Стража (село)
Стража | |
Координати 42°14′59″N 21°36′17″E / 42.24972° СГШ; 21.60472° ИГД | |
Регион | Североисточен |
Општина | Липково |
Област | Скопска Црна Гора |
Население | 0 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 1325 |
Повик. бр. | 031 |
Шифра на КО | 17095 |
Надм. вис. | 1080 м |
Стража на општинската карта Атарот на Стража во рамките на општината | |
Стража на Ризницата |
Стража — село во Општина Липково, во северниот дел на Македонија. Денес нема жители.[2]
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото е планинско, сместено под североисточната падина на Скопска Црна Гора[3], до самата граница со Србија (Општина Прешево).
На околу 500 м на северозапад од главната населба е Табак Маало, сместено на повисок дел од падината.[4]
Историја
[уреди | уреди извор]На крајот на XIX век Стража било албанско село во Кумановската каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Стража се состоела од 100 „Арнаути муслимани“.[5]
Демографија
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 150 Албанци.[6]
Иако на претходните етнографски прегледи населението е укажано како албанско (т.е. „арнаутско“), на пописот во 1951 г. тоа се води со 171 жител, од кои 162 Турци и само 9 Албанци.[7] Во текот на 1950-тите деценија бројот на Турци и Албанци се изедначил, веројатно поради иселувањето на Турците. Во 1971 г. Стража се свела на 89 жители — сите Албанци. Селото е целосно напуштено во текот на 1970-тите години.[3] Според пописот од 2002 година, нема ниеден постојан жител.[2] Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 100 | — | 169 | 171 | 158 | 89 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 4 јануари 2021.
- ↑ 3,0 3,1 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (I. изд.). Скопје: Патрија. стр. 287. ISBN 9989-862-00-1.
- ↑ Табак Маала (10305055) — GeoNames
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 217. ISBN 954430424X.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Стража — Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година)[мртва врска]
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|