Пјер-Емерик Обамејанг
Пјер-Емерик Обамејанг | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Полно име |
Пјер-Емерик Емилиано Франсоа Обамејанг[1] | ||
Роден на | 18 јуни 1989 | ||
Роден во | Лавал, Франција | ||
Држава |
Франција Габон (од 2009) | ||
Висина | м[2] | 1,86||
Позиција | напаѓач | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Челси | ||
Број | 9 | ||
Младинска кариера | |||
2007-2008 | Милан | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2008-2011 | Милан | 0 | (0) |
2008-2009 | → Дижон | 34 | (8) |
2009-2010 | → Лил | 14 | (2) |
2010-2011 | → Монако | 19 | (2) |
2011-2013 | Сент Етјен | 87 | (37) |
2013-2018 | Борусија Дортмунд | 144 | (98) |
2018-2022 | Арсенал | 128 | (68) |
2022 | Барселона | 18 | (11) |
2022- | Челси | 0 | (0) |
Репрезентација ‡ | |||
2009 | Франција 21 | 1 | (0) |
2012 | Габон 23 | 3 | (1) |
2009- | Габон | 56 | (23) |
* Ажурирано на: 3 јули 2012 ** Ажурирано на: 3 јули 2012 |
Пјер-Емерик Обамејанг (роден на 18 јуни 1989) — габонски фудбалер, напаѓач на Барселона и на габонската репрезентација.[3] Тој е син на поранешниот фудбалер Пјер Обамејанг и помал брат на Катилина и Вили, кои биле исто така фудбалери.
Кариерата ја започнал во Милан, кој го позајмувал на четири француски клубови пред да потпише постојан договор со Сент Етјен во 2011 година. После две сезони во Сент Етјен, се преселил во Борусија Дортмунд за 13 милиони евра. Со Борусија Дортмунд тој освоил еден Куп и два Суперкупа на Германија. Во јануари 2018 се преселил во англискиот Арсенал за клупски рекорд од 56 милиони фунти. И покрај тоа што што направил еден настап за младата репрезетнација под 21 година на Франција, Обамејанг дебитирал на сениорско репрезентативно ниво за селекцијата на Габон во 2009 година со која настапил четири пати на Африканскиот куп на нации (во 2010, 2012, 2015 и 2017) и Олимпискиот фудбалски турнир во 2012.
Во 2015 година Обамејанг бил избран за Африкански фудбалер на годината, станувајќи првиот Габонец кој ја освоил наградата.[4] Во декември 2016, тој бил именуван од The Guardian за деветти најдобар фудбалер во светот.
Клупска кариера
[уреди | уреди извор]Почетоците со Милан и позајмиците во Франција
[уреди | уреди извор]Обамејанг се приклучил на Примавера составот на Милан во јануари 2007. Во август истата година тој бил дел од тимот кои учествувал на првото издание на Младинскиот куп на шампиони кој се одржал во Малезија, каде што бил најдобар стрелец на турнирот со 7 гола во 6 натпревари и освојувајќи го "Трофејот Роберто Бетега".[5]
Во сезоната 2008-2009 бил позајмен на Дижон,[6] со цел редовно да игра во првиот тим. Своето деби во Лига 2 го направил на 1 август 2008 во натпреварот Ленс-Дижон 3-1,[7] а својот прв погдок меѓу професионалците го постигнал на 22 август, во победата со 2-1 над Тур.[8]
На 23 мај 2009, по завршувањето на сезоната со Дижон, отишол на заем на една година со право на откуп во Лил.[9] Дебитирал во дресот на Лил на 6 август 2009 во натпреварот од Лигата на Европа против Севојно, влегувајќи на местото на Ларсен Туре во 64-тата минута.[10] Само три дена подоцна го имал својот прв настап во Лига 1 во натпреварот против Лорјан, влегувајќи одново како резерва на местото на Франк Берија во 59-тата минута.[11] На 13 декември 2009 година го постигнал својот прв гол како играч на Лил во првенствениот натпревар против Монако,[12] поставувајќи го конечниот резултат 4-0.[13]
По завршувањето на сезоната, Лил одлучил да не го користи правото на откуп и играчот се вратил во Милан, клубот сопственик на неговиот договор.[14] На 7 јули 2010, Обамејанг бил проследен на уште една позајмица со право на откуп во Франција, овојпат во Монако.[15] Своето деби со Монако го имал на 7 август 2010 во натпреварот од првото коло на Лига 1 2010-2011 против Олимпик Лион што завршил без голови 0-0.[16] На 21 август 2010, тој го постигнал својот прв гол за Монако на гостувањето кај Ленс, а подоцна истиот месец ја погодил и мрежата на Осер во победата со 2–0 на Луј II. Неговиот период на заем во Монако бил прекинат порано од предвиденото и траел само шест месеци, во кој Обамејанг одиграл 23 натпревари во сите натпреварувања и постигнал два гола (двата во лигата).
