Парана (река)
Парана | |
Rio Paraná, Río Paraná | |
Земји | Аргентина, Бразил, Парагвај |
---|---|
Регион | Јужна Америка |
Главен извор | Паранаиба |
- место | Рио Паранаиба, Минас Герес, Бразил |
- височина | 1.148 м |
- должина | 1.070 км |
Спореден извор | Рио Гранде |
- местоположба | Бокаина де Минас, Минас Гераис, Бразил |
- должина | 1.090 км |
Влив на изворите | Паранаиба и Гранде |
Утока | Рио де ла Плата |
- местоположба | Атлантски Океан, Аргентина и Уругвај |
- височина | 0 м |
Должина | 4.880 км [1] |
Слив | 2.582.672 км2 |
Истек | во mouth |
- просечен | 17.290 м3/с [1] |
- максимален | 65.000 м3/с |
- минимален | 2.450 м3/с |
Карта на басенот на Рио де ла Плата со приказ на текот на реката Парана
|
Парана (шпански: Río Paraná, португалски: Rio Paraná, гварански: Ysyry Parana) е река во централна Јужна Америка, која извира во Бразил и тече низ Бразил, Парагвај и Аргентина. Реката има вкупна должина од 4880 километри.[1] Парана е втора најдолга река во Јужна Америка, веднаш зад Амазон. Името на реката е скратеница од туписката изрека „para rehe onáva“, што значи „како морето“. Во реката Парана се влева реката Парагвај, а потоа Парана се спојува со реката Уругвај. Реките Уругвај и Парана го создаватат естуарот Рио де ла Плата во Аргентина.
Тек
[уреди | уреди извор]Во најгорниот тек на реката Парана се спојуваат двете помали реки Паранаиба и Рио Гранде. Овие реки ја формираат Парана во јужен Бразил. Од спјот на реките, Парана тече во јужен правец. Во подолниот тек на реката Парана, поточно 200 км од течението на реката е всушност природната граница помеѓу Бразил и Парагвај, сè до вливот на реката Игуазу. По вливот на реката Игуазу всушност се формира природната граница помеѓу Парагвај и Аргентина. По границата меѓу Аргентина и Парагвај, во Парана се влева реката Парагвај. Реката продолжува да тече низ територијата на Аргентина. Реката Парана пред да се влева во Атлантскиот Океан преку Рио де ла Плата се спојува со реката Уругвај.
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Изрег на сонцето и Парана во Росарио, Аргентина.
-
Реката Парана во Бразил.
-
Превозен брод низ Парана.
-
Сателитска снимка на Парана во Аргентина.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 "Parana River". Encyclopædia Britannica. Encyclopædia Britannica Online. Encyclopædia Britannica Inc., 2012. Web. 26 May. 2012 <http://www.britannica.com/EBchecked/topic/443063/Parana-River>. "Rio de la Plata". Encyclopædia Britannica. Encyclopædia Britannica Online. Encyclopædia Britannica Inc., 2012. Web. 26 May. 2012 <http://www.britannica.com/EBchecked/topic/463804/Rio-de-la-Plata>
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Парана (река)“ на Ризницата ? |