Прејди на содржината

Патрона Халил

Од Википедија — слободната енциклопедија
Патрона Халил
Роден околу 1690
Хрупишта
Починал 1730
Цариград
Занимање јаничар

Патрона Халил (Хрупишта, околу 1690 - 25 ноември 1730 во Цариград) бил потикнувач на востанието од 1730 година кое довело до детонирање на султанот Ахмед III и негова замена со Махмуд I со кое завршила ерата на лалињата[1].

Халил по потекло бил Албанец од Македонија. Станал дел од јаничарскиот корпус и по крајот на јаничарскиот бунт во Ниш и Видин се преселил во Истанбул. Во Галата работел како трговец а имал и меана. Востанието започнало кога група бунтовници започнале со немири во Истанбул поради луксузниот живот на дворските чиновници. Бунтот започнал пред Бајазидовата џамија, а самите трговци ги затвориле своите продавници и се приклучиле кон бунтот. Султанот Ахмед III за да ги задоволи нивните барања наредил погубување на Ибрахим Паша. По крајот на бунтот империјата била во рацете на бунтовниците. Патрона Халил го однесел новиот султан во Ејуп џамијата каде официјално пред мечот на Осман бил прогласен и поставен на функцијата.

Еден грчки трговец, Јанаки, кој претходно му позајмил пари за поддршка на бунтовниците бил поставен како господар на Молдавија и покрај тоа што тој никогаш не ја презел таа функција. Кримскиот хан, заедно со големиот везир, муфтијата и агите на јаничарите успеале да го задушат востанието а Патрона бил убиен во присуство на султанот[2]. Неговиот грчки пријател заедно со околу 7,000 други исто така биле убиени.

  1. *Altınay, Ahmet Refik (Hrz. Haydar Ali Dirioz), (1973) Lale Devri
  2. Sakaoğlu, Necdet, Bu Mülkün Sultanları, say. 325-331.