Новогодишна ноќ
Новогодишна ноќ | |
---|---|
Сиднеј е еден од поголемите градови кои први ја слават Нова година. | |
Вид | интернационален |
Значење | Последниот ден од грегоријанскиот календар |
Датум | 31 декември |
Новогодишната вечер е забележана на 31 декември, последниот ден од грегоријанскиот календар, еден ден пред Новогодишниот ден (1 јануари). Новогодишната вечер посебно се забележува од Новогодишниот ден. Во модерната пракса, огномети, музика и други форми на правење бука се заеднички елемент на прославувањето на Новогодишната вечер. Оваа вечер најчесто се прославува со забави и други форми на социјални собири, обележувајќи го преминот во новата година после полноќ.
Азија
[уреди | уреди извор]Израел
[уреди | уреди извор]Кај Израелците Новогодишната ноќ е позната под името Силвестер (Свети Силвестер), таа се прославува со приредување на забави, пријателски собири, концерти и елегантни вечери во големите градови како Ерусалим и Тел Авив.
Сингапур
[уреди | уреди извор]Најголемата прослава и централна манифестација за Новогодишната вечер во Сингапур се одржува на Мариновиот брег, на која обично присуствуваат околу 250.000 луѓе. Други места на коишто има прослави за дочек на Новата година, а се во близина на Мариновиот брег, се хотелите: Фултон, Марина Мадарин, Риц-Карлтон Милениум, Марина Беј Сендс, итн.
На кејот, 20.000 балони исполнети со 500.000 желби на Сингапурците приредуваат визуелна уметничка приредба исполнет со брилијантни бои со помош на светлосни ефекти. Присутните се забавувани од различни улични глумци и концерти, кои се одржуваат на пловечка платформа до брегот. Учествуваат глумци и изведувачи како од земјата така и од странство. Целата манифестација се пренесува во живо на телевизија. Последните десет секунди до полноќ, се одбројувани од изведувачите заедно со публиката. На тоа следни спектакуларен огномет, кој го осветлува целиот брег.
Филипините
[уреди | уреди извор]Најобично Филипинците ја дочекуваат Новата година во друштво на фамилијата и блиските пријатели. Традиционално во повеќето куќи се одржуваат вечери кои населението ги вика Медиа Ноче (Media Noche). Главното јадење е свинско на ражен. Скарата исто така е дел од менито.
Повеќето Филипинци практикуваат одредени суеверија за време на дочекот на Новата година. Некои од овие суеверија се: Носењето на облека со округли шари, за кои се верува дека носат пари и среќа или друга шарена облека за која се верува дека следната година ќе биде безгрижлива; фрлањето парички точно на полноќ се верува дека ќе ја зголеми благосостојбата во годината што следува; тропањето со парички во метална кутија додека се оди околу куќата, скокајќи високо за што се верува дека ќе придонесе за физичкото здравје и висина се исто така дел од суеверијата; Филипинците испуштаат гласни звуци преку картонски или пластични свирки кои ги нарекуваат „торотот“, трескање на железни садови и палејќи огномети и пиротехника, за кои се верува дека ќе ги избркаат лошите духови и злите сили.
Во урбаните населени места има многу новогодишни прослави на кои има одбројување, кои се организирани од приватни лица со помош на локалните власти. На овие забави има спектакуларни огномети на кои присуствуваат многу луѓе. Главната новогодишна прослава се одржува на Манила беј.
Европа
[уреди | уреди извор]Австрија
[уреди | уреди извор]Во Австрија Новата година најчесто се прославува со семејството и пријателите. Точно на полноќ сите телевизиски и радио канали го пренесуваат звукот на Пумерин (ѕвоното од катедралата на Св. Стефан во Виена) и веднаш потоа се пренесува „Donauwalzer“ од Јохан Штраус на кој многу луѓе танцуваат на улица или на забави. Голем број на луѓе се собираат на улиците на Виена, каде општинската влада организира серија сцени на кои свират голем број бендови и оркестри. Огномети се одржуваат од страна на општинската влада и од страна на самите граѓани.
