Прејди на содржината

Тео Гејган Харт

Од Википедија — слободната енциклопедија
Тео Гејган Харт
Гејган Харт на Тур де Франс 2021
Лични податоци
Цело имеТео Гејган Харт
Роден30 март 1995(1995-03-30)(29 г.)
Лондон,  Обединето Кралство[1]
Висина1,83 м[1]
Маса67 кг[2]
Податоци за клубот
Мом. клубИнеос Гренадиерс
Дисциплинадрумски и велодромски велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачспецијалист за искачување[1]
Аматерски клубови
ВК Хакни
Професионални клубови
2014–2016
→ 2015
2017-
Хагенс Берман Аксеон
Тим Скај (стажант)
Тим Скај
Значајни победи
Големи трки
Џиро д’Италија
Генерален пласман (2020)
Пласман за млад возач (2020)
2 поединечни етапи (2020)
Последна промена
29 ноември 2022

Тео Гејган Харт (англиски: Tao Geoghegan Hart; р. 30 март 1995)[3]британски професионален велодромски и друмски велосипедист, кој моментално настапува за UCI World Tour екипата Инеос Гренадиерс.[4]

Возел за Тим Скај како стажант кон крајот на 2015 година[5] и се приклучил на екипата постојано во сезоната 2017.

Ја освоил Џиро д’Италија 2020, преземајќи ја маичката по завршниот хронометар.[6]

Ран и личен живот

[уреди | уреди извор]

Гејган Харт е роден во Лондон. Како најстар од четирите деца во семејството пораснал во Хакни, каде бил запишан во основното училиште Гејхрст.[7][8] Неговото семејство има шкотско и ирско потекло. Името Тео е ирска верзија на личното име на неговиот татко Том.[9] Играл фудбал до 12 години и бил голман.[10] Бил одгледан како вегетаријанец. Исто така, станал посветен пливач откако започнал средно училиште; на 28 јули 2008 година, кога имал 13 години, бил дел од пливачката штафета која го поминала каналот Ламанш. Екипата од шестмина го завршила пливањето за 11 часа и 34 минути.[11][12] [10]

Гејган Харт научил да вози велосипед кога имал пет години[13] и го имал својот прв бемикс велосипед како младо момче. Изјавил дека бил восхитен кога присуствувал на прологот на Тур де Франс 2007 во Лондон како гледач.[14] Се здобил со сериозен интерес во велосипедизмот откако неговиот татко му купил половен женски велосипед спешалајзд долче кога имал 13 години.[10] Земал учество во велосипедската трка Данвич Динамо летото во 2008 година.[8] Во 2009 година, Тео присуствувал на почетокот на Тим Скај, приклучувајќи се на аматерската главна група зад Бредли Вигинс и Крис Фрум.[15][14][10] Исто така работел кај Кондор Сајклс таа година,[16] од каде добил велосипеди, тркала и облека.[17] Исто така бил спонзориран од лондонската компанија Рафа како млад возач.[18]

Гејган Харт е обожавател на фудбалскиот клуб Арсенал.[19]

Гејган Харт на Трката околу Британија 2014.

Откако започнал со трки во 2010 година, Гејган Харт се приклучил на развојната програма на британската федерација, привлекувајќи внимание за победа надвор и места на подиумот на трки, како што биле третото место на Париз-Рубе за јуниори.[20] Исто така ги освоил планинскиот, бодовниот и генералниот пласман на Џиро Интернационале дела Луниџана во 2013 година.[1]

Во 2014 година, Гејган Харт возел за Развојната екипа Бисел на Аксел Меркс. Завршил трет на Лиеж-Бастоњ-Лиеж под 23 години и ја возел својата прва трка со ранкинг UCI 2. HC на Трката околу Калифорнија во мај пред да ја заврши втората на Трката околу Британија во септември, кога возејќи за британската национална екипа, завршил на 15. место во генералниот пласман.[1]

Во 2015 година повторно завршил трет на Лиеж-Бастоњ-Лиеж под 23 години, осми на Тур Џила, 13. на Трката околу Калифорнија и седми на САД Про Сајклинг Челинџ, освојувајќи го пласманот за најдобар млад возач.[21] Возел како помошник за Тим Скај во 2015 година, но избрал да остане во сегментот под 23 години за сезоната 2016.[14]

