен во кубанскиот конзулат во Санкт Петербург, Капабланка на пат кон Русија, направил турнеја низ европските метрополи, играјќи симултанка и ревијални партии. Меѓу противниците против кои играл биле и Рети, Тартаковер, Алехин, Бернштајн и други силни мајстори. Притоа, во ревијалните партии, Капабланка добил 19, ремизирал во 4 и загубил само една, против Аурбах[25][26] За време на неговиот престој во Русија, добил по две партии против Дуз-Хотимирски и Алехин и разменил победи против Зноско-Боровски[27], а играл во Москва, Киев, Рига, Лиепаја и други места. Пролетта 1914, учествувал на многу силниот меѓународен турнир во Санкт Петербург. Во воведниот турнир, убедливо го зазел првото место, со дури еден и пол бод повеќе од Ласкер и Тараш. На завршниот турнир, кој се одиграл во Бергеров систем, со по две партии, учествувале повеќе силни шахисти. Капабланка загубил против Ласкер и Тараш и на конечната табела го зазел второто место, со половина бод помалку од Ласкер[г]. Третото место го зазел Алехин, кој имал дури 3 бода помалку од Капабланка. Пред враќањето од Европа во Куба, Капабланка го победил Ласкер во меч во брзопотезен шах од 10 парии, одигран во Берлин, со резултат 6½-3½.[28]
За време на Првата светска војна, Капабланка живеел во Њујорк, каде убедливво победил на три турнири. Во 1915 година, од четиринаест партии на турнирот, одиграл две партии, кои завршиле реми, против второпласираниот Маршал, кој освоил бод помалку од Кубанецот. Во 1916 година, Капабланка учествувал на турнир, кој бил организиран на ист начин како и турнирот во Санкт Петербург во 1914, односно со кумулативни резултати во завршниот турнир за петте најдобри шахисти од воведниот. Капабланка победил убедливо на турнирот, оставајќи ги: Јановски на три бода зад себе, иако загубил против Хајес. Третиот турнир го одиграл во 1918 година, на кој победил со бод и пол пред Костиќ. На турнирот, одиграл одлична партија против Маршал, која вистински ја отсликувала интуицијата на кубанскиот шахист. Маршал одиграл домашно подготвена варијанта, на која работел девет години, но Капабланка навлегол во суштината на позицијата и го надиграл силниот противник. Варијантата, која Маршал ја одиграл во партијата била во Шпанска партија и во негова чест, денес е позната како Маршалов напад, кој сè уште ужива честа примена во велемајсторските партии.
По њујоршкиот турнир, Капабланка бил предизвикан на меч од страна на Бора Костиќ. Дотогаш, Костиќ одиграл четири партии без победник против Капабланка, и тоа две на последниот турнир,[29] иако Капабланка во сите партии бил јасен фаворит. Мечот се одиграл во Хавана во март и април 1919 година, а победник бил оној кој прв ќе добиел осум партии.[28] Мечот започнал со пет победи на Капабланка по ред, по што Костиќ признал дека е победен и го предал мечот. Истата година, Капабланка победил на турнирот во Хејстингс, победа која ја посветил на сојузничките сили во Првата светска војна.[30] Од единаесет партии загубил само половина бод, играјќи реми само против второпласнираниот Костиќ.
Освојувањето на титулата светски првак
[уреди | уреди извор]Капабланка со Ласкер се соочил уште во 1911 година, по победата во Сан Себастијан. Во јануари 1920 година во Хавана, со посредништво на управата на шаховскиот сојуз на Холандија, конечно била потпишана согласност за одржување на меч за светски првак.[31][32] Во јуни истата година, Ласкер, не сакајќи да игра во мечот, соопштил дека се откажува од титулата светски првак и истата му ја предава на Капабланка. Според зборовите на Ласкер, Капабланка ја освоил титулата „не со формален меч, туку со своето очигледно мајсторство“.[31][33] Подоцна, во Хавана се појавила подготвеност да се обезбедат 20.000 американски долари за организирање на мечот, а јавноста настојувала да објасни дека светскиот првак не може да ја добие титулата без игра. Мечот се одиграл во Хавана во 1921 година. Било договорено мечот да се игра во 24 партии, при што Ласкер се откажал да ја поврати титулата, па уште на почетокот на мечот, обете страни како светски првак го сметале Капабланка.[34] Претходно, Ласкер изјавил дека и во случај на победа во мечот, ќе се откаже од титулата во полза на помладите мајстори, кои само меѓу себе треба да го одредат најдобриот.[31][35] Сепак, јавноста и шаховскиот свет главно не го признавале одрекувањето на Ласкер, така што се смета дека Капабланка станал светски првак, поради тоа што победил во мечот.[19]
Вадим Панов во своето дело „Капабланка“, мечот го опишал со следните зборови:
... Ласкер не нашол пукнатини, какви што очекувал, во шаховскиот оклоп на Кубанецот и по отворањето, во најдобар случај имал еднаква позиција. И кога Ласкер се обидел со ризик да го збрка Капабланка, овој не подлегнал на примамливите, но спорни продолженија и бил задоволен со сочувувањето на незначителната предност, која со точност и немилост, потег по потег ја претворил во победа.
—Панов В. Н., Капабланка, стр. 55
Поразот на Ласкер, освен причините произлезени од карактерот на играта, се објаснува и со нешаховски фактори. Капабланка бил дваесет години помлад и имал несомнено предност поради топлата хаванска тропска клима. Освен тоа, согласноста на Ласкер да игра меч, често се објаснува со тоа што нему му биле потребни пари, поради потрошокот на своите заштедите како резултат на војната.[36] Во книгата „Мојот меч против Капабланка“, самиот Ласкер постојано пишува за тоа колку тешко ја поднесувал климата во Хавана.[34]
Во тој период, Капабланка бил на врвот на својата шаховска моќ, а Ласкер мечот не го одиграл на свое ниво. Кубанецот ги добил петтата, десеттата, единаесеттата и четиринаесеттата партија. По четиринаесеттата партија, која Ласкер ја загубил поради голема грешка со само еден потег,[37] при резултат +4−0=10 во корист на Капабланка, Ласкер го предал мечот. Во официјалното повлекување, Ласкер не навел причина зошто би го продолжил мечот.[34]
Истата 1921 година, непосредно по мечот, Капабланка се оженил со сонародничката, Глорија Симона Бетанкур од Камагуеја. Од овој брак, имал две деца (родени во 1923 и 1925 година).
Светски првак
[уреди | уреди извор]На почетокот на 1922 година, Капабланка бил на турнеја низ САД, каде што учествувал на турнири, играјќи симултанка. Во Кливленд играл на 103 табли, со што поставил светски рекорд. Притоа, Капабланка добил 102 партии и одиграл само едно реми.[38] Својата супериорност во однос на современиците ја докажал истата година, со победата на турнирот во Лондон, турнир на кој учествувале речиси сите силни шахисти во светот во тоа време, освен Ласкер. Кубанецот не загубил ниту една партија и победил со бод и пол пред Алехин. Во периодот од 1923 до 1927 година, Капабланка учествувал само на четири турнири. На меѓународниот турнир во Њујорк во 1924 година го зазел второто место, освојувајќи половина бод пкмалку од победникот, Ласкер, но победувајќи го во меѓусебната партија. Пред почетокот на турнирот, Капабланка бил болен од грип и партиите во првите кругови не ги играл со целата воја сила.[39][40] Во петтиот круг, Капабланка загубил против Рети, што бил негов единствен пораз на турнирот, но и прв во официјална партија по период од осум години.[д][40]
Во 1925 година светскиот првак завршил трет на првиот московски меѓународен турнир. На турнирот учествувале единаесет советски и дест странски шахисти, меѓу кои и Капабланка и Ласкер. Во првите неколку партии, Капабланка одиграл неколку партии, кои завршиле без победник, а во седмиот круг, во партијата против Илин-Женевски ја испуштил првата победа, а во подоцнежниот тек на партијата повторно згрешил, испуштајќи и реми.[41] Во следниот круг, загубил и против Верлински. Еден ден преттоа, Капабланка заминал во Ленинград, каде што иако заморен одиграл симултанка. Интересно е тоа што од партиите кои ги одиграл симултано, загубил против тогаш четиринаесетгодишниот иден светски првак Михаил Ботвиник[42][43] Остатокот од турнирот, светскиот првак го одиграл многу силно, а во деветнаесеттиот круг го победил и победникот на турнирот, Богоњубов, во партија во којашто жртвувал фигура уште во отворањето. Втората победа на Капабланка против Зубарев ја добила наградата за најубава партија на турнирот.[44] Во време на престојот во Москва, Капабланка водел преговори и со комесаријатот за внатрешна трговија и одиграл симултанка против службениците, вработени во институцијата, меѓу кои биле и Ворошилов, Кујбишев и Криленко[24], а се појавил и во улогата на самиот себе во епизода од филмот „Шаховска треска“ на Пудовкин.