Англија
[уреди | уреди извор]Часовниците го одбележуваат преминот кој се случува на полноќ на Новогодишната вечер, со тоа што прославата во Лондон се фокусира на часовникот сместен во кулата во палатата на Вестминстер или општо позната како Биг Бен. Прославувањето е емитирано од страна на ББЦ во Англија и Велс. За време на Новогодишната вечер во 2010 година се проценува дека 250.000 луѓе се собрале да проследат огномет околу Лондонското Око кое за таа прилика за првпат било наместено да работи на музички траки од најголемите Англиски бендови како Блур, Битлси, Квин и слично.
Прославувањето во Лондон продолжува на 1 јануари со Новогодишната парада која се одржува годишно сè од 1987, а во 2011 се одбележи 25 години од своето одржување, вклучувајќи повеќе од 10,000 музичари, навивачки и други изведувачи. Други поголеми прославувања се одржуваат во градовите Манчестер, Бирмингем, Ливерпул, Лидс и Нјукасл. Бидерфорд кој се наоѓа во северен Девон е исто така познат по своето прославување на Новата година со одржување на карневал со свечени фустани сместен на и околу Стариот мост со тоа што само еден свирач свири проследено со огномет на полноќ.
Белгија
[уреди | уреди извор]Во Белгија Новогодишната вечер се нарекува Sint Sylvester Vooranvond или Вечерта на Свети Силвестер. Се одржуваат семејни забави наречени réveillon. На полноќ сите се бакнуваат и разменуваат честитки за среќа и наздравуваат во чест на отсутни роднини и пријатели. Градовите, кафулињата и рестораните се пренатрупани.
1 јануари се нарекува Nieuwjaarsdag и децата подаруваат празнични честитки со златни ангелчиња, обоени рози и венци од цвеќиња на родителите, кумовите и сето тоа на декоративна хартија за која штеделе за да ја купат. Белгиските фармери исто така им посакуваат Среќна нова година на своите животни.
Германија
[уреди | уреди извор]Германците ја нарекуваат новата година Силвестер бидејќи 31 декември е ден на гозба на Свети Силвестер. Од 1972 година неколку германски телевизиски станици вршат пренос на кратка комична изведба на англиски јазик (снимена од страна на Западно германска телевизија во 1963) наречена „Вечера за еден“. Една реченица од скечот „Истата процедура како и секоја година“ станала ударна фраза во Германија.
Секоја година Берлин е домаќин на една од најголемите прослави на Нова година во цела Европа на која присуствуваат преку милион луѓе. Главната точка на вечерта е Бранденбуршката Порта каде се сместени огнометите. Германците имаат репутација на луѓе кои трошат многу голема сума на пари за огномети и петарди и затоа се гледаат огномети низ текот на целата вечер. Кога часовникот ќе удри на полноќ на Силвестер, германците наздравуваат со Сект (германско пенливо вино) или пак шампањ.
Bleigießen е уште една германска традиција за нова година каде што се предвидуваат иднините со помош на испотеното олово паднато во ладните води. Други традиции за среќа се допирањето на чистач на оџаци или тој чистач да ве намачка со малку пепел на вашето чело за добра среќа и здравје. Традиционално се јадат крофни наполнети со желе со или без алкохол. Конечно за среќа се јаде и едно мало марципанско прасе.
Данска
[уреди | уреди извор]Многу Данци одат на забави или пречекуваат гости дома. Вечерата е поексклузивна од обично, вклучувајќи десерти како Марципан торта заедно со шампањ додека главниот оброк е составен од варен бакалар, чорба од кељ и зачинето свинско. Новата година е прославена со забавување. Тоа е најчесто добронамерно забавување а не злонамерно. Меѓутоа тоа може да стане и такво. Необично во Данска е тоа што за добар знак се смета доколку се пронајде куп искршени чинии пред врата за време на Нова година. Старите чинии се чуваат за да бидат фрлени пред вратите на пријателите за време на Новогодишната вечер. Многу искршени чинии пред врата докажува дека имате голем број пријатели.