Во август 2016 година, Гејган Харт бил потврден од Тим Скај за сезоната 2017.[22] Во август 2018 година бил именуван во почетниот состав за Вуелта а Еспања 2018.[23] Во мај 2019 година бил именуван во почетниот состав за Џиро д’Италија 2019.[24]

На 18 октомври 2020 година, Гејган Харт ја освоил својата прва етапа на некоја голема трка, освојувајќи ја етапата 15 на Џиро д’Италија на алпската завршница на Пјанкавало. По чекорите на претходните победници Марко Пантани и Микел Ланда, Гејган Харт се одвоил од остатокот од групата со двоецот од екипата Санвеб, Џеј Хиндли и Вилко Келдерман, претекнувајќи го Келдерман на целта за да ја освои етапата. Резултатот го однел Гејган Харт до четвртото место во генералниот пласман на трката пред вториот ден за одмор.[25] На 24 октомври 2020 година ја освоил втората етапа на Џиро д’Италија, освојувајќи го второто место со исто време како предводникот и на последната етапа следниот ден завршил на 13. место на хронометарот со време со кое го освоил Џирото.[26][27] Со освојувањето на маичката на завршниот хронометар станал прв возач во историјата на Џиро кој ја освоил трката без никогаш да ја носи маичката во текот на трката.[28]

Достигнувања

[уреди | уреди извор]
2012
3. Краен пласман Национална јуниорска друмска серија
2013
1. Краен пласман Џиро дела Луниџана
1. Бодовен пласман
1. Планински пласман
1. Етапа 1
1. Краен пласман Трка околу Истра
1. Етапа 2
3. Париз-Рубе за јуниори
3. Национално јуниорско друмско првенство
5. Краен пласман Мировна трка за јуниори
2014
3. Лиеж-Бастоњ-Лиеж за младинци
10. Краен пласман Тур де л’Авенир
2015
3. Национално хронометарско првенство под 23 години
3. Лиеж-Бастоњ-Лиеж за младинци
6. Трофеј ПИВА
7. Краен пласман САД Про Сајклинг Челинџ
1. Пласман за млад возач
8. Краен пласман Трка Џила
9. Трофеј Бомон
2016
Национални друмски првенства под 23 години
1. Друмска трка
2. Хронометар
1. Трофеј ПИВА
2. Краен пласман Тур де По де Савоја
1. Етапа 5
2. Краен пласман Мировна трка под 23 години
6. Краен пласман Трка Џила
1. Пласман за млад возач
6. Краен пласман Тур де л’Авенир
6. Краен пласман Волта ао Алентежо
7. Гран Премио Палио дел Речото
8. Џиро дел Белведере
9. Европско хронометарско првенство под 23 години
10. Руота д’Оро
2017
2. Национално друмско првенство под 23 години
4. Национално хронометарско првенство
4. Трофео Сера де Трамунтана
8. Краен пласман Трка околу Калифорнија
8. Краен пласман Тур де Јоркшир
2018
1. Етапа 3 (ТТТ) Критериум ди Дофине
5. Краен пласман Трка околу Калифорнија
5. Краен пласман Вуелта а Бургос
2019
2. Краен пласман Трка на Алпите
1. Етапа 1
1. Етапа 4
5. Краен пласман Трка околу Полска
8. Тре Вали Варезине
Награда за борбеност на етапа 20 Вуелта а Еспања
2020
1. Краен пласман Џиро д’Италија
1. Пласман за млад возач
1. Етапа 15
1. Етапа 20
3. Краен пласман Волта а ла Комунитат Валенсијана
2021
9. Меморијал Марко Пантани
10. Краен пласман Критериум ди Дофине
10. Краен пласман Тур де Алпс-Маритим ет ди Вор
2022
5. Краен пласман Трка околу Норвешка
8. Краен пласман Критериум ди Дофине

Распоред на резултатите на етапните трки

[уреди | уреди извор]
Распоред на резултатите на големите трки
Голема трка 2017 2018 2019 2020 2021 2022
Џиро СО 1
Тур 60
Вуелта 62 20 19
Распоред на резултатите на поважните етапни трки
Етапна трка 2017 2018 2019 2020 2021 2022
Париз-Ница 32 СО
Тирено-Адријатико 30 СО
Волта а Каталуња 53 НСО
Трка околу Баскија 90 68 СО 29
Тур де Романди
Критериум ди Дофине 13 10 8
Тур де Свис 14 НСО