Во 1926 година, Капабланка победил на мал турнир во американскиот град, Лејк Хопатконг, кој се играл во Бергеров систем со по две партии. Во февруари и март идната година, се одржал турнир во Њујорк, кој Еве и Принс го нарекле „првата висока точка на патот на животот“ на Капабланка.[45] Освен Кубанецот, на турнирот кој се одиграл со по четири партии против секој противник, од силните шахисти учествувале: Алехин, Нимцович, Видмар, Шпилман и Маршал. На турнирот не бил повикан Ласкер, а Богољубов се откажал од учеството, бидејќи побарал дополнителен хонорар кој не му бил одобрен. Отсуството на овие двајца шахисти го намалиле статусот на турнирот.[45][46] На турнирот, Капабланка извојувал уверлива победа, победувајќи ги сите учесници во меѓусебните партии и оставајќи го вторполасираниот Алехин на 2½ бодови зад себе. Но, на овој турнир, забележливо било тоа што во играта на првакот се истакнувал „нов прагматизам“. Имено, Кубанецот ја штедел својата моќ, не играјќи на победа во секоја партија и играјќи при крајот на турнирот, кога веќе сè било јасно, неколку „велемајсторски партии со исход реми“[47].
Уште на турнирот во Лондон во 1922 година, по настојување на Капбланка бил потпишан „Лондонскиот протокол“ (London Rules), со кој биле поставени условите за одржување на мечот за светски првак. Во согласност со протоколот, мечот требало да се игра до 6 добиени партии, без партиите кои завршиле реми да се земат предвид, а предизвикувачот бил обврзан да го обезбеди наградниот фонд на мечот, кој не можел да биде помал од 10.000 $, од кои 20% биле наменети за победникот, а остатокот од сумата требало да се подели меѓу победникот и поразениот во однос 60:40. Исто така, новиот првак бил должен да ја брани титулата, почитувајќи ги истите услови.[48] Протоколот го потпишале: Рубинштајн, Богољубов, Рети, Мароци, Видмар и Тартаковер. Шаховскиот протокол бил воведен, но ефектите биле двострани. Од една страна, тоа бил првпат кога светскиот првак потпишувал документ, не давајќи му можност да се повлече од мечот со какво било оправдување пред предизвикувачот, но од друга страна, Капабланка бил обвинуван дека се „криел зад златната стрела“, поставувајќи финансиски услови, кои се практично несовладливи за мнозинството реални кандидати за титулата светски првак. Наградниот фонд од 10.000 долари,[ѓ] кој во тоа време претставувал доход на едно просечно американско семејство за период од шест до осум години, никој од силните шахисти во светот не бил во можност да го плати, така што за да го предизвика Капабланка на меч за светски првак, бил должен да обезбеди богат спонзор.[49] Рубинштајн, кој истата година победил на подготвителниот турнир во Виена, го предизвикал Капабланка на меч, но не бил во можност да собере доволно средства.[50]
Губење на титулата
[уреди | уреди извор]Од сите кандидати за светски првак, само Александар Алехин успеал да собере пари за обезбедување на наградниот фонд и да го предизвика Капабланка на одигрување меч за светски првак, кој се одиграл во 1927 година во Буенос Аирес. За фаворит, безусловно се сметал Капабланка, чиишто турнирски успеси изгледале поимпресивно во однос на фактот што Алехин дотогаш ниту еднаш не успеал да го победи Капабланка во турнирска партија.[51][52]
Мечот се одиграл според условите поставени со Лондонскиот протокол и траел два и пол мееци, период во кој биле одиграни вкупно 34 партии. Алехин, против очекувањата на многу предвидувачи ја добил првата партија. Капабланка изедначил со победата во третата, а се стекнал со предност по победата во седмата. Како возврат на тоа, Алехин победил во единаесеттата и дванаесеттата партија, враќајќи го водството и притоа не испуштајќи го до крајот на мечот. Конечниот исход од мечот бил +6−3=25 во полза на предизвикувачот.
Како една од основните причини за поразот, многумина ја нагласуваат небрежноста на Капабланка во подготовките за мечот. Тој никогаш не го проучувал стилот на игра на противникот, не ги изучувал отворањата, па мечот за светски првак не бил исклучок, за разлика од Алехин кој темелно се подготвувал за мечот, што било забележливо во партиите.[53][54]
Подоцнежна кариера
[уреди | уреди извор]a | b | c | d | e | f | g | h | ||
8 | 8 | ||||||||
7 | 7 | ||||||||
6 | 6 | ||||||||
5 | 5 | ||||||||
4 | 4 | ||||||||
3 | 3 | ||||||||
2 | 2 | ||||||||
1 | 1 | ||||||||
a | b | c | d | e | f | g | h |
По 1927 година, започнала нова фаза во спортската кариера на Капабланка. Започнал почесто да настапува на турнирите, делумно и за да докаже дека имено тој треба да игра во мечот за светски првак и да ја врати загубената титула против Алехин.[56] Во периодот од 1928 до 1931 година, Капабланка учествувал на 11 турнири, на кои го заземал првото или второто место и одиграл меч против Макс Еве во Холандија во 1931 година, кој го добил остварувајќи резултат +2-0=8. Од одиграните турнири, победил во Берлин (1928), двапати во Будимпешта (1928 и 1929), во Рамсгејт и Барселона (1929), Хејстингс (1929-1930) и Њујорк (1931), а на второто место завршил во Бад-Кисинген (1928), Карлсбад (1929) и Хејстингс (1930/1931). Во тоа време, голем дел од овие победи биле на турнири на кои не учествувале голем број на силни шахисти. Исклучок бил турнирот во Берлин, кој се играл во Бергеров систем со по две партии и на кој Капабланка останал непоразен, победувајќи со бод и пол повеќе од Нимцович и за прв и единствен пат победувајќи го Рубинштајн. Во Бад-Кисинген, Кубанецот завршил на еден бод зад Богољубов, но неговата победа во меѓусебната партија, во која го надиграл противникот во завршницата, привлекла повеќе вниание.[57] На големиот турнир во Карлсбад, Капабланка бил на делба на првото место заедно со Шпилман, сè до шест круга до крајот. Но, во завршните кругови на турнирот, двапати бил поразен, притоа губејќи против Земиш со катастрофална грешка во деветтиот потег. На турнирот победил Нимцович.[58] Периодот по поразот од Алехин бил период на пад во играта на Капабланка, при што тој покрај одличните партии, започнал да прави големи и несфатливи грешки за шахист на негово ниво.[53][59][60]
По победата во мечот, Алехин изјавил дека е подготвен да игра реванш-меч според правилата во согласност со Лондонскиот протокол.[61][62] На почетокот на 1928 година, Капабланка најпрвин на Алехин, а потоа и на претседателот на ФИДЕ, Александар Реб, му предложил измени на „Лондонскиот протокол“. Основна измена требала да биде ограничувањето на бројот на партии во мечот до 16. Според тоа, победник во мечот би бил оној кој прв би сотварел шест победи, а доколку по шеснаесет партии, никој не го остварил тоа, победник би бил оној кој освоил најмногу бодови. Без ограничување на бројот на партии, според мислењето на Капабланка, мечот се сведува во натпревар на издржливост.[63][64] Сепак, предлогот на Капбланка не бил прифатен. Во 1929 година, Алехин убедливо победил во мечот за светски првак против Богољубов. Постојаното настојување, Капабланка да обезбеди реванш-меч против Алехин довело до влошување на односите меѓу поранешниот и тогашниот светски првак. До турнирот во Нотингем во 1936 година, не одиграле меѓусебна партија.
