Стокхолмска крвава бања
Стокхолмска крвава бања или Стокхолмско крвопролевање (шведски: Stockholms blodbad, дански: Det Stockholmske Blodbad) – масовни убиства на шведското благородништво од страна на данскиот крал Кристијан II.[1]
Данска, Норвешка и Шведска се обединиле во Калмарската Унија. Тоа било личен сојуз под еден монарх во периодот од 1397 до 1523 година. Секоја од овие земји се одрекнала од својата сувереност, но не и од независноста. Во Шведска дошло до судир меѓу оние кои ја поддржувале унијата и оние кои сакале нејзина сувереност.[2]
Во 1520 година, данскиот крал Кристијан II, ја нападнал Шведска. Регентот на Шведска, Стен Стуре Помладиот, бил убиен во борбите. Кристијан II го држел под опсада Стокхолм четири месеци. Кога градот паднал, се прогласил за крал на Шведска и наредил да се обезглават 82 водечки шведски благородници, вклучувајќи и двајца бискупи, заради наводен ерес. Повод за ересот била смената на надбискупот Густав Троле. Телото на регентот на Шведска, кој претходно бил убиен, било откопано и запалено на клада. Швеѓаните биле толку огорчени од злосторствата на Кристијан II, што му го дале прекарот „Кристијан Тиранинот“. Во 1523 година бил протеран од Шведска и Шведска излегла од Калмарската Унија основајќи суверена монархија под Густав I.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Стокхолмско крвопролевање на Британика
- ↑ Стокхолмско крвопролевање Архивирано на 6 април 2013 г. на семрежното место на Executed Today