Прејди на содржината

Оверњ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Оверњ
Знаме на ОверњЛого на Оверњ
Амблем
Земја Франција
ПрефектураКлермон Феран
Департмани
Управа
 • ПретседателРене Сушон (PS - Социјалистичка партија)
Површина
 • Вкупна26.013 км2 (10,044 ми2)
Население (2008-01-01)
 • Вкупно1.341.000
 • Густина52/км2 (130/ми2)
Час. појасCET (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)
БДП (2006)[1]Грешка во Lua: во земјата
Вкупно&1000000000000003200000032 млј 
По жител&1000000000000002380000023,800 
NUTSFR7
Мреж. местоauvergne.org

Оверњ (француски: Auvergne; окситански: Auvèrnhe / Auvèrnha) — регион во Франција. Се состои од 4 департмани: Алје, Пиј де Дом, Кантал and Горна Лоара.

Денешниот административен регион Оверњ е поголем од историската покраина Оверњ, и опфаќа покраини и области кои историски не припаѓале на Оверњ.

Историја

[уреди | уреди извор]

Земја на Арвените

[уреди | уреди извор]

Оверњ своето име го должи на галскиот народ Арвени, моќна конфедерација која ги регрупира Габалите, Велавите, Кадурките чие влијание се протегало во Лангдок и Аквитанија. Версингеторикс ја презел титулата крал во 52 п.н.е. Неговиот татко, Келтилос, бил избран на таа функција пред него и бил убиен затоа што сакал истата да ја направи наследна. Версингеторикс успеал во текот на зимата (-53/-52 п.н.е.) да создаде сојуз на сите келтски племиња, добивајќи "заложници" (синови и ќерки на кралеви) од секое племе, како гаранција на нивната верност и сојузништво. Арвените биле едно од најмоќните и најбогатите племиња на античка Галија бидејќи територијата на која живееле била богата со пасишта, шуми, рудници со злато, сребро и други скапоцени метали (експлоатирани уште во 400 година п.н.е.). Тие биле вешти занаетчии, особено во изработката на бакар [2], како и керамика (ателјеата во Лезу) имале свои ковани монети и вршеле трговска размена со соседните племиња. Едно од позначајните историски места на Оверњ е она каде се одиграла Битката кај Герговија, на околу 12 километри од Клермон Феран, каде во 52 година п.н.е. Версингеторикс го победил Јулиј Цезар. Римјаните победиле во Алезија (Ализ-Сент-Рен) во Бургундија што довело до заробување на Версингеторикс и создавање на градот Августо Неметум (претходникот на Клермон Феран), веројатно на еден од постоечките арвенски археолошки наоѓалишта. Во 5 век, Сидониј Аполинер, арвенски благородник и првиот владика на Клермон, сведочи за Оверњ на крајот на античкиот период.

Грофовство

[уреди | уреди извор]
Историскиот грб на Оверњ

Во 7 век, областа Оверњ била освоена од Каролинзите и некое време била интегрирана во кралството на Аквитанија, освен грофовијата Оријак која му била доделена на таткото на Гералд Оријачки. Грофовите на Оверњ, - Гилхемидите - полека ја стекнувале својата автономија. Во 10 век, Оверњ бил предмет на соперништво меѓу грофовите на Поатје и оние на Тулуза. Кралот Филип Август поголемиот дел на грофовството го споил со кралството: административен центар на кралската територија во Оверњ бил Риом. Оверњ потоа бил даден во апанажа на Алфонс од Поатје, потоа, во 1360, како војводство на Жан I од Бери, кој го откупил и Карладес и чија ќерка се омажила за бурбонски војвода кој станал војвода на Оверњ. Бурбонските војводи со брак стекнувале наследство и власт врз Оверњ. Сите нивни господарства најпосле биле конфискувани од страна на кралот Франсоа I од Франција (1527).

Понова историја

[уреди | уреди извор]

Еден век после Стогодишната војна, Оверњ западнал во верски војни. Калвинистите напаѓале замоци или католички градови кои потоа ги предавале во замена за откупнина. Во тој период целосно била уништена опатијата во Оријак. Кралицата на Франција Катерина де Медичи, грофовството го наследила од својата мајка, со што се овозможило дел од него да се интегрира во кралството на Франција. Во 1665, Луј XIV привремено воспоставил во Клермон и во Пиј вонреден кривичен суд, Големите денови на Оверњ, за да го оствари правото на големиот број лица жртви на насилство на одредени функционери или членови на аристократијата на Оверњ. Во 1790 г. е укината историската покраина како административна единица. Во тек на Втората светска војна, Виши станал седиште на француската држава.

Географија

[уреди | уреди извор]

Во регионот околу Клермон Феран, највисоката планина е висока 1.885 м. Од север кон југ, со мало извишување околу висорамнината Милваш (978 м) релјефот станува порамен и покаменит. 25 % од Оверњ се шуми, 45 % се пасишта и ливади, 20% е обработливо земјиште а 10% е урбано земјиште.