Сент Етјен
[уреди | уреди извор]На 31 јануари 2011 бил официјализиран неговиот премин во Сент Етјен, до крајот на сезоната 2010-2011, на позајмица со право на откуп.[17] Своето деби со Сент Етјен го имал на 5 февруари 2011 против Монпелје,[18] влегувајќи од клупата на местото на Алехандро Алонсо во 62-рата минута од натпреварот.[19]
На 9 април 2011 година во натпреварот против Осер го постигнал првиот гол во зелениот дрес.[20] На крајот на сезоната, Обамејанг запишал 14 натпревари и 2 гола, а Милан и Сент Етјен се согласиле да ја продолжат позајмицата на играчот во францускиот клуб за уште една година.[21] Откако Обамејанг одиграл одлична полусезона постигнувајќи 6 првенствени гола, на 22 декември 2011 година, Сент Етјен објавил дека го откупил габонскиот напаѓач од Милан за цена од еден милион евра, потпишувајќи договор со играчот до 2016.[22][23]
На 22 февруари 2012, во 22-рото коло од француската Лига 1 за сезоната 2011-2012 Обамејанг го постигнал својот прв хет-трик во кариерата во победата со 4-2 над Лорјан.[24] Сезоната ја завршил со 18 гола во 38 натпревари (во сите натпреваувања), од кои 16 во Лига 1, што е рекорд за постигнати голови во една сезона во француската прва лига од играч на Сент Етјен, изедначен со Бафетимби Гоми.[25]
Следната сезона тој го подобрил овој рекорд успевајќи да постигне 19 гола во 37 првенствени натпревари, завршувајќи како втор најдобар стрелец во Лига 1 2012-2013 зад Златан Ибрахимовиќ.[26] Тој додал уште 4 гола во Купот на Франција а покрај тоа, исто така, помогнал за освојувањето на Лига купот на Франција (го одиграл целиот натпревар во финалето), прв во историјата на клубот од Лоара.[27]
Вкупно за две и пол сезони поминати во дресот на Сен Етјен тој одиграл 97 натпревари и постигнал 41 гол.
Борусија Дортмунд
[уреди | уреди извор]На 4 јули 2013, Борусија Дортмунд го комплетирала трансферот на Обамејанг кој потпишал 5 годишен договор со германскиот клуб.[28] Трансферот на играчот ги чинел милионерите 13 милиони евра плус 2 милиони бонуси во зависност од неговите перформанси.[29][30]
Дебитирал за Борусија на 27 јули, во натпревар од Суперкупот на Германија, во кој Борусија Дортмунд го победила Бајерн Минхен, влегувајќи од клупата за резерви на местото на Јакуб Блашчиковски на 18-минути до крајот и асистирал за последниот погодок на Марко Ројс со кој биле поставени конечните 4-2.[31] На 10 август 2013 година, дебитирал во Бундеслигата, постигнувајќи хет-трик во победата со 4-0 на гости против Аугусбург.[32] Во тој натпревар исто така станал првиот габонец кој се појавил во некој натпревар од Бундеслигата.[33] На 27 ноември, тој го постигнал својот прв гол во Лигата на шампионите во победата со 3-1 против Наполи во групна фазa.[34]
Арсенал
[уреди | уреди извор]Во јануари 2018, Обамејанг потпишал за англискиот Арсенал за клупски рекорд од 56 милиони фунти.[35][36] Тој одбрал да го носи дресот со број 14, кој некогаш го носел легендарниот фудбалер на топџиите Тјери Анри, а останал слободен по заминувањето на Тио Волкот во Евертон десеттина дена претходно.[37]
Барселона
[уреди | уреди извор]На 2 февруари 2022, Обамејанг потпишал за Барселона.