Два значајни настани се емитувани на телевизија и радио на 31 декември. Новогодишната порака на Монархот на Данска од Палатата Амелиенборг во 6 часот попладне и отчукувањето на полноќ на часовникот во градското собрание во Копенхаген. Илјадници луѓе се собираат на градскиот плоштад Радхушпладсен и се веселат. Климаксот е кога новата година се прославува со звукот на огнометот и отчукувањето на часовникот во градското собрание во Копенхаген. Тоа е одлична можност да се види парадата на Кралската Гарда во црвени гала униформи.
Македонија
[уреди | уреди извор]Новогодишната вечер се прославува кај сите семејства во Македонија. Новогодишниот ден е време кога децата најчесто добиваат подароци и прославата е проследена од огномети низ текот на целиот ден. Денот е прославен заедно со семејството или со пријателите дома или во некој од клубовите, рестораните, кафулињата и хотелите со вечерни прослави кои вклучуваат добра храна, музика во живо и танцување на традиционална македонска музика, но исто така и на модерна музика. Прослава се прави за пречек на Новата година на 31 декември, но и на 13 јануари (Стара нова година) според македонскиот православен календар.
Русија
[уреди | уреди извор]Повеќето Руси ја дочекуваат Новогодишната вечер со нивните фамилии или со блиските пријатели. Потеклото на оваа прослава во Русија е различен од христијанскиот празник Божик. Божик беше голем празник во Русија сè додека не беше забранет заедно со другите религиозни празници од Комунистичката партија. За да се компензира неславењето на Божик, Нова година била славена слично како денот на Рождеството Христово само без религиозниот аспект на празникот. Дури и после распадот на СССР, Нова година се слави во Русија и стана традиција.
Прославата обично започнува неколку часови пред полноќ и вообичаениот поздрав е: „Поздрави ја старата година“, памтејќи ги најважните моменти во изминатите дванаесет месеци. Пет минути пред полноќ, повеќето граѓани го следат новогодишното обраќање на Претседателот пренесуван на ТВ екраните или да се следи популарното шоу „Син огномет“, но традиција е и да се очекува ѕвонењето на часовниот од Кремљ кој е пренесуван преку радијата и ТВ станиците.
Последните дванаесет секунди од старата година, Русите молчеливо ги замислуваат своите желби за следната година. Подоцна наздравуваат со шампањ за време на богата вечера, каде што тие се забавуваат гледајќи концерти. Некои луѓе сакаат да присуствуваат на огномети, некои ги посетуваат своите роднини и пријатели. Бидејќи 30-ти и 31-ви декември се работни денови, мнозина имаат организирани забави на работните места. Обично 31 декември граѓаните седат дома со пријателите. Постои старо суеверие, доколку првиот гостин (особено ако е неочекуван) на 1 јануари е маж, годината ќе биде исполнета со благосостојба. Русите се трудат Новата година да ја започнат без долгови.
Србија
[уреди | уреди извор]Традиционално Новата година во Србија се празнува екстензивно. Дома семејствата ја празнуваат Новата година во изобилие на храна. Украсените новогодишни дрва се поврзани со Новата година и затоа се викаат „novogodišnja jelka“. Околу или после полноќ Дедо Мраз ги посетува домовите и остава подароци под дрвата да бидат отворени тогаш или доколку семејството спие тогаш изутрина.
Рестораните, клубовите, кафулињата и хотелите обично се пребукирани и организираат забави со храна и музика во живо. Меѓутоа српската Нова година е најпозната по веселбите кои се одржуваат надвор во Белград и некои други градови како Нови Сад или Ниш. Од средината на декември градовите се екстензивно украсени и осветлени. Декорациите остануваат сè до доцна во јануари благодарение на влијанието на јулијанскиот календар.
