Прејди на содржината

ФК Вест Хем Јунајтед

Од Википедија — слободната енциклопедија
ФК Вест Хем Јунајтед
Целосно имеФудбалски клуб Вест Хем Јунајтед
ДржаваАнглија Англија
ПрекарЧекани
Основан1895 како Thames Ironworks
СтадионСтадион Лондон
Капацитет60,000
ПретседателДејвид Саливен,
Дејвид Голд,
CB Holding Ltd. и
помали инвеститори
МенаџерЧиле Мануел Пелегрини
ЛигаПремиер лига Премиер лига
2023/24Премиер лига, 9. место
Мреж. местоОфицијално мрежно место
Домашни бои
Гостински бои
Резервни бои
Тековна сезона

ФК Вест Хем хунајтеданглиски фудбалски клуб од Вест Хем, источен Лондон. Моментално се натпреварува во Премиер лигата.

Од 1904 година својте домашни натпревари ги играле на стадионот Болејн Граунд, кој е попознат како Аптон Парк.

Историја

[уреди | уреди извор]

Клубот е основан под името Thames Ironworks F.C., а после пет години го менува името во Вест Хем Јунајтед. Во 1919 година тимот почнува да настапува во англиската фудбалска лига. Иако никогаш не ја освоиле шампионската титула, (најдобар пласман имаа во 1986 кога завршија на 3. место), трипати Вест Хем го освојуваше ФА Купот, 1965., 1975. и 1980. Од европските трофеитие го освоија Купот на победниците на куповите во 1965. и Интертото купот во 1999-тата. Исто така тие го освоиле и првиот т.н. War cup во 1940. Интересно е дека Вест Хем засега единствен англиски тим кој испаднал од Премиер лигата иако освоил повеќе од 40 бодови (2003.). Вест Хем е исто такапоследниот клуб кој го освоил ФА Купот со сите англиски играчи, и последен на кого тоа му успеало додека играл во втора лига.

Соперници

[уреди | уреди извор]

Соперници на Вест Хем се неговите соседи од Лондон, Тотенхем и Арсенал како и Челзи со кое е изразено соперништво помеѓу источен и западен Лондон. Интересно е дека Вест Хем Јунајтед е последниот клуб кој го победил Арсенал ФК на стадионот Хајбари и првиот тим кој ги победил на новиот Стадион Емирати.

Сепак, најголем соперник на Вест Хем уште од неговото основање е Милвол.