Прејди на содржината

Паторот Дачо

Од Википедија — слободната енциклопедија
Паторот Дачо

Паторот Дачо (англиски: Daffy Duck) — цртан-лик на Луни тунс на Ворнер брос. И сериите цртани-филмови Мери Мелодии, често растргнат помеѓу улогите на најдобар другар и понекогаш најголем соперник на Душко Долгоушко. Дачо бил еден од првите “чудни” ликови кој се појавил во доцните 1930-ти и ги заменил традиционалните обични ликови, како Мики Маус и Попај, кои биле популарни порано таа деценија. Дачо се појавил во 133 кратки филмови во Златното Доба, трет меѓу цртаните филмови на Луни Тјунс/Мери Мелодии, по 166 појавувања на Душко Долгоушко и 159 појавувања на Прасето Гицко.[1][2]

Дачо бил на 14 место на списокот на 50 најдобри цртани ликови на ТВ Водич, и се појавил на насловната на едно од изданијата како Паторот Доџерс со Прасето Гицко и Летечките Девојки (сите во сопственост на Тајм Ворнер).[3][4][5][6][7]

Историја

[уреди | уреди извор]

Дачо за првпат се појавува на 17 април 1937 година, во Ловот на Патки на Прасето Гицко, во режија на Текс Авери и анимација на Боб Клампет. Цртаниот филм е стандарден ловец/плен пар со кој се прославило студиото на Леон Шлесингер, но Дачо (едвај нешто повеќе од епизодист во овој краток филм) претставувал нешто ново за посетителите на кината: самоуверен, борбен главен јунак, целосно незадржлив. Подоцна Клампет се присетил: “Во тоа време, публиката не беше навикната да гледа цртан лик што прави такви работи. Па така, кога излезе во кината, беше експлозија. Луѓето излегуваа од кино салите зборувајќи за Паторот Дачо.

Дачо во почетокот бил помалку антропоморфичен и личел на “нормална” патка. Карактеризирањето на гласот на Дачо со тој на Мел Бланк и белиот прстен на вратот во контраст со црните пердуви, се единствените особини на ликот кои останале доследни низ годините. Гласот на Бланк за Дачо го држи светскиот рекорд за најдолгата карактеризација на еден анимиран лик од оригиналниот глумец: 52 години.

Потеклото на гласот на Дачо е предмет на некои дебати. Една од почесто повторуваните “официјални” приказни е оформен по тенденцијата на продуцентот Шлесингер да шушка кога зборува. Меѓутоа, во автобиографијата на Мел Бланк, Тоа не е сè народе!, тој го негира тоа вообичаено верување, пишувајќи: “Ми се чини дека таква проширена долна вилица го отежнува неговиот говор, особено на зборови кои го содржат гласот с. Како резултат на тоа, англискиот збор “despicable” станал “desthpicable”.

Лигавењето на Дачо, претераното шушкање било развиено со тек на време, а во последните цртани филмови едвај се забележувало. Во Паторот Дачо и Учената глава, Дачо воопшто не шушка кога зборува, освен во посебно нацртната сцена каде што Дачо ја пее “Вртелешката се расипа”, во која може да се слушне само малку шушкање.

Дачо нема официјално средно име, но понекогаш му давале “подбивно” средно име карактеристично за содржината на некој од цртаните филмови. Во Скарлет Памперникел (1949 година), тој се нарекува себеси Паторот Дачо Думас, како писателот на авантуристички сценарија, а тоа е Александар Думас. Во Шоуто на Луни Тјунс (2011 година), ги има смешните средни имиња Армандо и Шелдон.

Различни толкувања

[уреди | уреди извор]

Виртуелно секој директор на цртаните филмови на Ворнер Брос го прикажува Дачо на свој начин – тој може да е луд одмаздник во еден филм, но и алчен трагач по слава во друг. Боб Клампет и Чак Џонс направиле поопширна примена на овие две верзии на ликот.