Низ регионот, особено на просторот на бившите Југословенски републики, Белград е познат како место на кое се одржуваат големи забави, концерти и случувања. Во поскоро време стана традиција голема група на Словени да го посетуваат својот стар главен град и да го прославуваат почетокот на Новата година. Особено во текот на 90-тите, уличните прослави се претворија во масовни собири на кои присуствуваат стотици илјади граѓани, прославувајќи ја Новата година на неколку локации низ Белград.
За време на мандатот на поранешниот претседател Слободан Милошевиќ собирите добиваа и силна политичка конотација. Од 2000 година градот Белград секоја година организира неколку концерти со голем број домашни и интернационални изведувачи на поголемите Белградски плоштади. Концертите започнуваат рано навечер и траат сè до раните утрински часови. Обично се организираат посебни концерти за младите и посебни за постарите.
Полноќ е обележан со огромен број огномети испукани од соодветни места. На 1 јануари улицата Светогорска е затворена за сообраќај и се користи за фестивалот „Улица на отворено срце“, се служат храна и пијалаци и се изведуваат разни претстави на отворено, додека семејствата со децата како и политичарите (најчесто и претседателот) се шетаат низ улицата.
Вечерта на 1 јануари е резервирана за таканаречената „реприза“, или повторување на претходната вечер, луѓето најчесто одат во клубови или кај пријатели или на плоштад каде што биле претходната вечер за да прослават уште еднаш. Исто така се организираат прослави со послаб интензитет од претходната вечер.
На 13 јануари, голем дел на населението ја прославува „Српската Нова година“, според јулијанскиот календар. Овој пат еден концерт е организиран пред градското собрание или пред Националниот парламент (во Белград), каде се подготвуваат огномети од страна на Српската православна црква и се испукува од катедралата на Св. Сава, каде се собираат луѓето. Други градови организираат слични прослави.
Франција
[уреди | уреди извор]Французите ја нарекуваат Новогодишната ноќ „la Saint-Sylvestre“. Празнувана е со славење кое се нарекува Réveillon de la Saint-Sylvestre. Традиционално овој празник вклучува јадење како паштета (foie gras), морска храна (школки) и шампањ. Прославата може да биде едноставна, приватна вечера со пријателите и фамилијата или многу полуксузен бал (une soirée dansante).
На 1 јануари се споделуваат бакнежи и честитки помеѓу пријателите и фамилијата, со традиционалниот поздрав: „Добра година, среќа, здравје, љубов и пари“. Некои Французи јадат десерт направен од сладолед.
Овој празничен период завршува на 6 јануари (The Twelfth Night) за Богојавление или Jour des Rois. На овој ден тие го прославуваат „Мудриот Човек“, јадејќи од традиционалната торта (la galette des rois), најчесто со листови од лиснато тесто, полнети со бадемова паста. Тортата содржи грав и мали кинески знаци, кој и да ги пронајде ќе одбере свој партнер и ќе биде крал или кралица, кои ќе носат златна хартија во форма на круна. Оваа традиција може да трае и до 2 недели.
Холандија
[уреди | уреди извор]Новогодишната вечер се вика Oud en Nieuw (Стара и Нова) или Oudejaarsavond (вечер на старата година) и се слави во добра атмосфера со фамилијата или пријателите. Традиционалната закуска се кнедли и пита од јаболко. На телевизија главната програма е сатирично шоу чија тема е исмејување на политичката сцена. Во некои протестантски религиозни семејства се чита Псалмот 90, но во последно време оваа традиција полека исчезнува.
На полноќ се пие шампањ или вино. Многумина испалуваат свој огномет. Градовите низ Холандија не прославуваат со огномети, освен Ротердам, каде што огнометот може да се проследи близу Erasmus Bridge (Еразмовиот мост). Јавниот транспорт е комплетно затворен (единствено преку целата година) од 20 часот до 1 часот по полноќ. На неколку минути пред полноќ на телевизиските канали се емитува часовникот.
Чешка
[уреди | уреди извор]За Чесите Silvestr без сомнение е најбучниот ден во годината. Луѓето вообичаено се подготвуваат со огномети и шампањ за полноќното наздравување и се собираат заедно со пријатели и роднини да јадат, пијат и се забавуваат во рестораните, клубовите или на локалните плоштади.