Репрезентативна кариера
[уреди | уреди извор]Обамејанг бил повикан да игра за репрезентацијата на Италија под 19 години по добрата сезона со Дижон, но тој дебитирал за репрезентацијата на Франција под 21 година во февруари 2009 година во пријателски натпревар против Тунис.[38]
На 25 март 2009 година, Обамејанг го добил првиот повик за настап во габонската репрезентација[39] и го направил своето деби во победата со 2-0 над Мароко, постигнувајќи го притоа и својот прв репрезентативен погодок.[39]
Клупска статистика
[уреди | уреди извор]Статистиката е последно ажурирана на 17 декември 2016.
Сезона | Клуб | Првенство | Национален куп | Континентален куп | Останати купови | Вкупно | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Наст | Гол | ||
2008-2009 | Дижон | Л2 | 34 | 8 | КФ+ЛКФ | 2+1 | 0 | - | - | - | - | - | - | 37 | 8 |
2009-2010 | Лил | Л1 | 14 | 2 | КФ+ЛКФ | 0+1 | 0 | ЛЕ | 7 | 0 | - | - | - | 24 | 2 |
2010-јан. 2011 | Монако | Л1 | 19 | 2 | КФ+ЛКФ | 1+3 | 0 | - | - | - | - | - | - | 23 | 2 |
јан.-јун. 2011 | Сент Етјен | Л1 | 14 | 2 | КФ+ЛКФ | - | - | - | - | - | - | - | - | 14 | 2 |
2011-2012 | Л1 | 36 | 16 | КФ+ЛКФ | 0+2 | 0+2 | - | - | - | - | - | - | 38 | 18 | |
2012-2013 | Л1 | 37 | 19 | КФ+ЛКФ | 4+4 | 2+0 | - | - | - | - | - | - | 45 | 21 | |
Вкупно Сент Етјен | 87 | 37 | 10 | 4 | 97 | 41 | |||||||||
2013-2014 | Борусија Дортмунд | БЛ | 32 | 13 | КГ | 6 | 2 | ЛШ | 9 | 1 | СГ | 1 | 0 | 48 | 16 |
2014-2015 | БЛ | 33 | 16 | КГ | 4 | 5 | ЛШ | 8 | 3 | СГ | 1 | 1 | 46 | 25 | |
2015-2016 | БЛ | 31 | 25 | КГ | 4 | 3 | ЛЕ | 14 | 11 | - | - | - | 49 | 39 | |
2016-2017 | БЛ | 14 | 16 | КГ | 1 | 0 | ЛШ | 5 | 4 | СГ | 1 | 0 | 21 | 20 | |
Вкупно Борусија Дортмунд | 110 | 70 | 15 | 13 | 36 | 19 | 3 | 1 | 164 | 100 | |||||
Вкупно во кариерата | 264 | 119 | 35 | 17 | 43 | 19 | 3 | 1 | 345 | 153 |
Хет-трикови
[уреди | уреди извор]4. гола
[уреди | уреди извор]5 ноември 2016 Бундеслига | Хамбургер | 2 – 5 | Борусија Дортмунд | Фолкспаркштадион, Хамбург |
---|---|---|---|---|
15:30 ЦЕВ |
Милер 55', 81' | Извештај | Обамејанг 4', 23', 27', 48' Дембеле 76' |
Судија: Саша Стегеман |
3. гола
[уреди | уреди извор]22 февруари 2012 Лига 1 | Сент Етјен | 4 – 2 | Лорјан | Стад Жофроа Гишар, Сент Етјен |
---|---|---|---|---|
18:30 ЦЕВ |
Обамејанг 56', 68', 90' Екуеле Манга 53' (а.г.) |
Извештај | Мвуемба 49' (пен..) Отре 75' |
Судија: Беноа Бастиен |
15 јуни 2013 Лига 1 | Габон | 4 – 1 | Нигер | Стад де Порт Жантил, Порт Жантил |
---|---|---|---|---|
17:00 ЦЕВ |
Обамејанг 43' (пен..), 87' (пен..), 90+8' (пен..) Екуеле Манга 90+7' |
Извештај | Али 14' | Судија: Семуел Чиринда |
10 август 2013 Бундеслига | Аугсбург | 0 – 4 | Борусија Дортмунд | ВВК Арена, Аугсбург |
---|---|---|---|---|
15:30 ЦЕВ |
Извештај | Обамејанг 24', 66', 79' Левандовски 86' |
Судија: Кнут Кирхер |