Златно доба

[уреди | уреди извор]

Раните години на Дачо од 1937-1940 година

[уреди | уреди извор]

Текс Авери ја создал оригиналната верзија на Дачо во 1937 година. Дачо го воспоставил својот статус скокајќи во водата, подрипнувајќи наоколу, извикувајќи “Опаа! Опаа! Опаа! Опаа! Опаа! Аниматорот Боб Клампет го прифатил ликот на Паторот Дачо и го ставил во серија на цртани филмови во 1930-те и 1940-те. Дачо на Клампет е див и будалест чудак, постојано потскокнувајќи низ екранот со извикувања:”Опаа! Опаа! Во неговата автобиографија, Мет Бланк изјавил дека будалестото однесување било инспирирано од слоганот на Хју Херберт, кој бил доведен до екстремност за Дачо). Клампет повторно го дизајнирал ликот физички, правејќи го повисок и послаб, и обликувајќи ги неговите нозе и клун. Често се појавувал заедно со Прасето Гицко.

Втора светска војна Дачо од 1941-1945 година

[уреди | уреди извор]

Дачо исто така се појавил и во неколку краткометражни филмови со воена содржина за време на Втората светска војна. Дачо секогаш останал доследен на својата нескротлива природа, сепак, на пример: обид да избегне регрутирање во Одредот Дачо (1945 година), борба со фашистичка коза која има намера да го изеде парчето метал на Дачо во Трошка Среќен Дачо (1943 година), удирање во главата на Адолф Хитлер во Дачо Командантот во 1943 година.

Дачо од 1946-1952 година

[уреди | уреди извор]

За Шкртаници Дачо (неговиот прв Луни Тјунс цртан филм како директор), Роберт МекКимсон, Ср. Го направил Дачо малку неинтересен, повторно дизајнирајќи го да биде пообликуван и помалку еластичен. Студиото исто така ја вметнало и итрината на Душко Долгоушко во Паторот, правејќи го брилијантен кога зборува и кога се глупира. Партнер на Дачо му бил Прасето Гицко; така ликот кој еднаш му бил соперник, сега станал негов партнер за потсмев. Арт Дејвис, кој ги режирал краткометражните цртани филмови на Ворнер Брос неколку години во 1940-те, сè додека надредените не одлучиле да има само 3 тима (МекКимсон, Фриц Фриленг и Џонс) кои ќе го претстават Дачо сличен на оној на МекКимсон. МекКимсон е познат како последен од трите тима кој го правел Дачо ист како на Ејвери, дури и во поновите филмови како Немој да ме бришеш (1958 година), со одлики на “чудакот” Дачо.

Врвот во кариерата на Дачо од 1953-1964 година

[уреди | уреди извор]

Додека деновите на Дачо во Луни биле завршени, МекКимсон продолжил да го прави добар или лош во зависност од потребата за улогите. МекКимсон ќе го користи овој Дачо од 1946 до 1961 година. Верзијата на Фриц Фриленг по препорака на Чак Џонс го прави Дачо попријатен, како во Душко Долгоушко во Шоу Бизнисот. Овде Дачо е арогантен и љубоморен на Душко, но има голем талент, кој го игнорираат менаџерот на театарот и публиката. Овој цртан филм завршува со сцена во која Дачо се обидува да ја импресионира публиката која е зашеметена од Душко Долгоушко, со точка во која пие бензин и голта нитроглицерин, барут и ураниум-238 (во зеленикав раствор), скока надолу нагоре за да “измеша подобро” и на крај голта запалено чкорче кое експлодира во целата таа неверојатна мешавина. Некои ТВ станици и во 1990-те кабелската мрежа ТНТ, ја исекла опасната точка, стравувајќи од имитација на малите деца.

