Прејди на содржината

Трицифрен пробив

Од Википедија — слободната енциклопедија

Трицифрен пробив (англиски: century break) е чинот на освојување на 100 или повеќе бода во една посета на масата во снукерот, без ниедно промашување, со наизменично внесување на црвени и обоени топки. За трицифрен пробив не се смета освојувањето на 100 бода во еден фрејм, бидејќи условот е сите бодови да се постигнат по ред, без прекин. Не се вбројуваат бодовите од фаул на противникот.

Најголемиот можен трицифрен пробив изнесува 147 бода (наречен „максимален пробив“), и се состои од 15 црвени, 15 црни и останатите шест обоени топки; жолтата, зелената, кафеавата, сината, розовата и црната се внесуваат едноподруго. Во исклучителни околности постои можност да се постигне пробив од 155 бода. Доколку на играчот му дојде редот по фаул на противникот и не може никако да удри ниедна црвена топка, тогаш се допушта да назначи една од обоените топки како црвена. Вака е можно да се внесат 16 црвени и црни, плус 27 бода од шесте други обоени топки, што дава вкупно 155 бода.

Трицифрениот пробив се постигнува само ако има барем десет црвени топки (или девет во слободна ситуација) на масата кога ќе му дојде редот на играчот. Доколку има девет црвени топки, најголемото можно бодовно салдо е 99 (= 9 x 8 + 27).

Поврзано

[уреди | уреди извор]