Во поголемите градови каков што е Прага детонациите на пиротехнички материјали се слушаат уште во текот на денот, дури и претпладне и сè повеќе и повеќе се зачестуваат сè до полноќ. Во првата минута после полноќ луѓето наздравуваат и си посакуваат среќна нова година и излегуваат надвор да си ги запалат своите огномети или да ги гледаат туѓите.
Сите поголеми телевизиски станици емитуваат забавни програми и емисии пред и после полноќното одбројување кое е проследено со пеењето на државната химна. Претседателот го дава својот новогодишен говор изутрина.
Шведска
[уреди | уреди извор]Во Шведска, Новогодишната вечер најчесто се прославува во кругот на семејството и најблиските пријатели. Неколку часа пред и по полноќ, луѓето се забавуваат и вечераат, каде вечерата најчесто се состои од три оброци. Новогодишната ноќ се прославува со големи, богати огномети низ целата земја, а особено во градовите. На граѓаните на возраст од над 18 години им е дозволено да купуваат огномет и пиротехнички средства кои можат да се најдат во локалните продавници и кај приватни продавачи. Додека го следат шоуто од огномети и си ја честитаат новата година на полноќ, најчесто наздравуваат со чаша шампањ.
Шпанија
[уреди | уреди извор]Шпанската нова година (Nochevieja или Fin de Año на шпански, Cap d'Any на каталонски, Nit de Fi d'Any на валенсиски, Cabo d'Anyo на арагонски) најчесто се прославува со семејна вечера, со јадење на ракчиња или јагнешко. Шпанската традиција говори дека носењето на нова црвена долна облека на Новогодишната вечер носи добра среќа. Вистинското одбројување првично се следи од часовникот на врвот на зградата Casa de Correos на плоштадот Puerta del Sol во Мадрид. Традиција е да се јадат 12 грозја по едно на секое отчукување на часовникот. Оваа традиција своите почетоци ги бележи во 1909, кога одгледувачите на грозје во Аликанте го смислиле ова како начин за ослободување од вишокот грозје кои тие го произвеле таа година. Денеска скоро секој Шпанец ја следи таа традиција, а 12-те грозја станаа синоним за новата година.
Откако часовникот ќе означи полноќ, луѓето си честитаат и наздравуваат со шампањ или со пенливо вино. По завршувањето на семејната вечера и јадењето на грозјата, многу млади луѓе присуствуваат на новогодишни забави во пабови, дискотеки и други слични места (овие забави се нарекуваат cotillones de nochevieja бидејќи шпанскиот збор cotillion се однесува на забавни украси како конфети, капи и слично). Забавите обично траат до следниот ден и ги има од мали, лични прослави па сè до огромни прослави во хотелски простории за конвенции. Следното утро рано, луѓето се собираат за традиционалниот зимски појадок односно топло чоколадо и лиснати теста.
Јужна Америка
[уреди | уреди извор]Аргентина
[уреди | уреди извор]Во Аргентина, традиционално целото семејство се собира околу 11 часот и зема учество во традиционална вечера, вклучувајќи грав, благи специјалитети итн. Токму пред полноќ луѓето се собираат на улица да уживаат во огномет и други видови на прослава. Првиот ден од новата година се прославува точно после полноќ со шампањ, со желби за среќна нова година и понекогаш со наздравување со соседите. Забавите понекогаш траат до зори. Пливањето е понекогаш чудна активност во која Аргентинците уживаат, пливајќи во реки, езера или јавни базени.
Бразил
[уреди | уреди извор]Плажата Копакабана во Рио де Жанеиро е домаќин на милиони кои сакаат да ја прославата Новата година тука.
Новата година (Ano Novo) исто така позната како Reveillon на Бразилско-португалски јазик е еден од главните празници во Бразил и е службен почеток на летните празници кои вообичаено завршуваат со Карневал (аналогно на тоа е Memorial Day или Ден на комеморација на луѓето кои загинале на воена служба и Labor Day односно Ден посветен на работниците во САД).