Иако Алехин, дури и се откажал да игра по изменетата формула против Капабланка, неговиот меч проитв Богољубов, сè уште бил ограничен на триесетина партии. Идните мечеви за светски првак, во најголем дел се играле со ограничување на вкупниот број на партии, иако ограничување до бројот кој го предлагал Капабланка или помалку беше направено дури во 2006 година, во мечот меѓу Крамник и Топалов. Правилата на овој, како и на мечевите во 2008 и 2010 се состоеле од 12 партии со класична контрола на вреето и неколку дополнителни партии во брзопотезен шах, во случај мечот да заврши без победник.
Од 1932 до крајот на 1934 година, Капабланка не бил активен, играјќи само партии без натпреварувачко значење во шаховскиот клуб во Менхетен. По враќањето, поранешниот светски првак го зазел четвртото место на турнирот во Хејстингс (1934-1935), на кој од девет партии загубил во две. На московскиот меѓународен турнир во 1935 година, Капабланка исто така завршил на четвртото место, бод зад Ботвиник и Флор и половина бод зад 66-годишниот Ласкер, кој го зазел третото место, што за таква возраст на еден таков турнир било обележано како „биолошко чудо“.[65] На турнирот, Ласкер за втор и последен пат го победил Капабланка во меѓусебните партии на еден турнир.[66][67] По околу еден и пол месец, Капабланка го зазел второто место на турнир во Маргејт, а следната година, на истиот турнир, го повторил истиот резултат.
Во 1936 година, Капабланка одново имал големи успеси. На почетокот на годината, победил на третиот меѓународен московски турнир, на кој учествувале десет шахисти и секој одиграл по две партии против секого. Капабланка не загубил ниту една партија и победил со бод предност пред Ботвиник. Третопласираниот Флор заостанувал дури 3½ бодови. Како клуч за победата на Капабланка се смета неговата партија против Ботвиник во седмиот круг, во која советскиот шахист имал предност, но по неколку грешки не успеал да обезбеди ниту реми.[68][69] Потоа, Кубанецот завршил на делба на првото место со Ботвиник на турнирот во Нотингем, пред Еве, Ласкер и Алехин. На овој турнир, Капабланка за првпат играл против Алехин, откако овој ја загубил титулата светски првак од Еве во 1935 година. Неговата победа против Алехин се покажала како многу важна.[70] Турнирите во Москва и Нотингем, исто така бил единствените турнири на кои Капабланка зазел повисоко место од Ласкер.[71]. Во 1934 година, Капабанка се запознал со Олга Чагодаева, а во 1938 година се оженил со неа. Уште од средината на 1930-тите, Олга постојано патувала со него на натпреварите, иако со шах никогаш не се занимавала. По заклучувањето на разводот со првата жена, нејзините влијателни роднини успеале да дејствуваат Капабланка да ја загуби функцијата на аташе по комерцијални работи при амбасадата на Куба во Њујорк.[10]
Последни години
[уреди | уреди извор]На крајот од 1930-тите, Капабланка учествувал на неколку турнири. На турнирот кој се одржал во австриските градови Земеринг и Баден во септември 1937 година, завршил на делба на третото место, заедно со Решевски, освојувајќи бод и пол помалку од победникот на турнирот, Керес. Од вкупно 14 одиграни партии, добил 2, загубил една (од Елисказес) и одиграл 11 партии со исход реми. Овој турнир е карактеристичен и по тоа што Капабланка правел многу грешки во однос на неговиот вообичаен стил на игра, кои неколкупати го лишиле од валоризирање на одлична позиција или позиција со пешак предност.[72] Притоа, Капабланка не ги губел надежите за враќање на титулата светски првак, изразувајќи желба да го предизвика победникот од реванш-мечот меѓу Алехин и Еве, којшто требало да се одигра на крајот од годината.[73] Идната година, победил на турнир во Париз, на кој настапиле значително послаби шахисти.
Најголемата несреќа во кариерата на Капабланка станал турнирот АВРО во 1938 година. Турнирот се одиграл во Бергеров систем, при што секој одиграл по две партии против секого, а Капабланка го зазел претпоследното место, за првпат во својата кариера освојувајќи помалку од половина од вкупниот број на можни бодови.[73] Овој негов разочарувачки настап, често се објаснува со тешките услови, кои им давале предност на младите и подобро физички подготвените шахисти. Како друга причина се наведува и влошувањето на здравјето на Кубанецот, кој започнал да страда од артеријална хипертензија.[74] Според сведоштвото на Олга Чагодаева, за време на турнирот, Капабланка преживеал инфаркт.[75] Но и покрај тоа, Капабланка продолжил да игра и да им се спротивставува на останатите учесници на турнирот.[72]
Во 1939 година, Капабланка завршил на делба на второто место на турнирот во Маргејт, заедно со Флор, заостанувајќи бод зад Керес. Истата година, ја предводел репрезентацијата на Куба на шаховската олимпијада во Буенос Аирес. Капабланка не загубил ниту една партија и остварил најдобар резултат, играјќи на прва табла.[76] Репрезентацијата на Куба обезбедила учество во завршницата, но таму зазела место во долниот дел од табелата. За репрезентацијата на Франција играл Алехин, а за Естонија Керес, но ниту едниот ниту другиот не успеале да го победат. Впрочем, кога Куба играла против Франција, Капабланка го пропуштил мечот.[77]
На олимпијадата во Буенос Аирес, Капабланка достигнал одлична форма и повторно го предизвикал Алехин на реванш-меч во Аргентина. Дообил поддршка и од претседателот на Аргентинската шаховска федерација, Карлос Керенсио. Алехин се откажал, со опревдување дека е должен да ѝ се приклучи на француската армија, која се подготвувала за Втората светска војна, која започнала за време на одржувањето на олимпијадата.[78] Во 1941 година, Алехин бил подготвен да отпатува во Куба и Капабланка ја замолил кубанската влада да го финансираат мечот и патот на Алехин до Куба, но неговата молба била одбиена. Порано, во 1938 година, владата му ветила на Капабланка заем за организација на мечот, но за тоа не му биле доделени парите. Капабланка немал сопствени средства и бил принуден да се откаже од идејата за организирање на мечот, по што се вратил во Њујорк, каде што продолжил да работи во кубанскиот конзулат.[78]
Смрт и погреб
[уреди | уреди извор]Уште на крајот на 1930-тите години, генетските предиспозиции на склоност кон васкуларните болести, започнале да се пројавуваат во животот на Капаланка. Здравјето на поранешниот светски првак се влошило и нему сè потешко му било да вложува поголем напор. На 7 март 1942 година, ден сабота, кога Капабланка се распрашувал за игра во менхетенскиот шаховски клуб, одеднаш му се слошило и ја изгубил свеста. Бил пренесен во болницата „Маунт Синај“. Идната вечер починал. Како причина за смртта била наведена крвоизлевање во мозокот, познато како артеријална хипертензија.[79] Во истата болница, нешто повеќе од една година пред тоа, на 11 јануари 1941 година починал Емануел Ласкер.
