Хефталка
Хефталка – направа што служи за спојување листови хартија[1], односно канцелариска алатка која се користи за хефтање на повеќе парчиња на хартија и на тој начин нивно поврзување во една целина. Хефталката најчесто се користи во канцеларија, но се користи и во домовите и училиштата. Постојат и посебни, наменски хефталки како што се хируршките хефталки, кои се користат за зашивање на рани, или тапетарските кои служат за прицврстување тапети.
Историја
[уреди | уреди извор]Првата позната хефталка била направена рачно во 18 век за францускиот крал Луј XV. Секое парче полнење за хефталката било обележено со кралски жиг[2]. Зголемената употреба на хартија во 19 век довела до потреба за нејзино поефикасно поврзување[3]. Во 1866 година, Џорџ Мекгил го патентирал под бројот 56,587 американскиот патент[4] за мала хефталка, која е предвесник на модерната хефталка.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Хефталка“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑
„The History of the Stapler“. oldstapler.com. Архивирано од изворникот на 31 август 2007. Проверете ги датумските вредности во:
|archivedate=
(help) - ↑ „Antique Staplers & Other Paper Fasteners“. Early Office Museum. Архивирано од изворникот на 2006-03-17.
- ↑ „View the Patent“.