Дачо на Чак Џоунс од 1951-1964 година

[уреди | уреди извор]

Дачо и прасето Гицко во пародии на познати филмови од 1951-1965 година

Додека Душко Долгоушко станувал најпознат лик на Ворнер Брос, режисерите сепак наоѓале широка примена и на Дачо. Се појавил во неколку цртани филмови – пародии на познати филмови и радио емисии. На пример, Јавање со Дачо (издаден во 1951 година и именуван по познатиот лик во Скокање со Кесиди) го става Дачо во каубојски филм, додека пак Робин Худ Дачо (1958 година) му ја наметнува улогата на легендарниот разбојник Робин Худ. Во Паторот Доџерс во 24½th Century (1953 година), пародија на Бак Роџерс, Дачо продава боцки (и куршуми) со Марвин Борецот и прасето Гицко како негов подреден партнер. Други пародии се Дачо во Големиот прасечки грабеж на банка (1946 година), како Паторот Тваси (Дик Трејси) (на Боб Клампет) и како Здрвен Патор (Супермен, сега веќе сопственост на ВБ) (на Роберт МекКимсон).

Душко Долгоушко и Дачо од 1951-1964 година

[уреди | уреди извор]

Успехот на Душко Долгоушко со славата ги предизвикал аниматорите на Ворнер да му дадат на Дачо улога како противник на Душко, крајно љубоморен и решен да се врати во центарот на вниманието, додека Душко или бил рамнодушен на љубомората на паторот, или го вртел тоа во своја корист. Желбата на Дачо да стекне слава по секоја цена е уште од 1940-те, во Мораш да си на кино на Фриленг, но идејата најуспешно била реализирана од Чак Џонс, кој уште еднаш повторно го дизајнирал Паторот, правејќи го послаб и неуреден. Во познатата “Ловечка Трилогија” на Џоунс (или “Сезона на Патки/Сезона на зајаци Трилогија”) на Зајачки Оган, Сезона на зајаци, и Патка! Зајак, патка! (секој по редоследот издаден во 1951, 1952 и 1953 година) суетата и возбуденоста на Дачо му обезбедуваат на Душко Долгоушко совршена прилика да го надитри несреќниот Елмер Фад постојано да нишани и пука кон клунот на Паторот. Исто така, овие цртани филмови ја откриваат познатата фраза на Дачо, “Ти си подол!” на Џоунс, која Дачо ја гледа како инстинкт за самоодржување, а не себичност. Сепак, овој Дачо не може да направи ништо што би му успеало, освен да ги запали пердувите на својот опаш, како и своето достоинство. Се смета дека Чак Џоунс го засновал новиот карактер на Дачо на неговиот колега аниматор Боб Клампет кој исто тако Дачо, бил бесрамен самопромотер.

Во новите серии на Картун Нетворк Шоуто Луни Тјунс Душко Долгоушко и Дачо живеат заедно во предградие, спроти Јосемин Сем.

Филмскиот критичар Стив Шнајдер ја нарекува верзијата на Дачо на Џоунс “еден вид на неконтролиран инстинкт”. Џоунс вели дека неговата верзија на ликот “ги изразува сите работи кои ние се плашиме да ги изразиме”. Ова е очигледно во Бесен Патор (1953 година) на Џоунс, едно од малкуте непобитни ремек дела на американската анимација”според Шнајдер. Во епизодата, Дачо го вознемирува аниматор во улога на Бог, чии зајадливи промени со четката за боење ја менуваат околината, ја враќа камерата наназад и го прикажува само Душко Долгоушко. Бесен патор е прогласен за предвесник на класиката во филмот поради неговата илустрација дека карактерот на едне лик може да се препознае во зависност од изгледот, околината, гласот и содржината. Во 1999 година, филмот бил избран за да биде под заштита на Државната Филмска Архива на Соединетите Американски Држави.

Дачо на Фриленг

[уреди | уреди извор]

Фриц Фриленг ја употребил идејата на Џоунс за Дачо во Душко Долгоушко во Шоу Бизнисот (1957 година), каде на Дачо “истренираната” точка со гулаби (сите летнуваат кога Дачо го отвора кафезот) и сложеното степување се проследени со зуење на штурци во публиката, додека едноставната точка на Душко Долгоушко со пеење и играње добива огормен аплауз.