Бразилците обично уживаат во обилни оброци во друштво на своето семејство или пријателите во домашна атмосфера или во некој од приватните клубови или ресторани. Тие најчесто се облекуваат во бело за да имаат среќа во новата година. Огномети и јадење грозје се некои од традициите кои се асоцирани со празнувањето на Новата година.
Плажата Копакабана се смета за една од најдобрите локации за огномет во целиот свет за време на Новогодишната вечер. Градот Саун Пауло исто така одржува еден познат настан односно Маратонот на Свети Силвестер кој ги опфаќа улиците помеѓу Авенија Паулиста и центарот на градот.
Во други религии, се одржуваат други настани. Во Форталеца, Чеара се одржува голема забава со огномет и музички шоуа во живо во областа Praia de Iracema која привлекува повеќе од милион луѓе во последните неколку години.
Еквадор
[уреди | уреди извор]Покрај традиционалните семејни настани и оброци, модерни прославувања како одење во ноќни клубови се проминента одлика во Еквадор, но главниот настан е палењето на огнометите и илјадници кукли кои ја претставуваат изминатата година.
Мексико
[уреди | уреди извор]Мексиканците ја прославуваат Новогодишната вечер или уште позната како Año Nuevo со тоа што консумираат по едно грозје на секое од 12-те отчукувања на ѕвоното за време на одбројувањето и посакувајќи по една желба за секои од 12-те грозја.
Мексиканските семејства ги украсуваат домовите и забавите за време на новата година, користејќи бои како црвена за да се нагласи важноста на подобрувањето на животниот стил и пред сè љубовта, жолта за да се добие подобрено вработување и подобар животен стил, зелена за да се подобрат финансиските услови и бела боја за да се подобри здравјето.
Мексикански сладок леб се пече и во него се става паричка или некоја амајлија. Кога ќе се послужи лебот, тој кај кого ќе се падне паричката или амајлијата се верува дека ќе го следи добра среќа и благослов во новата година. Друга традиција е правење на список на сите лоши или несреќни работи кои се случиле во текот на годината и пред полноќ таа листа се фрла во оган, симболизирајќи го отстранувањето на негативната енергија од новата година.
Повеќето Мексиканци прославуваат со тоа што имаат касна вечера со семејството, традиционалното јадење е мисирката, традиција која е светски популарна. Тие кои сакаат да се забавуваат обично после вечерата одат во локални клубови или на забави. Доколку сте во Мексико можете исто така да уживате во уличните прослави. Во Мексико Сити има голем уличен фестивал за Новогодишната вечер каде прославата се одржува на главниот плоштад Зокало. Можете да очекувате многу огномети, петарди и слично. На полноќ има многу врева и се извикуваат зборовите „Среќна нова година“ („Feliz año nuevo Hogmanay!“). Луѓето се гушкаат, прават врева и играат со петарди.
Океанија
[уреди | уреди извор]Австралија
[уреди | уреди извор]Секој поголем град во Австралија одржува прослави за Нова година, најчесто пропратени со огномети меѓу другите настани. Глоучестер Парк е тркачка патека во централен Перт и во него се одржува најпознатиот огномет. Во Брисбејн годишно се собираат 50.000 луѓе околу реката Брисбејн во градот и набљудуваат огномет додека други настани се одржуваат во градот и во Саутбенк.
Двете најголеми прославувања се одржани во двата најголеми градови во Австралија, Сиднеј и Мелбурн. Прославата во Сиднеј е најчесто тематска проследена со светлосни шоуа и голем симбол во средината на мостот Сиднеј Харбор, преку 1,5 милион луѓе се собираат во Порт Џексон. Огнометот трае од 12 до 25 минути и е проследен од музички шоуа поставени на повеќе сцени низ целата плажа. Како една од првите прославувања на Новата година благодарение на часовните појаси, Австралискиот огномет најчесто е пренесуван преку телевизиски канали во теков на денот на 31 декември.
