Прејди на содржината

Унштрут-Хајних (општина)

Координати: 51°08′0″N 10°34′0″E / 51.13333° СГШ; 10.56667° ИГД / 51.13333; 10.56667
Од Википедија — слободната енциклопедија
За истоимениот округ, погледнете ја Унштрут-Хајних.
Унштрут-Хајних (општина)
Административна зграда во Унштрут-Хајних
Административна зграда во Унштрут-Хајних
Административна зграда во Унштрут-Хајних
Унштрут-Хајних (општина) во рамките на Германија
Унштрут-Хајних (општина)
Управа
Земја Германија
Покраина Тирингија
Округ Унштрут-Хајних
Месни единици 6
Основни податоци
Површина 94,34 км2
Надм. височина 225 м
Население 6.511 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 69 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. UH
Пошт. бр. 99947 (Милферштет, Веберштет), 99986 (Флархајм), 99991 (Алтенготерн, Гросенготерн, Херолдисхаузен)
Повик. бр. 036022, 036028
Портал www.lg-unstrut-hainich.de
Местоположба на Унштрут-Хајних (општина) во рамките на округот Унштрут-Хајних
Карта
Карта
Координати 51°08′0″N 10°34′0″E / 51.13333° СГШ; 10.56667° ИГД / 51.13333; 10.56667

Унштрут-Хајних (германски: Unstrut-Hainich) — општина во округот Унштрут-Хајних, во сојузната покраина Тирингија, Германија. Била создадена на 1 јануари 2019 година.

Потекло на името

[уреди | уреди извор]

Името на општината доаѓа од реката Унштрут и ридскиот масив Хајних.

Географија

[уреди | уреди извор]

Местоположба

[уреди | уреди извор]

Општината се наоѓа во северниот дел на Тириншката Котлина и се состои од местата Алтенготерн, Флархајм, Гросенготерн, Херолдисхаузен, Милферштет и Веберштет, кои претходно биле самостојни општини.

Во југозападниот дел се наоѓа ексклава на градот Бад Лангензалца и на општината Камерфорст.

Соседни општини

[уреди | уреди извор]

Унштрут-Хајних се граничи со следниве градови и општини (од југозапад надесно): Камерфорст, Оперсхаузен, Милхаузен, Кернер, Нотертал-Хајлингер Хеен, Бад Лангензалца, Шенштет, Херзелберг-Хајних, Берка фор дем Хајних, Бишофрода, Лаутербах и Амт Кројцбург.

  1. „Население по општини, надлежни општини и општински заедници во Тирингија“. Статистичка служба на Тирингија. јуни 2023. (германски)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]