Религија во Брегот на Слоновата Коска
Религијата во Брег на Слоновата Коска има значајна улога во секојдневниот живот на луѓето во земјата. Според последните проценки (2011-12) од страна на ЦИА, христијанството се практикува од страна на 46,7% од населението (поделени помеѓу Римокатолици со 19,4%, Евангелисти со 19,3%, Методисти со 2,5% и други христијански со 4,5%). Исламот се практикува од страна на 40,2% од населението, 12,8% од населението е атеисти или го следат анимизмот односно традиционална африканска религијата и другите религии со 1,4%[1].
Христијанството се практикува во различни форми низ целата земја, иако главно најмногу е застапено во јужниот[1], додека исламот е најмногу застепен во северниот дел. Христијанските мисионери пристигнале во земјата ви текот на 17 век. Христијанските празници се официјално признати како и муслиманските.
Верските заедници обично коегзистираат на мирен начин. Преминувањето од една во друга религија е поединечно. Голем број на семејства се со мешана верска определба. Верската толеранција е исто така дел од политиката на владата. Претседателот лично придонесува за трошоците за изградба на џамии и цркви, и ги охрабрува и муслиманите и христијаните да помогнат во проекти на другите верски заедници. Уставот повикува на секуларна држава, иако тоа не се толкува како строга поделба на црквата и државата. Службениците често посетуваат религиозни церемонии, како и претставници на државата.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 „Cote d'Ivoire“. The World Factbook — Central Intelligence Agency (англиски). United States Government. Архивирано од изворникот на 2020-08-31. Посетено на 6 May 2017.
|