Прејди на содржината

Ултрас

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ултрас навивачи на СС Лацио

Ултрас движењето или едноставно само Ултрас е име дадено за организираните навивачки групи на спортските екипи (претежно европските) и фудбалските тимови. Се појавува во Италија во текот на доцните шеесетти години кога фудбалските екипи ја намалуваат цената на влезните билети на одредени делови од стадионот. Ултрас движењето не треба да биде мешано со Британските Casuals, иако има насилни елементи, хулиганизмот е повеќе исклучок отколку правило.

Заеднички својства на ултра групите

[уреди | уреди извор]

Ултра групите се доста хомогени. Тие се обично организирани од водечката група која ја има извршната контрола, поделени во помали групи според политичкото размислување, локацијата или на пријателска база. Материјалите што ги користат се скоро исти: транспаренти, бајраци, знамиња на два стапа, шалови, капи, дуксери и сл. со симболите и името на групата.

Ултра култура

[уреди | уреди извор]

Ултра културата е микс од повеќе навивачки стилови, од веењето на шаловите и скандирањето од Англија, Бразилската Торцида и оригиналниот Италијански стил. Ултра групата може да се состои од десетина до неколку илјади членови кои се од различни делови од општеството, заземајќи определен сектор на стадионите за себе и вклучувајќи се во екипата многу повеќе отколку обичните навивачи.

Четири елементи ја сочинуваат срцевината на ултра менталитетот:

  • Никогаш не престануваат да пеат во текот на целиот натпревар без оглед на резултатот;
  • Никогаш не седат за време на натпреварот;
  • Следат што е можно повеќе натпревари без оглед на цената и далечината;
  • Лојалност на трибината каде што се сместени.

Некои симболи се омилени кај ултрасите и тие често можат да се видат на нивните транспаренти како што се: Алекс Деларџ (Alex DeLarge) од новелата “A Clockwork Orange” од Антони Буржес (Anthony Burgess) или логото на кошаркарскиот тим Georgia Bulldogs.

Можеби најзначајниот дел е т.н. звучна поддршка. Секоја група има поголем број на скандирања за својот клуб, за играчите, за разни настани и нормално за противничките групи. Мелодијата често се зема од некоја популарна музика, а некои песни или скандирања се копираат од другите групи со менување на имињата.

Пред големите натпревари, ултра групите припремаат кореографии кои ќе бидат прикажани кога екипата ќе влезе на теренот или кога ќе започни натпреварот. Во зависност од финансиските можности, кореографијата може да биде на трибината на која што се наоѓа групата или пак на целиот стадион. За оваа цел групите користат најразлични материјали како: картони, најлони, бабулина, мали знаменца, хартиени ролни и сл. во боите на клубот распоредени според седиштата така што формираат некоја порака или форма. Овие кореографии се одлична можност да се прикаже љубовта кон својот тим иако некогаш може да биде планирана со месеци и да биде неуспешна.

Се почеста е појавата на непријателство на ултрасите кон т.н. модерен фудбал. Тие се противат на стадиони коишто мораат да имаат седишта, натпревари во петок, сабота и понеделник во доцните часови наместо традиционалните неделни натпревари во 3 часот, екстремно скапи билети, играчите се продаваат како “стока на пазар”, се носат играчи кои не го сакаат дресот на својот тим и фудбалот сè повеќе и повеќе се комерцијализира. Против модерниот фудбал (Contro il Calcio Moderno, Against modern football) е се почеста фраза која се слуша на стадионите ширум Европа.

Фанзините исто така играат значајна улога во целото ова движење. Се почесто се печатат во А5 професионален печатарски формат со добар квалитет и во боја намести црно-бели списанија пишувани на печатарска машина и потоа само пресликувани. Обично секоја група уредува ваков фанзин со информации за наредните натпревари, репортажи, вести и слики. Во Европа најпознат фанзин е италијанскиот SuperTifo, додека во Македонија моментално нема ниеден фанзин иако порано се печатеа МакТифо и Хаос.

Најстара навивачка група во Македонија е навивачката група Чкембари (Битола)[се бара извор] која е оформена 1985 година.

Односот Ултраси / клуб

[уреди | уреди извор]

Ултра групите обично имаат претставници кои зборуваат со газдите на клубовите околу влезните билети, местоположбата и употребата на придружни материјали. Некои клубови им обезбедуваат на групите поевтини билети, место за чување на транспарентите и другите материјали, пристап во стадионот пред натпреварот за подготвување на кореографија и сл.

Некои од овие односи со клубот се критикувани од обичните навивачи кои ги гледаат Ултрасите како создавачи на проблеми кои само им создаваат проблеми на клубовите а тие немааат никаква корист од тоа. Доколку клубот има повеќе ултра групи тогаш некои од нив не се согласуваат со фаворизирањето на една група во однос на друга.

Хулиганизам

[уреди | уреди извор]

Иако ултра групите можат да пројават насилство тие најчесто натпреварите ги проследуваат без инциденти или со помали препукувања со полицијата и противничките групи. За разлика од хулиганите т.е. англиските Casuals, Ултрасите одат на натпреварите за да го поддржат својот тим, а не да се тепаат со локалните групи. Друга значајна разлика меѓу Ултрасите и хулиганите е тоа што хулиганите сакаат да бидат незабележани кога патуваат на натпреварите за да ја избегнат проверката од полицијата додека Ултрасите пристигнуваат во голема маса и сакаат да бидат забележани од месните жители и навивачи и да остават впечаток на непобедливост и триумфализам, што и озвозможува на полицијата да го следи нивното движење.

Политика

[уреди | уреди извор]

Многу ултра групи се поврзуваат со политичките движења што доведува до соперништво и соединување меѓу групите само врз политичка основа. Додека некои групи како на пример на Лацио и Реал Мадрид, Irriducibili односно Ultras Sur се познати по честото истакнување на келтскиот крст и свастиката, други групи не се плашат да ги истакнат црвената ѕвезда, чеканот и српот или анархистичките симболи. Сепак постојат и такви групи кои не дозволуваат истакнување на политички симболи на нивните материјали.

Многу екстремистички групи се обидуваат да дистрибуираат пропагандни материјали за време на натпреварите знаејќи го големиот регрутирачки потенцијал кај ултра групите. Додека ова е прифатено кај политизираните групи ,кај неутралните односно неполитичките групи ова може да биде сфатено како инвазија и да предизвика насилничка реакција од нивна страна.

Соперништво

[уреди | уреди извор]

Најголемите соперништва се скоро сите во Италија. Некои од нив настануваат помеѓу клубовите од ист град (Рома – Лацио, ИнтерМилан, СампдоријаЃенова, ЈувентусТорино), а некои како резултат на политичка основа како што е Аталанта – Лацио, каде ултра групите на Аталанта се познати како лево ориентирани додека веќе споменатата Irriducibili е десно ориентирана. Некои соперништва можат да произлезат и помеѓу групите од истиот клуб, како резултат на борбата за место на трибината и водење на навивањето.

Соперништвото значи офанзивни скандирања, фрази, транспаренти или пораки кон противничките групи кои често знаат да почнат или да завршат со физичка пресметка и крадење на “непријателски” транспаренти. Групата која ќе го изгуби главниот транспарент е понижена и најчесто доаѓа до нејзино расформирање.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]