Ноќна стража (Рембрант)
холандски: De Nachtwacht | |
Творец | Рембрант ван Рајн |
---|---|
Година | 1642 |
Димензии | 363 см × 437 см |
Место | Амстердамски музеј, траен заем од Државниот музеј, Амстердам |
Мреж. место | Amsterdam Collection online |
Ноќна стража (холандски: De Nachtwacht) — славно ремек-дело на барокниот сликар Рембрант ван Рајн од 1642 година.
Историја
[уреди | уреди извор]На половина од својата кариера Рембрант станал водечки портретист во Амстердам, а со оглед дека во протестантизампротестантска Холандија црковното спонзорство било во опаѓање, го замениле световни групи како лекари, војниквојници или управници на некои установи. Рембрант Ноќната стража ја создал токму за едно воено друштво кое одржувало мир во слободниот град Амстердам и изворно стоела во просториите на амстердамската цивилна заштита (Kloveniersdoelen)[1].
Во 1715 година, при селидба од просториите на цивилната заштита во амстердамското градско собрание, сликата била скратена од сите четири страни. Тоа било направено за да може сликата да се вклопи меѓу два столба, за жал стандардна пракса пред XVIII век. Така сликата изгубила два лика на левата страна, врвот на триумфалната капија, балустрада и раб на столб.
Во 1817 година сликата била преселена во новиот Државен музеј во Амстердам, каде била сместена во посебна просторија наречена Галерија на ноќната стража. Оттогаш сликата само еднаш била преместена и тоа за време на Втората светска војна кога била смотана и скриена во бункер.
После реставрацијата во 1940 година при која се отстранил темниот лак, се покажало дека станува збор за значително посветла слика отколку што претходно се верувало.
Во 1975 година, готвач отпуштен од холандската кралска морнарица, ја исекол оваа славна слика. Сликата е толку вкоренета во холандската култура, така што Холанѓаните често се идентифицираат со неа, така што несреќниот готвач верувал дека ѝ се осветува на самата Холандија.
Сликата уште еднаш била жртва на напад, во 1990 година, кога некој човек ја испрскал со киселина со скриено шише спреј. Благодарени на брзата интервенција на стражарите, кои веднаш ја полеале со вода, уништен бил само површинскиот заштитен слоја и сликата била реставрирана.
Одлики
[уреди | уреди извор]На оваа темна слика се наоѓа групен портрет на воена чета која од Амстердам ја води капетанот Франс Банинг Кок (и полковникот Вилем ван Рајтенбирх) на воена вежба [2]. Градските ѕидини, претставени со портален лак, потсетуваат на античките римски триумфални капии. На тој начин Рембрант ги потсетува гледачите дека Холанѓаните се слободен народ кој ги соборил своите шпански освојувачи како што Римјаните ги собориле Етрурците.
Двајцата војници кои стојат пред групата прават визуелна врска меѓу гледачите и групата. Капетанот ја испружува својата рака во гест со кој нè повикува да учествуваме во случката. Светлоста со која е осветлена неговата рака фрла сенка на жолтата јакна на неговиот пријател која е во иста рамнина со црвената лента на неговите гради [3]
Рембрант своите ликови ги поделил на неколку помали групи и ги портретирал во движење, наместо во дотогаш вообичаената статична поза. Невообичаената интерпретација на групниот портрет го нагласил и со сложените светлосни ефекти со кои лицата се дефинирани со градации на светлоста и темнината. Секоја фигура се перципира како портрет, вклучувајќи ја и изразито светлата жена во жолто. На нејзиниот појас виси птица која во своите канџи го држи амблемот на војната милиција. Зад барјактарот, Рембрант се насликал и себеси, веројатно својот најнеупадлив автопортрет.
Културно наследство
[уреди | уреди извор]- На плоштадот Рембрантплеј во Амстердам се наоѓа бронзена реконструкција на славната слика.
- Единствената реплика на сликата во стварна големина се наоѓа во галеријата на библиотеката во Канаџохари, во државата Њујорк (сојузна држава)Њујорк, која на библиотеката ѝ ја подарил нејзиниот основач, Бартлет Аркел.
- Сликата инспирирала бројни музички дела:
- Симфонија бр. 7 од Густав Малер
- Песна Ноќна стража од Кинг Кримзон во изведба на Ричард Палмер-Џејмс
- Стрелачките чети на капетанот Франс Б. Кок од Ајрон
- Во филмот Страст од Жан-Лик Годар од 1982 година, во првата сцена глумците позираат како фигурите од Ноќна стража. Годар го споредувал својот филм со славната слика велејќи дека и двете дела се преполни со дупки и лошо исполнет простор, но дека и тој, како Рембрант, се сосредоточил на на лицата на ликовите.
- Во филмот Ноќна стража од Дејвид Џексон, по книгата на Алистер Меклејн од 1995 година, ФБИ агентот (Пирс Бросна) се обидува да ја врати украдената Рембрантова слика[4].
Наводи и забелешки
[уреди | уреди извор]- ↑ Се претпоставува дека сликата била нарачана да ја увеличи посетата на француската кралица Марија де Медички која Холанѓаните ја примиле со почести бидејќи ја протерал нивниот непријател, кралот Луј XIII.
- ↑ Имињата на осумнаесетте портретирани стражари се наоѓаат над порталот, но стручњаците сè уште не ги споиле сите имиња со лицата на сликата.
- ↑ Типична барокна игра со светлоста, сенките и боите.
- ↑
- Ноќна стража на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Ноќна стража (Рембрант)“ на Ризницата ? |
- The Night Watch na WebMuseum
- Night Watch v Rijksmuseum, Amsterdam Архивирано на 28 октомври 2012 г.
- Rembrandt and the Night Watch
- The Night Watch by Rembrandt van Rijn
- Night Watch Replica v Canajoharie Library and Art Gallery
|