Труење со арсен
Изглед
Труење со арсен | |
---|---|
Труењето со арсен е глобален проблем кој настанува од арсенот кој нормално го има во подземните води. | |
Специјалност | Ургентна медицина |
Труењето со арсен е медицинска состојба предизвикана од зголемено количество на арсен во организмот. Студија од 2007 година открила дека над 137 милиони луѓе во повеќе од 70 држави се веројатно погодени од труење со арсен од водата за пиење.[1]
Знаци и симптоми
[уреди | уреди извор]Први симптоми кои се јавуваат при труење со арсен се главоболка, конфузија, тешка дијареа и поспаност. Краен резултат од труењето со арсен е кома и смрт.[2]
Дијагноза
[уреди | уреди извор]Дијагнозата на труењето се поставува со определување на концентрацијата на арсен во крв, урина, коса и нокти.
Третман
[уреди | уреди извор]Димеркапролот и димеркаптосукцинска киселина се хелирачки агенси кои се користат при акутно труење со арсен.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Видете:
- "Arsenic in drinking water seen as threat," USAToday.com, August 30, 2007.
- See page 6 of: Peter Ravenscroft, "Predicting the global distribution of arsenic pollution in groundwater." Paper presented at: "Arsenic -- The Geography of a Global Problem," Royal Geographic Society Arsenic Conference held at: Royal Geographic Society, London, England, August 29, 2007. This conference is part of The Cambridge Arsenic Project.
- ↑ „Arsenic Poisoning“. IHC World. Архивирано од изворникот на 2016-06-08. Посетено на 2 мај 2014.