Два дена, телото на Капабланка се наоѓало во Њујорк, каде од Вашингтон пристигнале кубански дипломати да му оддадат почит, по што телото било пренесено во Хавана. Комеморативната седница се одржала во Капитолиј, а во неа земале учество високите државни чиновници, а илјадници лица го оплакувале на гробиштата Колон, каде што бил погребан.[79] Претседателот, Батиста, лично учествувал во организација на церемонијата.[10]
Личен живот
[уреди | уреди извор]Капабланка бил многу познат и популарен низ целиот свет, благодарение на што за него останале бројни спомени. Многу од тие спомени потсетуваат на него како исклучително воспитан, учтив, многу пријатен и отворен во општењето со другите луѓе. Дури и со противниците, тој секогаш бил добронамерен. Пристојно се облекувал, во секоја прилика се однесувал спокојно и непринудно, при што не му пречело вниманието на публиката.[24] Капабланка бил заинтересиран за театар, музика, балет, визуелни уметности, а се занимавал и со играње тенис. По неочекувано брзо добиената партија против Бернштајн (дијаграмот погоре, извикал:
„ | Ова е добро! Имам време да стигнам за балетот![80] | “ |
Освен шпанскиот како мајчин јазик, одлично зборувал и англиски, француски и германски.[24]
Благодарение на стекнатата слава, но и образованието и елегантноста во општењето, Капабланка имал успех и меѓу жените.[24] Во 1921 година, се оженил со Кубанката Глорија Симона Бетанкур, која била пет години помлада од него (родена на 19 април 1893 година). Глорија му родила две деца: синот, Хосе Раул (роден на 2 јануари 1923 година), и ќерката, Глорија (родена на 23 јуни 1925 година). Капабланка ги сакал своите деца и бил совесен татко. Пред да отпатува на московскиот турнир во 1925 година, во случај да не се врати напишал писмо во кое ги навел најглавните принципи кон кои според него, неговиот син би требало да се придржува во животот и на тој начин насочувајќи го да стане правник.[81]
Првиот брак де факто се распаднал по неколку години. Капабланка многу патувал и имал односи со други жени. Глорија, исто така имала љубовник.[82] Во 1934 година, се запознал со Олга Чагодаева (родена Чубарова[23]), чијшто прв маж бил офицер во Белата гарда. Според една верзија, средбата се случила на забава организирана од страна на заеднички пријател, а според друга на прием во кубанскиот конзулат.[23] Иако, Капабланка сè уште бил во брак со Глорија, двојката започнала да живее заедно. Олга, започнала да го придружува на турнирите на кои учествувал. По четиригодишниот заеднички живот со Олга, Капабланка се развел и во 1938 година, три седмици пред турнирот АВРО, склучил нов брак.[82]
Олга го надживеала за повеќе од половина век. Починала во 1994 година, на 95-годишна возраст. Таа оставила големи спомени за Капабланка, а пред својата смрт во менхетенскиот шаховски клуб предала некои негови оставени хартии.[23] По смртта на Капабланка, Олга се омажила уште двапати, а нејзиниот последен маж бил адмиралот, Џозеф Кларк, кој учествувал во Втората светска и Корејската војна.
Творештво и оставнина
[уреди | уреди извор]Класичен шах
[уреди | уреди извор]Во играта на Капабланка, забележливи биле точноста, интуицијата, разбирањето на позицијата, брзото пресметување на варијантите, техниката во реализацијата на положбената предност и точната игра во завршницата.[83] Според зборовите на Ласкер:
„неговиот идеал бил да победува преку маневрирање. Генијалноста на Капабланка се пројавува во заземањето на слабите пунктови на противникот. Најмалата слабост е скриена во неговото будно око.“[84]
Впрочем, Роберт Фишер приговарајќи на изјавите дека Капабланка бил најголем мајстор на завршницата, велел дека Капабланка партиите ги решавал во своја корист уште во средишницата, што едноставно противникот не секогаш го разбирал.[85]
На врвот на својата шаховска кариера, Кубанецот се стекнал со репутацијата „шаховска машина со човечки облик“, виртуоз на шаховската техника, кој безгрешно ги искористувал и најмалите позициони погодности. Всушност, според сите рејтинзи, Капабланка спаѓа во групата на најсилни шахисти во историјата. Во книгата на велемајсторот Кин и математичарот Дивински Warriors of the Mind (1989), Капабланка се наоѓа на петтото место.[86] Според создавачот на шаховскиот рејтинг, Арпад Ело, кој во 1978 година составил виртуелна ранг листа, Капабланка бил на првото место со рејтинг од 2725 бода[е].[87] Кога на Фишер и Ананд им било предложено да ја предложат својата десетка на најдобри шахисти, обајцата во неа го вклучиле и Капабланка.[85][88]
Како и современиците, така и шахистите од идните поколенија зборувале и зборуваат за генијалноста на Капабланка, изедначувајќи го со другите силни шахисти. Оваа генијалност се пројавувала со мајсторство и шаховско сетило, односно она што другите шахисти го стекнувале со напорен труд, кај Капабланка било вродено. Речиси не се ни подготвувал за натпреварите, но со својата игра успеал да ги надмине своите современици.[89][90] Според Владимир Крамник, Капабланка бил во шахот, она што бил Моцарт во музиката.[90] Во своето дело „Мајстори на шаховската табла“, Рети прави паралелна споредба меѓу Капабланка и Рубинштајн, кој исто така се сметал за мајстор на положбената игра и завршницата, а бил и предизвикувач на Ласкер за титулата. Рети напишал дека Капабланка може да се изедначи со основачот на јазикот, додека Рубинштајн, кој научил да игра шах на 18 години, со искусен оратор, кој држи говор на странски јазик. Играта на Рубинштајн била подлабока, но се одликувала со груби грешки, додека играта на Капабланка во тоа време била едноставна и природна.[91] Во тоа време, како една од главните причини за поразот од Алехин се наведува самоувереноста и слабата подготовка на Кубанецот, која се темелела исклучително на интуиција и сопственото мајсторство на таблата. Од друга страна, Алехин сериозно се подготвувал за мечот и „видливо“ го проучувал противникот, неговите манири и силните и слаби страни.
Можеби, најдетална критика на стилот на Капабланка дава токму Александар Алехин, кој ги изучувал манирите на игра на противникот пред мечот во рамките на светското првенство во 1927 година. Алехин напишал дека Капабланка игра исклучително внимателно во фазата на отворање, што всушност не му дава ни шанса на противникот да воведе новинка:
„Инстинктот на самозаштита, на којшто му служи рафинираната интуиција на Капабланка, веднаш го сведува на неуспех секој обид за да се добие предност во партијата против него, со примена на ново продолжение... од друга страна, во одделни случаи, тој го користи максимумот на своите сили и секогаш го наоѓа единственото правилно продолжение.“
Сепак, според Алехин, најмногу талентот на Капабланка се пројавувал во средишницата, иако според зборовите на Алехин, во таа фаза од партијата, Кубанецот можел да се откаже токму од способостите, кои му ја создале славата на непобедлив.
Предавања и литературна дејност
[уреди | уреди извор]Кога во периодот од 1917 до 1918 година, Капабланка живеел во Куба, тој му давал приватни часови на девојче, кое пројавувало голем талент.[92] Тоа девојче било Марија Тереза Мора, која подоцна двапати учествувала на светските првенства во женска конкуренција и станала првата жена, меѓународен мајстор, од Латинска Америка.[93] с И самиот Капабланка, подоцна запишал дека при објаснувањето на детето на некои детали од шаховската теорија, му се појавила желба за сериозни проучувања на отворањата, што многу му помогнало и во сопствената подготовка (во тој период, теоријата на отворањата била една од слабите точки на идниот светски првак).[92]
Марија Тереза Мора се покажала како единствениот човек, кому Капабланка му давал лекции, но во својот живот напишал неколку книги, посветени на обучувањето на почетниците, кои се одликуваат со јасност и логични содржини.[94] Една од овие книги е „Учебник на шаховската игра“, којашто Ботвинник ја вброил меѓу најдобрите книги за шахот некогаш напишани.[95] Капабланка го сметал шахот како одлично средство за воспитување и развој на интелигенцијата и сметал дека со изучување на шаховската игра треба да се започне во училиштата, од 10-годишна возраст.
