Т-27
T-27 | |
---|---|
T-27 на изложба во Киев, Украина | |
Тип | танкета |
Потекло | Советски Сојуз |
Употребна историја | |
Во служба | 1931–41 |
Корисници | Советски Сојуз |
Војни | Втора светска војна |
Производна историја | |
Конструктор | Џон Карден-Вивијан Лојд, Н. Козирев, Фабрика бр. 37, Москва |
Производител | Народна фабрика, ГАЗ |
Год. на производство | 1931–33 |
Произведени | 2.540 |
Варијанти | T-27A |
Тех. особености (T-27A[1]) | |
Тежина | 2,7 тона |
Должина | 2,60 m |
Ширина | 1,83 m |
Висина | 1,44 m |
Екипаж | 2 |
Оклоп | 6–10 mm |
Главно наоружување | митралез ДТ од 7,62mm |
Погон | GAZ-AA 40 КС (30 kW) |
Моќност/тежина | 15 КС/тон |
Горивоносивост | 46 l |
Работен дострел | 120 km |
Брзина | 42 км/ч |
Т-27 – советска танкета од периодот пред Втората светска војна.
Историја
[уреди | уреди извор]Без искуство во производство на тенкови, во 1930 година СССР се свртел кон увоз: од Британија биле увезени 8 амфибиски лесни тенкови („Карден Лојд модел 1931“), 30 средни тенкови (Модел Е и Мк II) и 26 танкети (Викерс Карден-Лојд Мк VI). Набрзо биле набавени и два тенка Кристи од САД. Танкетата Мк VI била лесно изменета и пуштена во производство во 1931 година како Т-27 (понатамошните модификации го дале Т-27А).[2]
Одлики
[уреди | уреди извор]Руската верзија на британскиот тенк Викерс Карден-Лојд Мк VI, Т-27 било мало возило со двајца членови на екипажот сместени еден до друг, со моторот зад нив и меѓу нив. Возачот седел лево, а стрелецот од десната страна, зад лесниот митралез ДТ со калибар 7,62 -мм. Нивниот оклоп заштитувал само од куршуми од пушка. Во службата, се покажал дека имаат чувствителни гасеници, што придонесувало за дефекти на нерамен терен.[2]
Позитивни страни на Т-27 биле доверливоста, едноставната конструкција и одржувањето, лесна обука на возачот и брзина на рамен терен. Иако биле поголеми од британските танкети, тие сè уште биле крајно тесни внатре, употребливи само за ниски луѓе. И што е најважно, само командните возила имале радио (последица на неразвиената електрична индустрија во СССР), што целосно ја ограничувало нивната извидувачка улога.[3]
Во борба
[уреди | уреди извор]Во 1932 година, „Т-27“ го сочинувал најголемиот дел од оклопните сили на СССР: Црвената армија имала 65 баталјони од по 50 танкети. Првпат биле користени во борбата против востаниците во Средна Азија vo 1931-1932 година. Нивното учество во Зимската војна било неславно: со тесни гасеници, тие потонувале во снегот (во зимата) и калта (во пролетта) на Финска. До 1941 година, во служба останале помалку од 1.200 и за време на Операцијата Барбароса биле користени во позадина: обука на екипажот, влечење артилерија и пренесување муниција. Некои преживеале до декември 1941 година, кога последен пат биле користени во одбраната на Москва.[3]
Наводи
[уреди | уреди извор]Литература
[уреди | уреди извор]- Ness, Leland (2002). Jane's-World War II Tanks And Fighting Vehicles-The Complete Guide. London: HarperCollinsPublishers. стр. 151. ISBN 978-000711228-9.CS1-одржување: ref=harv (link)
„Т-27“ на Ризницата ? |