СО = се откажал; — = не учествувал; НСО = не се одржала

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Меклири, Џон (25 септември 2014). „Tao Geoghegan Hart answers twenty questions ahead of the UCI Road World Championships under-23 road race“. telegraph.co.uk. Посетено на 22 декември 2014.
  2. „Tao Geoghegan Hart“. ProCyclingStats. Посетено на 23 January 2021.
  3. Hood, Ed (25 December 2013). „Tao Geoghegan Hart – "working with Axel Merckx is an amazing opportunity". Velo Veritas. Посетено на 21 June 2018.
  4. „Ineos Grenadiers“. UCI.org. Меѓународен велосипедистички сојуз. Архивирано од изворникот на 2 January 2021. Посетено на 2 January 2021.
  5. „Young Brits join Team Sky“. Архивирано од изворникот на 2015-07-31. Посетено на 1 август 2015.
  6. „Giro d'Italia: Tao Geoghegan Hart wins first Grand Tour“. BBC Sport. Посетено на 25 October 2020.
  7. Cary, Tom (20 October 2020). „Meet the streetwise "geezer" with designs on the Giro's pink jersey“. The Daily Telegraph. Посетено на 22 October 2020 – преку PressReader.
  8. 8,0 8,1 „Tao Geoghegan Hart“.
  9. Cary, Tom (19 October 2020). „Who is British rider and Giro d'Italia contender Tao Geoghegan Hart?“. The Telegraph. Архивирано од изворникот на 1 November 2020.
  10. 10,0 10,1 10,2 10,3 Bailey, Mark (25 October 2020). „Next Big Thing: Tao Geoghegan Hart profile (2013)“. Cyclist.
  11. „English Channel swim by Clissold Swimming Club (Star Bellied Sneetches)“. Посетено на 20 October 2020.
  12. Quinn, Gary (26 October 2020). „What You Need To Know About Britain's New Cycling Star Tao Geoghegan Hart“. The Sportsman.
  13. „Hackney cycle champ set for Olympic stardom“. Hackney Citizen. 7 September 2011.
  14. 14,0 14,1 14,2 „Q&A: Tao Geoghegan Hart“.
  15. MacPherson, Will (27 October 2020). „Giro d'Italia 2020: How Hackney boy Tao Geoghegan Hart became king of Italy“. The Evening Standard.
  16. „Tao Geoghegan Hart, from bike shop worker to British Giro d'Italia winner“. 26 October 2020.
  17. „Junior Rider Tao Takes An Impressive Third In Roubaix“.
  18. „Rapha Congratulations“.
  19. Whittle, Jeremy (2020-11-02). „Tao Geoghegan Hart: 'I don't want this to be the only time I cross the line first'. The Guardian (англиски). ISSN 0261-3077. Посетено на 2020-11-03.
  20. „The rise of Tao Geoghegan Hart: British prodigy's long road to Team Sky - Cycling Weekly“. 15 February 2017.
  21. „Faces of the Future: Eight things to know about Tao Geoghegan Hart - CyclingTips“. 17 May 2016. Архивирано од изворникот на 2016-05-19. Посетено на 2018-07-01.
  22. „Geoghegan Hart confirmed with Team Sky for 2017“. Cyclingnews.com.
  23. „2018: 73rd Vuelta a España: Start List“. Pro Cycling Stats. Посетено на 22 август 2018.
  24. „2019: 102nd Giro d'Italia: Start List“. ProCyclingStats. Посетено на 8 мај 2019.
  25. „Giro d'Italia: Tao Geoghegan Hart wins stage 15 atop Piancavallo“. cyclingnews.com. Посетено на 18 October 2020.
  26. „GB's Tao Geoghegan Hart sensationally claims Giro d'Italia glory after time trial“. Guardian. 25 October 2020. Посетено на 27 October 2020.
  27. „Tao Geoghegan Hart's shock Giro d'Italia win 'the stuff of comic books'. Guardian. 25 October 2020. Посетено на 27 October 2020.
  28. „Giro d'Italia: Tao Geoghegan Hart wins first Grand Tour“. BBC Sport. Посетено на 25 October 2020.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]