Во 1920 година, Капабланка ја издал автобиографијата, „Мојата шаховска кариера“ (My Chess Career), која започнува со расказ за познанството на авторот со шахот и завршува со турнирот во Хејстингс во 1919 година. Книгата се појавила во момент, кога Капабланка се стремел да ја убеди јавноста за желбата на неговиот меч против Ласкер, па аворот запишал дека сака мечот да се одржи што е можно поскоро.[32] Освен тоа, Капабланка бил критикуван за големите пофалби во сопствена корист, иако Едвард Винтер забележува дека овие пофалби соодветствувале со одредено количество критики.[95]
Проект за реформација на шахот
[уреди | уреди извор]Во втората половина на 1920-тите, Капабланка работел во разработката на нов, подобрен шах. Тој сметал дека поради прогресот на водечките шахисти, во скоро време би можел да се достигне врвот на развојот на теоријата на играта, па поради тоа е неопходно да се изменат правилата, со што ќе се усложни играта и ќе се отфрли значаен дел од теоретските достигнувања во минатото.[96] Објективно, Капабланка имал причина да стравува за опасноста, поради тоа што во тој период бројот на партии кои завршувале реми, брзо растел. Ако во мечевите за светски првак на крајот на XIX и почетокот на XX век, бројот на партии кои завршиле реми скоро не надминувал третина од вкупниот број одиграни партии, во мечот меѓу Капабланка и Ласкер, овој број бил скоро двојно поголем (7/4), а во мечот против Алехин, скоро тројно (25/9).
Биле предложени неколку нови варијанти на шах. Капабланка предлагал да се воведат две нови фигури: канцелар (се движи како топ и коњ) и архиепископа (се дважи како ловец и коњ); да се зголеми борјот на пешаци од 8 на 10 и да се игра на табла со димензии 8×10 или дури 10×10. Втората варијанта, којашто ја предложил содржела зголемување на шаховската табла до димензии 16×12 и зголемување на бројот на стандардни фигури, така што секој шахист партијата би ја започнувал со двапати повеќе стандардни фигури и пешаци, кои се движеле според стандардните правила, освен пешаците кои во својот прв потег би можеле веднаш да се најдат на шестиот ред. Со примена на овие правила, дури бил одигран и меч меѓу Капабланка и Мароци.[97] Подоцна, Капабланка се откажал од идејата за реформација на шахот, откако предвидуваното достигнување на врвот на развојот на шаховската теорија не се случило, а освен тоа и откако по одиграните пробни партии се уверил дека проширувањето на шаховската табла и зголемувањето на бројот на шаховски фигури, значително ја продолжува партијата.
Паметници
[уреди | уреди извор]Од 1962 година, речиси секоја година во Куба се одржува меморијален турнир во чест на Капабланка. Првите осум турнири биле организирани во Хавана, а следните единаесет во Сенфуегос, по што местото на одржување на турнирот често се менувало, сè до 2001 година, откога турнирот повторно се одржува во Хавана. На првиот турнир победил Мигел Најдорф, а најуспешни шахисти на турнирот се Виктор Корчној, Василиј Иванчук, Василиј Смислов и Ентони Мајлс, кои имаат по три победи.[98]
Во 1951 година, во Куба започнала со издавање серија од седум поштенски марки, посветени на триесетгодишнината од победата на Капабланка во мечот за светски првак. Подоцна, Капабланка бил овековечен во многу други кубански марки, а во 1982 година во чест на четириесетгодишнината од неговата смрт започнала со издавање серија со четири марки, додека во 1988 година, по повод сто години од неговото раѓање, била воведена уште една серија. Марки со ликот на Капабланка биле издадени и во Бенин, Гвинеја-Бисао, Камбоџа, Лаос, Мозамбик, Таџикистан, Чад и на Британските Девствени Острови.[99][100] Во СФР Југославија била издавана марка со извадок од партијата меѓу Капабланка и Ласкер од шаховскиот турнир во Њујорк во 1924 година, на која е направена грешка[ж].[99]
Филмови
[уреди | уреди извор]Досега се снимени два филма во коишто се споменува ликот и делото на Капабланка:
- „Шаховска треска“ (1925) — филм од Всеволод Пудовкин, во кој улогата на Капабланка ја глуми самиот Капабланка. Филмот е снимен во 1925, во време на меѓународниот турнир во Москва на кој учествувал и Капабланка, кој се согласил да глуми во филмот.
- „Капабланка“ (1987) — советско-кубански филм, во кој улогата на Капабланка ја глуми Сезар Евора.[101]
Резултати
[уреди | уреди извор]Во табелата во продолжение се наведени резултатите на Капабланка постигнати на шаховските турнири[102][103][104][105][106][107][108][109][110][111], како и во мечевите[102] кои ги одиграл.
Година | Натпреварување | Место | Резултат | Забелешки | |
---|---|---|---|---|---|
1901 | Меч против Хуан Корсо | — | победа со 7—5 или 7—6[б] | +4 −2 =6 или +4 −3 =6[б] | Мечот се играл до четири добиени партии. |
1909 | Меч против Френк Маршал | — | победа со 15—8 | +8 −1 =14 | Мечот се играл до осум победи. |
1910 | Њујорк | 2 | 9½ од 12 | +8 −1 =3 | Победник бил Маршал (10). |
1911 | Сан Себастијан | 1 | 9½ од 14 | +6 −1 =7 | Второто и третото место ги зазеле Рубинштајн и Видмар (по 9), а четврти бил Маршал (8½). Наградата за најубава партија ја добила партијата на Капабланка против Бернштајн. |
1913 | Њујорк | 1 | 11 од 13 | +10 −1 =2 | Второто место го освоил Маршал (10½), трет бил Јафе (9½), а четврти Јановски (9). |
1913 | Хавана | 2 | 10 од 14 | +8 −2 =4 | Победник бил Маршал (10½), а трет Јановски (9). Турнирот бил организиран така што секој одиграл по две партии против секого. |
1913 | Њујорк | 1 | 13 од 13 | +13 −0 =0 | |
1914 | Санкт Петербург | 2 | 13 од 18, во финалето 5 од 8 |
+10 −2 =6 | Победник на турнирот бил Ласкер (13½), трет бил Алехин (10), четврти Тараш (8½), а петти Маршал (8). Турнирот се состоел од подготвителен турнир, на кој учествувале 11 шахисти и завршен турнир за петте најдобри шахисти од подготвителниот, при што остварувањата од двата турнира се собирале. |
1914 | Њујорк | 1 | 11 од 11 | +11 −0 =0 | Втор бил Дурас (8½). |
1915 | Њујорк | 1 | 13 од 14 | +12 −0 =2 | Втор бил Маршал (12). Турнирот бил организиран, така што секој одиграл по две партии против секого. |
1916 | Њујорк | 1 | 14 од 17, 2 од 4 во финалео |
+12 −1 =4 | Втор бил Јановски (11), а вкупно учествувале 14 шахисти. Турнирот бил организиран слично како турнирот во Санкт Петербург со подготвителен и завршен турнир, но со таа разлика што на овој турнир секој одиграл по една партија против секого, за разлика од петербуршкиот каде што секој одиграл по две. |