22 октомври 2015 Лига Европа | Габала | 1 – 3 | Борусија Дортмунд | Бакџел Арена, Баку |
---|---|---|---|---|
17:00 ЦЕВ |
Додо 90+3' | Извештај | Обамејанг 31', 38', 72' | Судија: Иван Бебек |
25 октомври 2016 Бундеслига | Борусија Дортмунд | 5 – 1 | Аугсбург | Сигнал Идуна Парк, Дортмунд |
---|---|---|---|---|
15:30 ЦЕВ |
Обамејанг 18', 85', 90' Ројс 21', 34' |
Извештај | Бобадилја 49' | Судија: Мануел Грефе |
Титули
[уреди | уреди извор]Сент Етјен[40]
[уреди | уреди извор]- Лига куп на Франција (1) : 2012–2013
Борусија Дортмунд[40]
[уреди | уреди извор]- Куп на Германија (1) : 2016-2017
- Суперкуп на Германија (2) : 2013, 2014
Арсенал[40]
[уреди | уреди извор]- ФА Куп (1) : 2019-2020
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Player Details – Pierre-Emerick Aubameyang“. CAF Online. Посетено на 16 октомври 2014.
- ↑ https://www.chelseafc.com/en/teams/profile/pierre-emerick-aubameyang
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2011-10-03. Посетено на 2017-01-19.
- ↑ „Pierre-Emerick Aubameyang beats Yaya Toure to Caf award“. BBC. 7 January 2016. Посетено на 8 January 2016.
- ↑ La Gazzetta dello Sport, уред. (20 август 2007). „Juve k.o. in Malesia, trionfa il Manchester“. Посетено на 21 април 2009.
- ↑ tuttomercatoweb.com, уред. (21 јуни 2008). „Ufficiale: Milan, Aubameyang al Digione“. Посетено на 16 декември 2010.
- ↑ lfp.fr, уред. (1 август 2008). „RC Lens-Dijon FCO 3-1“ (француски). Архивирано од изворникот на 2016-11-06. Посетено на 16 декември 2010.
- ↑ lfp.fr, уред. (22 август 2008). „Dijon FCO-Tours FC 2-1“ (француски). Архивирано од изворникот на 2016-11-06. Посетено на 16 декември 2010.
- ↑ Raimondo De Magistris (24 јуни 2009). tuttomercatoweb.com (уред.). „Ufficiale: Pierre-Emerick Aubameyang al Lille“. Посетено на 12 август 2009.
- ↑ uefa.com, уред. (6 август 2009). „LOSC Lille Métropole 2-0 FK Sevojno“. Посетено на 12 август 2009.[мртва врска]
- ↑ lfp.fr, уред. (9 август 2009). „LOSC Lille Métropole-FC Lorient 1-2“ (француски). Архивирано од изворникот на 2013-04-08. Посетено на 16 декември 2010.
- ↑ losc.fr, уред. (15 декември 2009). „Après Monaco-LOSC (0-4), les réactions“ (француски). Посетено на 15 декември 2009.
- ↑ losc.fr, уред. (13 декември 2009). „Monaco 0 - 4 LOSC“ (француски). Посетено на 15 декември 2009.
- ↑ tuttomercatoweb.com, уред. (19 јуни 2010). „Milan, Aubameyang: "Penso all'Inghilterra"“. Посетено на 26 октомври 2010.
- ↑ asm-fc.com, уред. (6 јули 2010). „Aubameyang a signé, Mollo prêté à Caen“ (француски). Архивирано од изворникот на 2011-07-26. Посетено на 7 јули 2010.
- ↑ asm-fc.com, уред. (7 август 2010). „Ol. Lyonnais - AS Monaco FC : 0-0“ (француски). Архивирано од изворникот на 2010-09-18. Посетено на 8 август 2010.
- ↑ asse.fr, уред. (31 јануари 2011). „Aubameyang en Vert“ (француски). Посетено на 4 февруари 2011.