Дачо на МекКимсон

[уреди | уреди извор]

МекКимсон го искористил Дачо подобротворно, во Покорување на Ѓаволот на пример неговата алчност е неопходна алатка за потчинување на Тасманскиот Ѓавол (Таз) и добивање на голема парична награда. Сепак, МекКимсон малку си играл со улогите на Дачо. Во 1959 година, Дачо се појавил во Кинески Џоунс (пародија на актуелни телевизиски серии, Кинески Смит, со Ден Дуреј) во кои тој е ирски приватен детектив, со ирски акцент, наместо вообичаеното шушкање во гласот.

Дачо и Спиди во 1965-1968 година

[уреди | уреди извор]

Кога анимациското студио Ворнер Брос на кратко му ја доверило продукцијата на цртани филмови на Корпорација ДеПати-Фриленг во 1960-те, Паторот Дачо станал противик (или недоследен пријател) во неколку цртани филмови на Спиди. На пример, во Издржлив Дачо (1965 година), Дачо е решен да го држи глушецот настрана поради никаков друг мотив, туку чиста злоба. Згора на тоа, кога тој ќе извади вода колку што сака, Дачо тогаш се обидува да го уништи бунарот без оглед на пакосната бесмисленост на тоа дело, принудивајќи го Спиди да го запре. Студиото Ворнер Брос ги започнувало своите мрачни години, и дури и Дачо морал да се поштеди од јумор во периодот. Вреди да се спомне, и покрај тоа што во многу од подоцнежните ДФЕ цртани филмови (како Пердувест Прст или Вечерата на Дачо) Дачо е прикажан како посочувствителен лик, а не тоталниот негативец како што е во Издржлив Дачо и Посолен и забиберен. Последниот цртан филм со Дачо и Спиди во Се гледаме подоцна гладијатору, кои обожавателите на анимацијата ги нарекуваат најлошите филмови на браќата Ворнер.

Дачо денес

[уреди | уреди извор]

Дачо преживува од кратките појавувања и подоцнежните цртани филмови како двобојот на клавир со другарот Пајо Паторот (од конкурентската Волт Дизни), во филмот од 1988 година Кој го создаде зајакот Роџер, каде што двајцата ја свират Унгарската Рапсодија бр.2. Во 1987 година, за да ја прослават 50-годишнината на Дачо, Ворнер Брос го издале Паторцистот, нивниот прв театарски Луни Тјунс краткометражен цртан филм во последните две децении. Дачо исто така се појавил и во неколку компилации на долгометражни филмови, вклучувајќи два филма кои се фокусираат на Дачо. Првиот бил издаден во 1983 година, Фантастичниот Остров на Паторот Дачо; вториот излегол во 1988 година, Квакразбивачите на Паторот Дачо, кој се смета за една од најдобрите филмски компилации на Луни Тјунс, и промовирале уште еден театарски краткометражен филм Ноќ на современиот Патор. Дачо исто така имал поголеми улоги во филмови како Вселенски метеж во 1996 година и Луни Тјунс: Повторно во акција во 2003 година. Вториот филм прави многу за да го доизгради ликот, одејќи дури во крајности како пријатната светлина во сцените каде Дачо е во величествена потрага, каде тој се жали дека неуморно работи за да го постигне она што Душко Долгоушко го постигнува и без да се труди. Истата таа година, Ворнер Брос го ставиле во сосем нови серии на Паторот Доџерс (треба да се потенцира дека во ова шоу всушност Паторот Доџерс е Паторот Дачо поради тоа што бил замрзнат во отстранета анимација во непознат инцидент). Имал кратко појавување во епизода на Мистериите на Силвестер и Џивџи, “Кога бабичката владееше со светот”, емитувана за првпат на 27 март 1999 година. Дачо исто така се појавил и во неколку веб цртани филмови кои можат да се гледаат на Интернет.