1918 | Њујорк | 1 | 10½ од 12 | +9 −0 =3 | Втор бил Костиќ (9), трет Маршал (7). Турнирот бил организиран, така што секој одиграл по две партии против секого. |
1919 | Меч против Борислав Костиќ | — | победа со 5—0 | +5 −0 =0 | Мечот се играл до осум победи, а Костиќ го предал мечот, откако загубил во првите пет. |
1919 | Хастингс | 1 | 10½ од 11 | +10 −0 =1 | Втор бил Костиќ (9½), трет и четврти биле Томас и Ејтс. |
1921 | Меч за светски првак против Емануел Ласкер | — | победа со 11—7 | +4 −0 =14 | Требало да се одиграат вкупно 24 партии, но по 14 Ласкер го предал мечот. |
1922 | Лондон | 1 | 13 од 15 | +11 −0 =4 | Втор бил Алехин (11½), трет Видмар (11), четврти Рубинштајн (10½), а петти Богољубов (9). |
1924 | Њујорк | 2 | 14½ од 20 | +10 −1 =9 | Прв бил Ласкер (16), трет Алехин (12), четврти Маршал (11), а петти Рети (10½). Турнирот бил организиран така што секој одиграл по две партии против секого. |
1925 | Москва | 3 | 13½ од 20 | +9 −2 =9 | Прв бил Богољубов(15½), втор Ласкер (14), а четврти Маршал (12½). |
1926 | Лејк Хопатконг | 1 | 6 од 8 | +4 −0 =4 | Други резултати: Куппчик 5, Мароци 4½, Маршал 3, Ед. Ласкер 1½. Турнирот бил организиран така што секој одиграл по две партии против секого. |
1927 | Њујорк | 1 | 14 од 20 | +8 −0 =12 | Други резултати: Алехин 11½, Нимцович 10½, Видмар 10, Шпилман 8, Маршал 6. Турнирот бил организиран така што секој одиграл по четири партии против секого. |
1927 | Меч за светски првак против Александар Алехин | — | пораз со 15½—18½ | +3 −6 =25 | Мечот се играл до шест добиени партии. |
1928 | Бад Кисинген | 2 | 7 од 11 | +4 −1 =6 | Прв бил Богољубов (8), трет и чевртти Еве и Рубинштајн (6½). |
1928 | Будимпешта | 1 | 7 од 9 | +5 −0 =4 | Втор бил Маршал (6), трет и четврти Кмох и Шпилман (5). |
1928 | Берлин | 1 | 8½ од 12 | +5 −0 =7 | Втор бил Нимцович (7), трет Шпилман (6½). Турнирот бил организиран, така што секој одиграл по четири партии против секого. |
1929 | Рамсгејт | 1 | 5½ од 7 | +4 −0 =3 | На второто и третото место завршиле Менчик и Рубинштајн (5). |
1929 | Карлсбад | 2—3 | 14½ од 21 | +10 −2 =9 | Победник на турнирот бил Нимцович (15), а Капабланка го поделил второто место со Шпилман, додека Рубинштајн завршил како четврти (13½). |
1929 | Будимпешта | 1 | 10½ од 13 | +8 −0 =5 | Втор бил Рубинштајн (9½). |
1929 | Барселона | 1 | 13½ од 14 | +13 −0 =1 | Како втор турнирот го завршил Тартаковер (11½). |
1929—30 | Хастингс | 1 | 6½ од 9 | +4 −0 =5 | 2-е место Видмар (6½). |
1930—31 | Хастингс | 2 | 6½ од 9 | +5 −1 =3 | 1-е место Эйве (7). |
1931 | Њујорк | 1 | 10 од 11 | +9 −0 =2 | Како втор турнирот го завршил Кеждан (8½). |
1932 | Меч против Макс Еве | — | победа со 6—4 | +2 −0 =8 | |
1934—35 | Гастингс | 4 | 5½ од 9 | +4 −2 =3 | На делба на првото место биле Томас, Еве и Флор (6½). |
1935 | Маргејт | 2 | 7 од 9 | +6 −1 =2 | Победник на турнирот бил Решевски (7½). |
1935 | Москва | 4 | 12 од 19 | +7 −2 =10 | На делба ан првото место турнирот го завршиле Ботвиник и Флор (13), а трет бил Ласкер (12½). |
1936 | Москва | 1 | 13 од 18 | +8 −0 =10 | Втор бил Ботвиник (12), трет Флор (9½), а четврти Лилиентал (9). |
1936 | Маргејт | 2 | 7 од 9 | +5 −0 =4 | Победник на турнирот бил Флор (7½). |
1936 | Нотингем | 1—2 | 10 од 14 | +7 −1 =6 | Капабланка го поделил првото место со Ботвиник, а на делба на третото место завршиле Еве, Фајн и Решевски (9½), додека шести бил Алехин (9). |
1937 | Земеринг | 3—4 | 7½ од 14 | +2 −1 =11 | Прв бил Керес (9), втор Фајн (8), а Капабланка го поделил третото место со Решевски. |
1938 | Париз | 1 | 8 из 10 | +6 −0 =4 | Второто место го зазел Росолимо (7½). Турнирот бил организиран, така што секој одиграл по четири партии против секого. |
1938 | Турнир АВРО, одржан во дест градови во Холандија | 7 | 6 од 14 | +2 −4 =8 | Капабланак го зазел претпоследното место во конкуренција на осум учесници. Турнирот бил организиран, така што секој одиграл по четири партии против секого. |
1939 | Маргејт | 2—3 | 6½ од 9 | +4 −0 =5 | Прв бил Керес (7½), а Капабланка го поделил второто место со Флор. |
1939 | 8. шаховска олимпијада | — | 11½ од 16 | +7 −0 =9 | Репрезентацијата на Куба го зазела 11. место во конкуренција на 16 репрезентации во завршниот турнир, а Капабланка ја добил наградата за најдобар резултат на прва табла. |
Белешки
[уреди | уреди извор]- а Куба стекнала независност од Шпанија по војната за независност десетина години подоцна.
- б Во различни извори се наведува различен број за бројот на победи (две или три) на Корзо во овој меч. Тоа се објаснува со фактот дека по мечот, односно по четвртата победа на Капабланка, противниците се договориле да играат до следната победа на еден од противниците, што нема да влијае на конечниот исход од мечот. Прв до оваа победа стигнал Корзо.[112]
- в На турнирот, победил Хуан Корзо, кој ги добил обете партии против Капабланка.
- г Конечниот резултат бил пресметан како збир на бројот на освоени бодови на воведниот и завршниот турнир.
- д Последната партија којашто ја загубил била против Оскар Чајес во 1916 година.
- ѓ Всушност, предизвикувачот бил должен да плати еден и пол пати повеќе, вклучувајќи ги и организациските расходи.[113]
- е Рејтингот се пресметувал врз основа на најдобрите пет години на настап на шахистот.
- ж Грешката се состои во тоа што црниот ловец е поставен на погрешно поле.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Edward Winter. Chess Records
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Capablanca, José Raúl. (1966). My Chess Career (PDF). NY: Dover Publications. стр. 4-194. ISBN 0486215482. Архивирано од изворникот (PDF) на 2009-12-29. Посетено на 2010-06-08.
- ↑ Х. Р. Капабланка (октомври 1916). „How I Learned to Play Chess“ (Munsey’s Magazine. изд.). стр. 94—96.
- ↑ М. Эйве и Л. Принс, Баловень Каиссы, стр. 11
- ↑ Ramon Iglesias vs Jose Raul Capablanca 1893
- ↑ Панов В. Н. Капабланка Архивирано на 24 октомври 2020 г., стр. 10
- ↑ Capablanca, José Raúl. (1966). My Chess Career (PDF). NY: Dover Publications. стр. 6-194. ISBN 0486215482. Архивирано од изворникот (PDF) на 2009-12-29. Посетено на 2010-06-08.
