Прејди на содржината

Селва Бакр

Од Википедија — слободната енциклопедија

Селва Бакр (1949, Каиро, Египет) - египетска писателка.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Бакр најпрвин магистрирала економија, но потоа дипломирала театрологија по што станала позната театарска и филмска критичарка.[1]

Творештво

[уреди | уреди извор]

Во своите дела, Бакр најчесто го опишува страдањето на малиот човек од предградијата на Каиро. Најчесто главни ликови во нејзините дела се жените, скицирани со неколку потези, но доволно убедливи да ги прикажат нивните маки и стремежи. Најважни нејзини дела се: „За душата која постепено е крадена“, „Златната кочија не се качува на небото“, „Опис на славејот“, „Зајачиња“, „Како селанката меси тесто“ итн.[1]

  1. 1,0 1,1 Riba, patka, vodozemac: Priče o životinjama (Priredila Ljubica Arsić). Beograd: Laguna, 2014, стр. 229.