- ↑ asse.fr, уред. (5 февруари 2011). „Montpellier 1–2 ASSE : Les Verts en Hérault“ (француски). Посетено на 6 февруари 2011.
- ↑ lfp.fr, уред. (5 февруари 2011). „Montpellier Hérault SC 2-1 AS Saint-Etienne“ (француски). Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 6 февруари 2011.
- ↑ asse.fr, уред. (9 април 2011). „Auxerre 2-2 ASSE : De l'allant et du répondant“ (француски). Посетено на 10 април 2011.
- ↑ asse.fr, уред. (11 јули 2011). „Pierre-Emerick Aubameyang de retour“ (француски). Посетено на 28 јули 2011.
- ↑ asse.fr, уред. (22 декември 2011). „Officiel : Aubameyang est définitivement Stéphanois“ (француски). Посетено на 22 декември 2011.
- ↑ Gianluca Losco (22 декември 2011). tuttomercatoweb.com (уред.). „Ufficiale: Saint-Etienne, riscattato Aubameyang dal Milan“. Посетено на 22 декември 2011.
- ↑ sport24.com, уред. (23 февруари 2012). „Aubameyang ne l'oubliera pas“ (француски). Посетено на 23 февруари 2012.[мртва врска]
- ↑ Franck Talluto (21 мај 2012). sport24.com (уред.). „Aubameyang: «Une superbe saison»“ (француски). Архивирано од изворникот на 2012-08-21. Посетено на 21 мај 2012.
- ↑ ligue1.com, уред. (26 мај 2013). „Zlatan Ibrahimovic a marqué la Ligue 1“ (француски). Посетено на 4 јули 2013.
- ↑ TF1, уред. (20 април 2013). „Saint-Etienne s'offre la Coupe de la Ligue, la première de son histoire“ (француски). Архивирано од изворникот на 2013-06-15. Посетено на 4 јули 2013.
- ↑ bvb.de, уред. (4 јули 2013). „Borussia Dortmund verpflichtet Aubameyang“ (германски). Посетено на 4 јули 2013.
- ↑ L'Équipe, уред. (4 јули 2013). „Aubameyang, c'est fait !“ (француски). Посетено на 25 јули 2013.
- ↑ Bild, уред. (4 јули 2013). „Offiziell! BVB holt Aubameyang“ (германски). Архивирано од изворникот на 2013-12-30. Посетено на 25 јули 2013.
- ↑ Carlo Pizzigoni (27 јули 2013). La Gazzetta dello Sport (уред.). „Supercoppa tedesca, Guardiola stecca, Reus no: Dortmund-Bayern Monaco 4-2“. Посетено на 29 јули 2013.
- ↑ Stefano Cantalupi (10 август 2013). La Gazzetta dello Sport (уред.). „Bundesliga, anche il Borussia Dortmund comincia bene“. Посетено на 11 август 2013.
- ↑ „Aubameyang hat-trick has Dortmund flying“. Bundesliga.de. Посетено на 10 August 2013.
- ↑ „Borussia Dortmund gain lifeline after turning on the style against Napoli“. The Guardian. 27 November 2013. Посетено на 19 December 2013.
- ↑ Arsenal F.C. (31 јануари 2018). "Pierre-Emerick Aubameyang signs for the club". Соопштение за печат.
- ↑ „Pierre-Emerick Aubameyang completes £56m Arsenal move“. The Guardian (англиски). 2018-01-31. Посетено на 2018-01-31.
- ↑ Arsenal confirm Pierre-Emerick Aubameyang will wear Thierry Henry’s legendary squad number
- ↑ „FFF : sélections, football, fiche, espoirs, féminines, masculines, UEFA, FIFA“ (француски). Fff.fr. Архивирано од изворникот на 23 February 2009.
- ↑ 39,0 39,1 „Giresse turns to Aubameyang youngsters“. FIFA.com. 24 March 2009. Архивирано од изворникот на 2012-11-11. Посетено на 10 August 2013.
- ↑ 40,0 40,1 40,2 Трофеи на Пјер-Емерик Обамејанг
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Пјер-Емерик Обамејанг на soccerway
- Пјер-Емерик Обамејанг на transfermakt
- Пјер-Емерик Обамејанг на whoscored
- Пјер-Емерик Обамејанг на espn
- Пјер-Емерик Обамејанг на goal.com
|
|
|