- ↑ 8,0 8,1 David Hooper, Dale A. Brandreth, The Unknown Capablanca, стр. 116
- ↑ David Hooper, Dale A. Brandreth. The Unknown Capablanca, стр. 117
- ↑ 10,0 10,1 10,2 „Jose Capablanca (1888—1942) by Bill Wall“. Архивирано од изворникот на 2009-08-03. Посетено на 2010-06-08.
- ↑ 11,0 11,1 Quentin Reynolds. (2 март 1935). „One Man's Mind“. Collier's. Архивирано од изворникот на 2000-01-18. Посетено на 2009-06-02.
- ↑ Capablanca, José Raúl. (1966). My Chess Career (PDF). NY: Dover Publications. стр. 14-194. ISBN 0486215482. Архивирано од изворникот (PDF) на 2009-12-29. Посетено на 2010-06-08.
- ↑ Панов В. Н., Капабланка Архивирано на 11 мај 2009 г., стр. 16
- ↑ М. Эйве, Л. Принс, Баловень Каиссы, стр. 14.
- ↑ М. Эйве, Л. Принс, Баловень Каиссы, стр. 19
- ↑ Панов В. Н., Капабланка[мртва врска], стр. 23
- ↑ Панов В. Н., Капабланка[мртва врска], стр. 24.
- ↑ Du Mont, J. (1959). Golombek, H. (уред.). Capablanca's Hundred Best Games of Chess. Memoir of Capablanca. G. Bell & Sons. стр. 1–18.
- ↑ 19,0 19,1 Lasker vs Capablanca 1921
- ↑ 20,0 20,1 М. Эйве, Л. Принс, Баловень Каиссы, стр. 23.
- ↑ Едвард Винтер (1922). „Capablanca's Reply to Lasker“ (British Chess Magazine. изд.). стр. 376—380.
- ↑ Bill Wall (8 јули 2007). „Not Only Chess“. chess.com. Посетено на 7 јуни 2009.
- ↑ 23,0 23,1 23,2 23,3 Olga Choubaroff Clark
- ↑ 24,0 24,1 24,2 24,3 24,4 Александр Сизоненко (23 март 2000). „Одновременная игра. Капабланка как дипломат“. Независимая газета. Посетено на 7 јуни 2009.
- ↑ David Hooper, Dale A. Brandreth, The Unknown Capablanca. P. 1.
- ↑ Arnold Aurbach vs Jose Raul Capablanca, Paris (1913)
- ↑ Capablanca, José Raúl (1966). My Chess Career (PDF). NY: Dover Publications. стр. 89-194. ISBN 0486215482. Архивирано од изворникот (PDF) на 2009-12-29. Посетено на 2010-06-08.
- ↑ 28,0 28,1 М. Эйве, Л. Принс, Баловень Каиссы, стр. 57
- ↑ Панов В. Н., Капабланка[мртва врска], стр. 50
- ↑ Capablanca, José Raúl (1966). My Chess Career (PDF). NY: Dover Publications. стр. 177—178-194. ISBN 0486215482. Архивирано од изворникот (PDF) на 2009-12-29. Посетено на 2010-06-08.
- ↑ 31,0 31,1 31,2 Edward Winter, How Capablanca Became World Champion, 2004
- ↑ 32,0 32,1 Панов В. Н., Капабланка[мртва врска], стр. 51
- ↑ „Says Capablanca Has Earned Title; Lasker Bases Yielding of Chess Crown Without Play on Rules Drawn for Match“. New York Times. 27 јуни 1920. Посетено на 1 јуни 2009.
- ↑ 34,0 34,1 34,2 Ласкер, Эмануил (1925). Мой матч с Капабланкой (2-е изд. изд.). Л.: Наука и школа. стр. 63. Архивирано од изворникот на 2005-03-16. Посетено на 2010-06-08.
- ↑ М. Эйве, Л. Принс, Баловень Каиссы, стр. 62
- ↑ José Raúl Capablanca, Fred Reinfeld, The Immortal Games of Capablanca, стр. 10
- ↑ Emanuel Lasker vs Jose Raul Capablanca Lasker — Capablanca World Championship Match 1921 · Spanish Game: Berlin Defense. Closed Showalter Variation (C66) · 0—1
- ↑ David Hooper, Dale A. Brandreth, The Unknown Capablanca, стр. 158
- ↑ М. Эйве, Л. Принс. Баловень Каиссы. С. 76
- ↑ 40,0 40,1 Панов В. Н., Капабланка[мртва врска], стр. 67
- ↑ М. Эйве, Л. Принс., Баловень Каиссы, стр. 91—93
- ↑ Панов В. Н. Капабланка Архивирано на 8 ноември 2020 г., стр. 71
- ↑ Jose Raul Capablanca vs Mikhail Botvinnik Leningrad 1925
- ↑ М. Эйве, Л. Принс, Баловень Каиссы, стр. 99
- ↑ 45,0 45,1 М. Эйве, Л. Принс, Баловень Каиссы, стр. 105
- ↑ Панов В. Н., Капабланка Архивирано на 10 мај 2009 г., стр. 76—77
- ↑ М. Эйве, Л. Принс, Баловень Каиссы, стр. 107—113
- ↑ Edward Winter, The London Rules, 2008
- ↑ Валерий Сегаль, Боги, обжигавшие горшки
- ↑ Панов В. Н., Капабланка Архивирано на 11 мај 2009 г., стр. 66
- ↑ José Raúl Capablanca, Fred Reinfeld, The Immortal Games of Capablanca, стр. 12—13
- ↑ Панов В. Н., Капабланка Архивирано на 11 мај 2009 г., стр. 80
- ↑ 53,0 53,1 José Raúl Capablanca, Fred Reinfeld, The Immortal Games of Capablanca, стр. 13
- ↑ Luděk Pachman, Allen S. Russell (1971). Modern chess strategy. Courier Dover Publications. стр. 306-314. ISBN 0486202909.
- ↑ Jose Raul Capablanca vs Karel Treybal Karlsbad 1929 · Slav Defense: Modern Line (D11) · 1—0
- ↑ Golombek, H. (1959). „Attempts at Rehabilitation“. Capablanca’s Hundred Best Games of Chess. London: G. Bell & Sons. стр. 148—170.
- ↑ М. Эйве, Л. Принс, Баловень Каиссы, стр. 135
- ↑ М. Эйве, Л. Принс, Баловень Каиссы, стр. 147—166
- ↑ М. Эйве, Л. Принс, Баловень Каиссы, стр. 129, 147 и др.
- ↑ Панов В. Н., Капабланка[мртва врска], стр. 91
- ↑ Edward Winter, Capablanca v Alekhine, 1927
- ↑ Edward Winter, FIDE Championship (1928)
- ↑ Панов В. Н., Капабланка[мртва врска], стр. 89
- ↑ Письмо Капабланки Рюэбу
- ↑ Fine, R. (1976). „The Age of Lasker“. The World’s Great Chess Games (2. изд.). Dover. стр. 51. ISBN 0-486-24512-8.
- ↑ М. Эйве, Л. Принс, Баловень Каиссы, стр. 190
- ↑ Emanuel Lasker vs Jose Raul Capablanca Moscow 1935 · French Defense: Winawer Variation (C15) · 1—0
- ↑ М. Эйве, Л. Принс, Баловень Каиссы, стр. 197—205
- ↑ Mikhail Botvinnik vs Jose Raul Capablanca Russia 1936 · English Opening: Agincourt Defense. Catalan Defense (A14) · 0—1
- ↑ Панов В. Н., Капабланка[мртва врска], стр. 102
- ↑ Fine, R. (1976). „The Age of Lasker“. The World’s Great Chess Games (2. изд.). Dover. стр. 50. ISBN 0-486-24512-8.
