Прејди на содржината

Томас Шелинг

Од Википедија — слободната енциклопедија
Томас Шелинг
Шелинг во 2007
Роденаприл 14, 1921(1921-04-14)
Калифорнија, САД
Починалдекември 13, 2016(2016-12-13) (возр. 95)
Мериленд, САД
НационалностАмериканец
ПолеТеорија на игри
Алма матерУниверзитет во Калифорнија
Универзитет Харвард
Информации на IDEAS/RePEc

Томас Шелинг (англиски: Thomas Schelling ; 14 април 1921 година - 13 декември 2016 година) — американски економист, кој ја добил Нобеловата награда за економија во 2005 година. Тој ја добил наградата поради „придонес во разбирањето на конфликтот и соработката во анализа со помош на теоријата на игри “.

Раните години

[уреди | уреди извор]

Роден е на 14 априла 1921 година во Оукленд, Калифорнији. Средно училиште завршил во Сан Диего. Дипломирал економију во 1944 година на Универзитетот Беркли. Докторирал економија во 1951 година на Универзитетот Харвард.

Од 1948 година до 1953 година тој учествувал во спроведувањето на Маршаловиот план во Европа, а служел во Белата куќа и во извршната канцеларија на Претседателот на Соединетите држави. По напуштањето на владата, тој работел на Економскиот факултет, Универзитетот Јеил од 1953 до 1958 година.[1] Во 1958 година бил избран за професор по економија на Харвард, а од 1969 година работел како професор по политичка економија во училиштето Кенеди во Харвард. Во Харвард работел до 1990 година. Работел на Универзитетот во Мериленд од 1990 до 2003 година. Во текот на 1993 година тој добил награда од Американската национална академија на науките за истражувања значајни во спречувањето на јадрена војна. Во 2009 година добил почесен докторат од Универзитетот Јеил.

Стратегија за конфликти

[уреди | уреди извор]

Неговата книга Стратегија за конфликт (1960) [2] бил пионерски чекор во проучувањето на договарање и преговарање и стратешко однесување, кое Шелинг го нарекува однесување за време на конфликт. Стратегијата за конфликти се смета за една од стоте највлијателни книги на Западот од 1945 година.[3] Во книгата се воведуваат концепти како што се фокусна точка и веродостоен ангажман. Шелинг подоцна ги проширил своите теории во книгата „ Војна и влијание“ (1966).

Модели на сегрегација

[уреди | уреди извор]

Во текот на 1969 година и 1971 година Шелинг објавил дела за расната динамика и како што ја нарекол опште теорија за соборување. Во овие дела, тој покажа дека ако луѓето повеќе сакаат нивните соседи да се со иста боја на кожата или ако сакаат нивното соседство е измешано, но само до одреден степен, тоа може да доведе до сегрегација. На тој начин, тој покажа дека мотивот за сегрегација не мора да биде омраза, но дека резултатот ќе биде ист, односно расна сегрегација.

Глобално затоплување

[уреди | уреди извор]

Се вклучил и во расправиите за проблемите со глобалното затоплување. Шелинг смета дека климатските промени претставуваат сериозна закана за земјите во развој и дека заканата за Соединетите држави е претерана. Во таа прилика, тој се осврна на искуствата од повоениот Маршалов план. Сметал дека тука исто така се работи за проблем на договарање и дека ако светот ја намали емисијата, посиромашните земји ќе имаат најмногу корист од тоа и дека повеќето трошоци ќе ги покријат побогатите земји.

Избор на дела

[уреди | уреди извор]
  • „Стратегија за конфликти“ (англиски: The Strategy of conflict ) (1960)
  • „Оружје и нивното влијание“ (англиски: Arms and Influence) (1966)
  • „Динамички модели на сегрегација“ (англиски: Dynamic models of segregation), Весник на математичка социологија, стр. 143-186 (1971)
  • „Микромотиви и макрооднесување“ (англиски: Micromotives and Macrobehavior) (1978)
  • „Избор и последици“ (англиски: Choice and Consequence) (1984) [4]
  1. Thomas Crombie Schelling, Посетено на 25. 4. 2013.
  2. Schelling, Thomas C. (1981). The strategy of conflict. Harvard University Press. ISBN 978-0-674-84031-7.
  3. „The Hundred Most Influential Books Since the War“.
  4. Удружење банака Србије - Часопис „Банкарство“ бр. 9—10: „Роберт Ауман и Томас Шелинг (2005) - Стратегија конфликта и теорија игара“, (2010), pp. 162, приступ 29.5.2013

Литература

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]