Сан Хуан (на шпански: San Juan) е главниот и најголемиот град во Порторико, сместен на североисточниот дел од островот. Според последниот попис, градот има 433.733 жители, правејќи го 42 најголем град под јурисдикција на САД. Сан Хуан е ѝ најстарата европска населба во САД.
Сан Хуан е основан од шпанските колонисти во 1521 година, а тој е најстариот град во Порторико. Денес, Сан Хуан е најважното пристаниште, како и главниот производствен, финансиски, културен и туристички центар на островот. Сан Хуан со околните општини (Бајамон, Каролина, Гвајнабо итн.) има околу 1,3 милиони жители, како резултат на што од 3 Порториканци, барем само еден живее во оваа област. Главните аеродроми во областа се Луиз Муњос, сместен во Каролина и Фернандо Рибас Доминики, сместен на Исла Гранде во Сан Хуан.