- ↑ 72,0 72,1 М. Эйве, Л. Принс, Баловень Каиссы, стр. 222
- ↑ 73,0 73,1 Панов В. Н., Капабланка Архивирано на 11 мај 2009 г., стр. 104
- ↑ Интервью Капабланки журналу El Gráfico, 1939
- ↑ „AVRO 1938“. Архивирано од изворникот на 2008-10-20. Посетено на 2010-06-12.
- ↑ 8th Chess Olympiad: Buenos Aires 1939 Cuba
- ↑ 8th Chess Olympiad: Buenos Aires 1939
- ↑ 78,0 78,1 Александр Сизоненко (септември 2000). „Матч-реванш был близок“. 64 — Шахматное обозрение. Архивирано од изворникот на 2009-06-04. Посетено на 6 јануари 2009.
- ↑ 79,0 79,1 Edward Winter, Capablanca’s Death
- ↑ Панов В. Н., Капабланка[мртва врска], стр. 137
- ↑ Edward Winter, Chess Notes Capablanca’s letter to his son
- ↑ 82,0 82,1 Edward Winter (2009). „The Genius and the Princess“. Посетено на 7 јуни 2009.
- ↑ Панов В. Н., Капабланка[мртва врска], стр. 29.
- ↑ Хосе Раул Капабланка, Ј.Л.Авербах
- ↑ 85,0 85,1 „Fisher's Top Ten“. Архивирано од изворникот на 2009-02-06. Посетено на 2010-06-14.
- ↑ „All Time Rankings“. Архивирано од изворникот на 2009-11-26. Посетено на 2010-06-14.
- ↑ Frederic Friedel (30 август 2003). „Arpad Emre Elo — 100th anniversary“. chessbase.com. Посетено на 20 јули 2009.
- ↑ „Viswanathan Anand: The Grandmaster on his ten greatest chess players“. Rediff.com. Посетено на 20 јули 2009.
- ↑ „Капабланка — третий шахматный король“. Советский спорт. 13 февруари 2003. Посетено на 21 јули 2009.
- ↑ 90,0 90,1 Владимир Крамник (17 јануари 2005). „Од Штајниц до Каспаров“. e3e5.com. Посетено на 21 јули 2009.
- ↑ Richard Reti, Masters of the Chessboard Архивирано на 5 јануари 2008 г.
- ↑ 92,0 92,1 Capablanca, José Raúl. (1966). My Chess Career (PDF). NY: Dover Publications. стр. 159—160-194. ISBN 0486215482. Архивирано од изворникот (PDF) на 2009-12-29. Посетено на 2010-06-08.
- ↑ Miguel Ernesto Gómez Masjuán. „En La Habana hubo otro genio del ajedrez“ (шпански). Habana Radio. Архивирано од изворникот на 2011-08-11. Посетено на 2009-06-19.
- ↑ Панов В. Н. Капабланка[мртва врска], стр. 29—31.
- ↑ 95,0 95,1 Edward Winter. Capablanca Goes Algebraic (1997).
- ↑ J. R. Capablanca. (1926). The 1925 Moscow International Tournament — Modifying Chess for Battles between Top Masters. XXI (Revista Bimestre Cubana. изд.). Sociedad Económica de Amigos del País.
- ↑ David Surratt, рецензија Архивирано на 25 јули 2009 г. на делото „Играте ли Фишеров шах?“ од Светозар Глигориќ
- ↑ Dominguez Perez wins the 43rd Capablanca Memorial, Chessbase.com
- ↑ 99,0 99,1 Bill Wall. (21 мај 2005). „Stamps and Chess“. Архивирано од изворникот на 2011-08-11. Посетено на 6 јуни 2009.
- ↑ Capablanca
- ↑ «Capablanca» на Семрежната филмската база на податоци
- ↑ 102,0 102,1 Golombek, H. (1959). Capablanca's Hundred Best Games of Chess. List of Tournaments and Matches. G. Bell & Sons. стр. 19–20.. Note: Edward Winter gives a list of errors in Golombek's book : Chesshistory document by Edward Winter
- ↑ Golombek, H. (1959). Capablanca's Hundred Best Games of Chess. On the Way to the World Championship. G. Bell & Sons. стр. 59–86.
- ↑ Golombek, H. (1959). Capablanca's Hundred Best Games of Chess. World Champion. G. Bell & Sons. стр. 60–114.
- ↑ Golombek, H. (1959). Capablanca's Hundred Best Games of Chess. Victory and Disaster. G. Bell & Sons. стр. 115–147.
- ↑ Golombek, H. (1959). Capablanca's Hundred Best Games of Chess. Attempts at Rehabilitation. G. Bell & Sons. стр. 148–170.
- ↑ Golombek, H. (1959). Capablanca's Hundred Best Games of Chess. 1929 – A Rich Year. G. Bell & Sons. стр. 171–202.
- ↑ Golombek, H. (1959). Capablanca's Hundred Best Games of Chess. Prelude to Retirement. G. Bell & Sons. стр. 171–202.
- ↑ Golombek, H. (1959). Capablanca's Hundred Best Games of Chess. Triumphant Return. G. Bell & Sons. стр. 203–249.
- ↑ Golombek, H. (1959). Capablanca's Hundred Best Games of Chess. The Final Phase. G. Bell & Sons. стр. 250–267.
- ↑ Golombek, H. (1959). Capablanca's Hundred Best Games of Chess. Rapid Development. G. Bell & Sons. стр. 35–58.
- ↑ David Hooper, Dale A. Brandreth. The Unknown Capablanca, стр. 116.
- ↑ Новотельнов Н. А. (1976). Лениздат (уред.). Знакомьтесь — шахматы. Ленинград. стр. 256.
Литература
[уреди | уреди извор]- Harold Schonberg (1973). Grandmasters of Chess. New York, New York: W W Norton & Co Inc.
- Edward Winter (1981). World Chess Champions. London, UK: Pergamon Press.
- Irving Chernev (1982). Capablanca's Best Chess Endings. New York: Dover Publications.
- Harry Golombek (1947). Capablanca's Hundred Best Games of Chess. London, UK: Bell.
- Fred Reinfeld (1990). The Immortal Games of Capablanca. New York, New York: Dover Publications.
- Dale Brandreth & David Hooper (1993). The Unknown Capablanca. New York, New York: Dover Publications.
- Irving Chernevyear: Twelve Great Chess Players and Their Best Games, Dover, New York, 1995, ISBN 0-486-28674-6.
- Edward Winter (1989). Capablanca: A Compendium of Games, Notes, Articles, Correspondence, Illustrations and Other Rare Archival Materials on the Cuban Chess Genius José Raúl Capablanca, 1888-1942. Jefferson, North Carolina: McFarland & Company.
- Garry Kasparov (2003). My Great Predecessors: part 1. Everyman Chess, ISBN 1-85744-330-6.
- Isaak Linder and Vladimir Linder (2009). José Raúl Capablanca: Third World Chess Champion. Russell Enterprises, ISBN 978-1-888690-56-9.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Хосе Раул Капабланка“ на Ризницата ? |
- Хосе Раул Капабланка — профил и партии на ChessGames.com (англиски)
- „Jose Raul Capablanca“. 365Chess.com (англиски).
- „Capablanca, José Raúl“. OlimpBase (англиски).
- „Jose Raul Capablanca“. Chess Corner (англиски). Архивирано од изворникот на 2011-08-08. Посетено на 2010-10-18.
- „Хосе-Рауль Капабланка“. ChessPro.
- „Capablanca's Winning Moves“ (англиски).
- Capablanca's tournament and match record
- Capablanca's simultaneous record
Претходник Емануел Ласкер |
Светски првак во шах 1921—1927 |
Наследник Александар Алехин |
Статијата „Хосе Раул Капабланка“ е избрана статија. Ве повикуваме и Вас да напишете и предложите избрана статија (останати избрани статии). |
|