Нов Зеланд
[уреди | уреди извор]Градот Гизборн е 496 километри западно од меѓународната датумска граница и е првиот град кој ја дочекува Новата година. Во Нов Зеланд, градовите ја дочекуваат Новата година со скромни настани и огномети. Во последните години, продажбата на алкохол е забранета, поради многуте безредија, вандализми и други девијантни појави. На 31 декември по последните неколку години, екипата Black Caps („Црни Капи“) играат еднодневен меѓународен натпревар крикет. Најголем е огнометот што се пушта од Небесната Кула во Окленд, највисока на јужната полутопка.
Северна Америка
[уреди | уреди извор]Костарика
[уреди | уреди извор]Во Костарика семејствата најчесто се собираат во 9 часот и се забавуваат до 1 или 2 часот после полноќ. Постојат неколку традиции кај семејствата од Костарика. Една од тие традиции е да се јадат 12 грозја кои претставуваат 12 желби за новата година и трчање на улиците со багаж кој претставува желба за нови патувања и авантури во новата година.
САД
[уреди | уреди извор]Централната прослава се одржува на плоштадот „Тајмс сквер“ во Њујорк. Новогодишната вечер е настан кој е прославен со формални забави и семејно ориентирани активности. Новогодишниот ден е јавен празник во САД. Во текот на последните 100 години спуштањето на „Топката“ на Тајмс Сквер во Њујорк е пренесувано низ цела Америка па дури и пошироко и е голем дел од прославувањето на Новата година. Кристалната Топка тешка 5,368 килограми и со пречник од 3,7 метри се спушта полека со почеток во 11 часот и 59 минути за да го допре дното на својата кула 60 секунди подоцна, точно на полноќ.
Од 1981 па сè до 1988 градот спуштал големо јаболко во знак на неговиот прекар „Големото јаболко“. Слични спуштања на топки има и во другите американски градови. Овој обичај е инспириран од временскиот сигнал кој бил даван точно на пладне на пристаништата. Од 1972 па до сега (со исклучок во 2005) Дик Кларк е домаќин на телевизиското емитување на настанот наречен „Новогодишната вечер на Дик Кларк“ прикажано на телевизиската мрежа АБЦ, а сега е преименувано во „Новогодишната вечер на Дик Кларк со Рајан Сикрест“ за дочекот на 2009 со тоа што Рајан Сикрест ги презема водителските должности. На 31 декември 1999 шоуто било интегрирано во „АБЦ 2000 Денес“ со Дик Кларк вршејќи репортажа за време на емитувањето на „АБЦ 2000“ со претставување од страна на Питер Џеннигс кој кажал дека многумина нема да сметаат дека ова е Нова година доколку Дик Кларк не го врши одбројувањето.
Помеѓу 1951 и 1976 Бен Гауер бил познат по својот пренос на Новата година во живо од Тајмс Сквер во Њујорк. Од 1956 до 1976 на телевизиската мрежа ЦБС, Гај Ломбардо и неговите Кралски Канаѓани ги забавуваа САД од собата за бал на хотелот Волдорф - Асторија сместен на авенијата Парк. По смртта на Ломбардо во 1977, Кралските Канаѓани продолжиле на ЦБС сè до 1978 година и шоуто „Среќна Нова година“ ги смени во 1979 продолжувајќи сè до 1995.
Песната Auld Lang Syne станала популарна песна која се пее на полноќ на Новогодишната вечер, со тоа што верзијата на Ломбардо е стандардна. НБЦ исто така е домаќин на емитувањето на прославувањето на Нова година, традиционално, водителите на доцните шоуа на таа мрежа вршат пренос на специјални изданија на нивните регуларни шоуа (вклучувајќи и специјално одбројување специфично за централната часовен појас на шоуто на Конан О’Брајан), но од 2005 мрежата се одлучила за специјално издание наречено „Новогодишната вечер со Карсон Дејли“. Фокс, CNN и Фокс Каналот за Вести исто така имаат свои специјални емисии за Нова година.
|