Главен град на Оверњ е Клермон Феран, чие урбано подрачје, со повеќе од 400 000 жители, собира речиси третина од населението на регионот. Идејата за соединување на регионите Оверњ и Лимузен била лансирана од страна на Валери Жискар Дестен пред регионалните избори во 2004 потоа од Жан-Пјер Рафарен. Овој предлог сепак не наишол на одобрување во Лимузен, Лимож и Брив-ла-Гејард кои повеќе се ориентирани кон југозапад и атлантската страна.[3] et l'est[4]

Панорама кон југ од Пиј де Дом

Средната годишна температура изнесува 12 °C, и регионот има 510-1.020 мм врнежи годишно.

Демографија

[уреди | уреди извор]

Оверњ е еден од помалку населените региони во Европа, односно Франција. Департманот Кантал речиси целосно би останал без население да не бил градот Оријак. Поголеми заедници во регионот се Клермон Феран, Монлисон, Оријак и Виши.

Има два автохтони јазици во регионот:

Сообраќај

[уреди | уреди извор]
Пистата на аеродромот Клермон Феран Оверњ

Оските на автопатите север-југ A71 и A75 Париз-Монпелије-Шпанија и исток-запад A89 Бордо-Лион-Женева, се вкрстуваат во Клермон Феран. Тие овозможуваат поврзување на сите поголеми национални метрополи. Од регионалната престолнина до Средоземното Море, по отворањето на вијадукот Мијо во 2004, се стигнува за само 2h15.

Со подобрување на железничката линија Париз-Клермон Феран со електрификацијата во 1990 и пуштањето на « Теоз » од септември 2003 со брзите возови во директна линија Париз-Клермон Феран без застанување се стигнува за 2h59 а останатите возови (со 4 застанувања) се патува 3h25.

Аеродром Клермон Феран Оверњ, наменет за национални летови, во 2003 надминал бројка од милион патници годишно.

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Индустрија

[уреди | уреди извор]
Постер на Мишелин од 1898

Оверњ е релативно развиен индустриски регион бидејќи 22 % (110 000 вработувања) наспроти 18 % на национално ниво, од вработените работат во стопанските гранки.

Главната оверњска индустрија е секторот за производство на пневматици, претставен од страна на Мишелин, светски водач на оваа индустрија, чие главно седиште се наоѓа во Клермон Феран, и Данлоп, кој се наоѓа во Монлисон.

Други помали индустрии се во доменот на металургијата, механиката како и агропрехрамбената индустрија. Оверњ исто така е и истражувачки центар во Франција со повеќе од 8.000 научници, во доменот на хемијата, пневматиците, челикот, медицинските науки, земјоделието, биотехнологијата и сл.

Земјоделство

[уреди | уреди извор]

Со 41.000 вработени, земјоделството претставува 8,5 % од регионалните вработувања, половина од просекот на национално ниво.

Во планинскиот дел, Оверњ е регион каде е развиено сточарството, ориентиран кон производство на млеко и на месо. Тој е значаен регион во производството на сирење и со своите 50.000 тони, произведува четвртина од севкупното француско производство на сирење ( AOP).

Четири сирења AOP од Оверњ : cantal, bleu d'auvergne, fourme d'ambert, saint-nectaire
Ски-центарот Супер Лиоран

Во регионот се развива еколошкиот туризам а посебно во рамки на паркот на вулканите во Оверњ, отворен во февруари 2002, кој е забавен парк посветен на вулканизмот и воедно туристичка атракција со 300.000 посетители годишно. Во регионот има неколку ски центри за алпско скијање меѓу кои позначајни се Супер Лиоран, Супер-Бес и Мон-Дор.

Секоја година во регионот се регистрирани околу 10 до 11 милиони ноќевања во рамки на хотелското сместување но брои исто толку посети и надвор од услужните објекти за туристичко сместување (вили, куќи и сл.). Според Регионалната опсерваторија за туризам (SPOT Auvergne) оваа туристичка клиентела годишно носи приход од 1,2 до 1,4 милијарди евра во регионалната економија.

Оверњ изобилува со извори богати со минерални соли, од кои повеќето се комерцијализирани. Најпозната е онаа во Волвик. Виши, под Наполеон III од средината на 19 век бил прогласен за « Кралица на бањите ». Бањата Ла Бурбул во Пиј де Дом, создадена во 1875 после откривањето на термалните води, бил важен туристички центар, особено околу 1900, кога тука на лекување доаѓале годишно до 10.000 . Денес таа е поретко посетена.

Поголеми градови

[уреди | уреди извор]
Клермон Феран, најголемата оверњска агломерација.
  1. „GDP per inhabitant in 2006 ranged from 25% of the EU27 average in Nord-Est in Romania to 336% in Inner London“ (PDF). Eurostat.
  2. Во ’’Галски војни“ на Цезар, Версингеторикс е опишан како носи воена опрема изработена од бројни споени сребрени делчиња кои блескаат на сонцето
  3. Cf. Contrat de pays du pays du Velay ([1] Архивирано на 12 мај 2013 г.) : « territoire [...] proche du grand bassin de vie rhône-alpin » ; « les deux contrats d'agglomération du Puy et du Pays du Velay partagent l'objectif clairement affirmé de tirer le meilleur parti de la proximité du bassin rhône-alpin en jouant pour l'agglomération et pour le pays sur leurs atouts complémentaires ».
  4. Cf. SCOT du Pays de la Jeune Loire et de ses rivières (disponible en ligne Архивирано на 16 мај 2013 г.).

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Библиографија

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]