Во телевизиските серии Малечки цртани авантури, Дачо е учител на Врвниот Луниверзитет, каде што е херој и ментор на Паторот Планки. Дачо е прикажан како бебе во Беби Шоуто на Луни Тјунс, каде повремено кратко се појавува во Аниманија! и Хистерија! Во шоуто Неконтролирани Лунатици, негов потомок е Опасниот Патор (за кој гласот го позајмува Џејсон Марсден), кој е исто така непосакуван меѓу неговите колеги. Во поголемиот број од овие појавувања, себичниот, невротичен Дачо желен за центарот на вниманието со карактеризација на Чак Џоунс е верзијата која ја претпочитаат.

Во последно време, на Дачо му биле доделени главни улоги во поновите цртани филмови и серии на Луни Тјунс. По Луни Тјунс: Повторно во акција, Ворнер Брос полека го истиснувале Душко Долгоушко од центарот на вниманието, а го истакнувале Дачо, како во видеото од 2006 година Бах, Хамдак! Луни Тјунс Божиќ, каде што Дачо ја игра главната улога додека пак Душко се појавува во споредна улога.

Сепак, поновото рекламирање на Паторот, како она на официјалното мрежно место, бил прикажан со елементи на побудалестиот, повесел Дачо од 1940-те. Продуцентот Лери Дојл истакнал дека поновите театарски цртани филмови биле планирани да прикажат еден поинаков Дачо, поблизок до оној дизајн на Роберт МекКимсон; меѓутоа, поради неуспехот Луни Тјунс на кино благајните: Повторно во акција, овие нови филмови ја завршиле продукцијата.

Дачо се вратил на Картун Нетворк во Шоуто Луни Тјунс, каде гласот му го позајмува Џеф Бергман. Тука, неговата карактеризација се чини дека содржи елементи од дизајните на Клампет и Џоунс, но генерално весел, глупав лик. Во шоуто, тој се иселува од шумата и живее заедно со Душко Долгоушко. За разлика од Душко и неговите соседи, Дачо не заработува пари и јаде и живее на сметка на Душко. Пробал на неколку начини брзо да се збогати, но постојано завршувал со неуспех. Единствената сопственост на Дачо на која што е горд е неговата хартиена макета на пловечка парада, конструирана на покривот од комбе, кое е негово главно превозно средство. Уништено е во инцидент при перење и Дачо барал да го замени со јахта со тоа што ќе го измами Гицко да му даде огромен заем, но неговата “речиси совршена” умешност за возење бродови ја прекинува таа амбиција. Неговата пловечка парада набрзо е поправена.

Дачо се појавува во 3-димензионалниот краткометражен филм Дачо Рапсодија со Елмер Фад, кој кратко ќе се појави во филмот Среќни стапала.

Стрипови

[уреди | уреди извор]

Дел Стрипови објавиле неколку стрипови со Паторот Дачо, почнувајќи со Стрип во четири бои #457, #536 и #615, потоа продолжувајќи како Дачо #4-17 (1956–59 година), потоа како Паторот Дачо #18-30 (1959–62година). Сериите на стриповите биле подоцна продолжени како Стрипови Златен Клуч Паторот Дачо #31-127 (1962–79 година). Ова дело по редослед продолжило под печатењето на Стрипови Витман, сè додека компанијата целосно не престанала со издавање на стрипови во 1984 година. Во 1994 година, сличната корпорација ДЦ Стрипови станала издавач на стрипови на сите класични Ворнер Брос цртани ликови, иако без сопственото име, Дачо се појавил во многу изданија на Луни Тјунс.

