Прејди на содржината

Сетилни органи

Од Википедија — слободната енциклопедија

Животните имаат специјализирани органи за воспоставување врска со средината. Тоа се сетилните органи за: вид, слух, мирис, вкус и допир. Мирисот, вкусот,звукот, светлината и топлината се сетилни дразби. Сетилните органи кај животните имаат огромно значење за нивно одржување, за пронаоѓање на храна, партнери за оплодување, за заштита од непријатели и неповолни услови. Преку сетилните органи и врските со мозокот, животните дознаваат за сè што се случува во животната средина и соодветно реагираат.

Сложените очи на вилинското коњче.

Сетилни органи за вид

[уреди | уреди извор]
Оптичкиот пат на функционирање на сетилото за вид кај човечките очи

Сигурно се присети дека органите за вид ги примаат светлосните дразби. Тие служат за распознавање на светло, темно, форма, големина, боја, движење и друго. Кај зелената еуглена, во предниот дел на телото, во близина на камшичето се наоѓа едно телце наречено очно петно или окце кое реагира на светлосни дразби. Кога еуглената се наоѓа во погорните осветлени делови на водата, таа во цитоплазмата создава хлорофил и се исхранува автотрофно. Во темно, таа го губи хлорофилот и се исхранува хетеротрофно.

Со усложнување на градбата на животните, сетилните клетки за вид се групираат на одредени места во организмот градејќи ги првите сетилни органи за вид - очи. Очите може да бидат прости и сложени. Повеќето прости очи служат за детектирање на светлината, како на пример кај планаријата и други морски црви.

Сложените очи ги сретнуваме кај мекотелите, членконогите и сите ’рбетници. Кај главонозите, раковите и инсектите окото им е сложено, изградено од голем број независни оптички леќи. Секоја леќа гледа само еден дел од предметот, а сите заедно го формираат ликот на предметот во мозокот. цата - жолтатадамка, каде се прима ликот. Помеѓубелката и мрежницата се наоѓа слој наречен садовницакоја е богата со крвни капилари преку кои крупни очи ситни окца(леќи) се храни окото. Во предниот дел садовницата преминува во ирис или шареница, од бојата на ирисот зависи бојата на очите-црна, сина, зелена и други. Во средината на ирисот се наоѓа отвор - црнка или зеница низ кој влегува светлината во окото. Внатрешноста на окото е исполнета со проѕирна пивтиеста маса - стаклесто тело кое му дава цврстина на окото.

Светлосните зраци што паѓаат на предметот што го гледаме, се одбиваат и паѓаат на нашето око. Преку рожницата и црнката светлосните дразби пристигнуваат до леќата која ги собира, прекршува и насочува во задниот дел на окото - очната дамка, формирајќи смален и превртен лик. Преку очниот нерв дразбите се носат до центарот за вид, во мозокот каде се добива реална слика на предметот што го гледаме.

Сетилни органи за слух - уво

[уреди | уреди извор]
Градба на увото кај човекот.

Преку сетилото за слух животните ги примаат звучните дразби кои можат да бидат пријатни, непријатни,предупредувачки и други. Од безрбетниците само инсектите и раковите имаат прости органи за слух во вид на влакненца поставени на предните нозе. ’Рбетниците имаат уши како орган за слух. Цицачите имаат најсложена градба на увото. Увото се состои од три основни дела: Надворешно уво кое го сочинуваат ушен канал и ушно тапанче а кај цицачите и ушна школка; Средно уво е изградено од три ковчиња зглобно поврзани меѓу себе; Внатрешното уво е исполнето со лимфна течност во која плива слушен полжав, два меури и три полукружни канали. Внатре во полжавот се сместени сетилните клетки. Од сетилните клетки започнува слушен нерв кој ги носи звучните дразби до мозокот каде се дознава за видот на звукот.

Кај цицачите звучните бранови ги собираат ушните школки и ги насочуваат кон ушниот канал, удираат на тапанчето и го растреперуваат. Треперењата од тапанчето се пренесуваат преку слушните кофчиња од средното уво до внатрешното уво во кое се наоѓа ушниот полжав. Во ушниот полжав се сместени сетилните клетки кои ги примаат дразбите и ги пренесуваат преку слушниот нерв до центарот за слух во мозокот. Во мозокот се добива претстава за она што го слушаат животните.

Носна празнина

Сетило за мирис

[уреди | уреди извор]

Органите за мирис ги примаат мирисните дразби. Мирисните дразби се примаат во вид на миризливи честички кои се наоѓаат во воздухот. Кога миризливите честички се налепуваат на влажните трепки од сетилните клетки, тие се раствораат и создаваат осет за мирис.

Кај членконогите мирисните дразби се примаат преку влакненцата распоредени по целото тело, а посебно се осетливи влакненцата на антените.

Кај рибите сетилото за мирис се наоѓа на мустачињата, усните и усната празнина.

Кај копнените ’рбетници сетилото за мирис е сместено во горниот дел на носната празнина. Сетилните клетки се издолжени по форма, кои на едниот крај имаат сетилни влакненца, а на другиот крај долги нервни влакна кои го сочинуваат мирисниот нерв. Тој нерв ги носи дразбите до центарот за мирис во мозокот Мирисните дразби можат да бидат пријатни и непријатни. Голем број на животни со сетилото за мирис си наоѓаат храна,партнер за размножување и можат да ја разликуваат храната.

Сетило за вкус

[уреди | уреди извор]

Органите за вкус служат за примање на вкусните дразби и за распознавање на храната дали е пријатна или непријатна за јадење. Вкусните дразби како и мирисните се примаат како растворени материи. Растворените материи ги дразнат сетилните клетки за вкус, од каде дразбата се предава на сетилниот нерв кој истата ја носи до центарот за вкус во мозикот. Тогаш се дознава за вкусот на храната.

Кај членконогите сетилото за вкус е сместено на влакненцата по целото тело. Посебно се осетливи влакненцата на антените.

Кај рибите сетилото за вкус е сместено на усните, усната празнина и на мустачињата.

Кај копнените ’рбетници сетилните клетки се распоредени во вид на брадавички на јазикот и расфрлани сетилни клетки на непцето и грлото. Вкусот на храната може да биде: солен, сладок, кисел и горчлив. Многу животни, како и човекот се потпираат на ова сетило при изборот на храната.

Кожа

Сетило за допир

[уреди | уреди извор]

Сетилото за допир е сместено во кожата. Целата кожа е осетлива на допир . Кај некои животни ,некои делови од телото се поосетливи. На пример кај инсектите и полжавите најосетливи се пипалата.

Кај рибите сетилните клетки за допир се сместени во страничната линија на телото.

Кај птиците најосетлив на допир е врвот на клунот.

Кај цицачите најосетливи се врвовите на прстите, дланките, шепите и усните. Со сетилото за допир се открива формата, тврдоста, тежината, рапавоста на предметите и храната.