Прејди на содржината

Табернакул (католичка црква)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Табернакулот во катедралата во Калтанисети.

Табернакул (лат. tabernaculum - шатор) — во Католичката црква значи простор во кој се чуваат посветените хостии за Светата причест. Тоа се мали, обично уметнички дизајнирани ниши, со украсени вратички кои можат да се заклучат.

Табернакулот нема литургиско значење, затоа сите поклонувања за време на светата миса се прават исклучиво кон олтарот, а не кон табернакулот. Но, при влегувањето во црквата, верниците мора да му се поклонат на Христа во светилиштето, бидејќи Христос навистина е присутен во преостанатите хостии, но тоа присуство нема никаква улога во литургијата ниту важност во толкувањето и доживувањето на светата миса.[1]

Историја

[уреди | уреди извор]
Барокен табернакул во парохиската црква Пресвета Богородица во Лепоглава

Табернакулот бил создаден од практична потреба, бидејќи било потребно на достојно место да се смести осветениот леб, кој подоцна им бил носен на болните. Не настанал веднаш, туку со текот на времето. Како што луѓето доаѓале сè помалку да се причестуваат, побожноста на евхаристиската адорација добивала сè поголемо значење од евхаристиското причестување. Токму затоа, табернакулот зазема позначајно место во архитектурата на црквата.[1]

Во романескните цркви, табернакулот бил вдлабнатина во ѕидот затворен со завеса во просторот на хорот или еден вид ѕиден плакар.

Во готските цркви, табернакулот е самостоен склад изработен од камен.

Од 14 век, табернакулот се преместува кон олтарот и станува, особено од барокното раздобје, дел од олтарниот ретабл, под олтарната слика.

Од Вториот ватикански собор, во новите цркви, секаде каде што е можно, табернакулот се поставува во посебна странична капела или на работ на олтарниот простор.

  1. 1,0 1,1 Bitno.net Bitno.net, Tomislav Šagud: Pitajte svećenika - Trebamo li se tijekom svete mise pokloniti oltaru ili svetohraništu 20. siječnja 2020. (пристапено на 21 јануари 2020)