Други глумци кои го позајмувале гласот на Дачо

[уреди | уреди извор]

Гласот на Дачо го позајмувале и други глумци освен Мел Бланк, Џеф Бергман, Грег Барсон, Ди Бредли Бејкер и Џо Аласки:

  • Мел Торме го позајмил гласот за пеењето на Дачо во Ноќ на современиот патор (еден од новите филмови во компилацијата Квакразбивачите на Паторот Дачо)
  • Френк Горшин (Главен Патор)
  • Џеф Бенет (Напад на паразитите)
  • Семјуел Винсент (Беби Луни Тјунс)
  • Бил Фармер (Кокошка Робот)
  • Морис ЛаМарш (Таз-Манија)

Други медиуми

[уреди | уреди извор]

Во 1950 година, Мел Бланк ја снимил Рапсодијата на Паторот Дачо, хумористична песна напишана од Ворен Фостер, Били Меј и Мајкл Малтезе. Ќе биде во новиот краток филм “Дачо Рапсодија” со Дачо и Елмер.

Дачо свири во двобојот на клавир со Пајо Паторот во филмот Кој го создаде зајакот Роџер на Дизни и Амблин во 1988 година. Во епизодата “Зоботник” во Авантурите на Ежот Соник, има список на имиња и името на Дачо се наоѓа на листата. Дачо на кратко се појавува во 1998 година во епизода на Шоуто на Дру Кери, во реална-акција/анимиран филм. Постер на Дачо е истакнат во просториите на Мајкл Гарибалди во научно-фантастичните ТВ серии на Бабилон 5. Во една епизода, Зак Ален на шега му објаснува на Г’Кар дека Дачо е “стариот египетски Бог на фрустрацијата”. Гарибалди е исто така прикажан како ја забавува амбасадорката Делен со Паторот Доџерс во 24 & 1/2th Century, а таа не може да го разбере Паторот Доџерс кога случајно ја враќа својата ракета во рикверц.

Во Семеен човек, отако држел експлодирана бомба на Адам Вест, Мег има клун како на Паторот Дачо на погрешната страна од нејзината глава, ја преместува на вистинското место, и потоа вели “Секако, сфаќаш дека ова значи војна!” Наводно, оваа сцена била избришана по договорот помеѓу МекФарлејн и Ворнер Брос.

Аудио клип од гровтањето на Дачо во еден цртан филм бил повторно употребен во Линус Ван Пелт бесно гестикулирајќи во Добар пат, Чарли Браун (и не се враќај!!) (1980 година)

Во епизодата “Разновиден ден” на Канцеларијата, Мајкл го потпишува својот формулар за разноликост со името на Дачо. Во епизодата “На риба во Езерото на утките” на Дете против Мачка, Куп и Барт случајно ги грабнуваат шкртаниците на Дачо и Јеки. Слободниот стил на Еминем “Подол” го добил своето име од изјавата дека Еминем е “подол како Паторот Дачо”. Даг Вокер од ThatGuywiththeGlasses.com изјавил дека црпел многу инспирација за Носталгичните Критики од Дачо.

  1. Maltin, Leonard (1987). Of Mice and Magic: A History of American Animated Cartoons (Revised ed.). Plume. pp. 240–242. ISBN 0-452-25993-2.
  2. Beck, Jerry; Friedwald, Will (1989). Looney Tunes and Merrie Melodies: A Complete Illustrated Guide to the Warner Bros. Cartoons. Henry Holt and Co. p. 55. ISBN 0-8050-0894-2.
  3. captain_slinky; saturday_am_80s (2012-09-06). „1980 10:30 on NBC: The Daffy Duck Show“. Saturday Morning Historical Reenactment Society. Посетено на 2024-01-25.
  4. „The Complete History Of Daffy Duck“. web.archive.org. 2011-06-08. Архивирано од изворникот на 2011-06-08. Посетено на 2024-01-25.
  5. „MHULTP Proudly Presents: Larry Doyle on the New Looney Tunes“. web.archive.org. 2008-05-17. Архивирано од изворникот на 2008-05-17. Посетено на 2024-01-25.
  6. „More 3D Looney Tunes Shorts On The Way - ComingSoon.net“. web.archive.org. 2012-08-25. Архивирано од изворникот на 2012-08-25. Посетено на 2024-01-25.
  7. „You are being redirected...“. www.animationmagazine.net. Посетено на 2024-01-25.