Хелдбург
Хелдбург
Heldburg | |
Градското собрание на Хелдбург | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Тирингија |
Округ | Хилдбургхаузен |
Општ. заед. | Хелдбургер Унтерланд |
Градски единици | 13 |
Градоначалник | Кристофер Отер (ДХС) |
Основни податоци | |
Површина | 112,75 км2 |
Надм. височина | 288 м |
Население | 3.362 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 30 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | HBN |
Пошт. бр. | 98663 |
Повик. бр. | 036871 |
Портал | stadt-heldburg.de |
Местоположба на градот Хелдбург во рамките на округот Хилдбургхаузен | |
Координати | 50°17′0″N 10°44′0″E / 50.28333° СГШ; 10.73333° ИГД |
Хелдбург (германски: Heldburg) — мал град во округот Хилдбургхаузен, во сојузната покраина Тирингија, Германија. Градот бил создаден на 1 јануари 2019 година со спојување на поранешните општини Бад Колберг-Хелдбург, Гомпертсхаузен и Хелинген. Се наоѓа 16 километри јужно од окружниот град Хилдбургхаузен и 18 километри западно од градот Кобург.
Градот претставува административно седиште на општинската заедница Хелдбургер Унтерланд.
Географија
[уреди | уреди извор]Местоположба
[уреди | уреди извор]Хелдбург се наоѓа на реката Крек, притока на Родах, околу 20 километри оддалечен од Хилдбургхаузен (Тирингија) на север, Кобург (Горна Франконија) на исток и Бад Кенигсхофен (Долна Франконија) на запад. Поголеми градови во близина, по Кобург, се Бамберг, 45 км на југ и Швајнфурт 45 км на југозапад.
Градски единици
[уреди | уреди извор]Градот Хелдбург е составен од следниве места:
- Албингсхаузен
- Бад Колберг
- Ајнед
- Гелерсхаузен
- Гомпертсхаузен
- Хелдбург
- Хелинген
- Холцхаузен
- Кеслиц
- Линденау
- Попенхаузен
- Рит
- Фелкерсхаузен
- Фолкмансхаузен
Соседни општини
[уреди | уреди извор]Соседни општини се следниве (од север надесно): Вестхаузен, Штрауфхајн, Бад Родах, Умерштат, Зеслах, Маролдсвајсах, Швајкерсхаузен, Зулцдорф на Ледерхеке, Трапштат и Шлехтсарт.
Историја
[уреди | уреди извор]Хелдбург бил првпат споменат во 837 година. Се наоѓа на подножјето на истоимената тврдина. Во 1993 година станал дел од општината Бад Колберг-Хелдбург.[2]
Политика
[уреди | уреди извор]Градски совет
[уреди | уреди извор]На локалните избори на 26 мај 2019 година со излезност од 71% бил избран Градскиот совет на новиот град со следниве резултати:[3]
Партија/Список | % | Места |
---|---|---|
CDU | 47,7 | 9 |
FW/UB | 45,5 | 8 |
BZH | 3,6 | 1 |
BCI | 3,2 | 0 |
Вкупно | 100,0 | 18 |
Градоначалник
[уреди | уреди извор]На локалните избори на 26 мај 2019 година бил избран Кристофер Отер (CDU).[4]
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Тврдината Хелдбург
-
Долната порта
-
Градската црква
-
Хапахшес Хаус
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Население по општини, надлежни општини и општински заедници во Тирингија“. Статистичка служба на Тирингија. јуни 2023. (германски)
- ↑ Heldburg - Geschichte erleben Архивирано на 3 август 2020 г., official website Heldburg
- ↑ „Stadtratswahl Heldburg 2019“. wahlen.thueringen.de. Посетено на 2019-08-01.
- ↑ „Bürgermeisterwahl Heldburg 2019“. wahlen.thueringen.de. Посетено на 2019-08-01.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Хелдбург“ на Ризницата ? |
- Официјална страница (германски)
|