Стадион Луж
Стадион „Луж“ | |
---|---|
Catedral Inferno da Luz | |
Целосно име | Estádio do Sport Lisboa e Benfica |
Место | Лисабон, Португалија |
Координати | 38°45′10″N 9°11′05″W / 38.752678° СГШ; 9.184681° ЗГД |
Изграден | 2003 |
Отворен | 25 октомври 2003[1] |
Сопственик | Бенфика S.A.D. |
Подлога | трева |
Цена на изградбата | €118.7 милиони[2] |
Игра | Бенфика (2003–денес) Бенфика Б (2003–2006, 2012–2013) Португалија |
Гледачи | 64,642 |
Стадион Луж (португалски: Estádio Lisboa е Benfica) — повеќенаменски стадион кој се наоѓа во Лисабон, Португалија. Објектот најчесто се употребува за фудбалски натпревари, каде своите домаќински натпревари ги има португалскиот клуб Бенфика, кој е и сопственик на стадионот. Стадионот официјално бил отворен на 25 октомври 2003 година со натпревар помеѓу Бенфика и уругвајскиот клуб Национал од Монтевидео, заменувајќи го стариот Стадион Луж кој имал сместивост од 120.000 гледачи.
Стадионот бил дизајниран од HOK Sport Venue Event, а целокупниот проект чинел 118.7 милиони евра.[2]
Според категоризацијата на УЕФА, стадионот е еден од најголемите стадиони во Европа. Стадион Луж бил домаќин на неколку натпревари на УЕФА Евро 2004, вклучувајќи го и финалето на УЕФА Лигата на шампионите 2014. Во октомври 2014 година, тој бил избран за најубав стадион во Европа во онлајн анкетата на францускиот весник „L'Équipe“.[3][4][5]
Именување
[уреди | уреди извор]Претходниот стадион, кој исто така, официјално бил познат како „Estádio do Sport Lisboa e Benfica“, бил именуван во чест на црквата Пресвета Богородица на светлината (португалски: Igreja de Nossa Senhora da Luz), а луѓето од Лисабон го користат за да го наречат единствено „кон светлината“, па заедничко име за стадионот станало „Стадион Луж“ кој вообичаено се преведува на англиски како „Стадион на светлината“.
Каректеристики
[уреди | уреди извор]Архитектот Дејмон Лавале од HOK Спорт Место го дизајнирал стадионот со цел да се фокусира на светлината и транспарентноста. Неговиот поликарбонатен покрив овозможува зраците на сончевата светлина да навлезат во стадионот. На покривот, кој е поддржан од страна на тај-зраци од четири челични столбови, се чини дека се плови на основните трибини. Сводовите изнесуваат 43 метри во висина и тие дополнително придонеле да се дефинира изгледот на стадионот откако бил обликуван да биде сличен на брановидниот профил на три нивоа на стадионот.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „World of Stadiums“. Архивирано од изворникот на 2016-03-03. Посетено на 2017-02-20.
- ↑ 2,0 2,1 „Estádio Sport Lisboa e Benfica (Estádio da Luz)“. StadiumDB.com. Посетено на 15 December 2016.
- ↑ „Estádio da Luz é o mais bonito da Europa“ [Estádio da Luz is the most beautiful of Europe]. Record (португалски). 22 October 2014. Архивирано од изворникот на 24 October 2014. Посетено на 18 June 2016.
- ↑ http://desporto.sapo.pt/futebol/primeira_liga/artigo/2014/10/22/luz-considerado-o-est-dio-mais-bonito
- ↑ http://observador.pt/2014/10/22/estadio-da-luz-e-o-mais-bonito-da-europa/
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Стадион Луж“ на Ризницата ? |
- Матична страница
- Estádio da Luz — Structurae (англиски)