Прејди на содржината

Нане

Од Википедија — слободната енциклопедија
Нане
Нане
Соцветие на кадраво нане (Mentha spicata)
Питомо нане (Mentha x piperita)
Кадраво и питомо нане
Научна класификација [ у ]
Царство: Растенија
клад: Скриеносеменици
клад: Евдикоти
клад: Астериди
клад: Евастериди I
Ред: Усноцветовидни
Род: Нане
L.
Типски вид
Кадраво нане (Mentha spicata)
L.
Синоними[1]
  • Pulegium Mill.
  • Preslia Opiz
  • Audibertia Benth.
  • Menthella Pérard
  • Minthe St.-Lag.

Нане (науч. Mentha) — род со околу 25 видови (и стотици разновидности[2]) на цветни растенија во семејството Lamiaceae. Видовите од родот Mentha имаат субкосмополитско распространување низ Европа, Африка и Азија[3], Австралија и Северна Америка. Постојат и одреден број на хибридни видови.

Различните видови на нане се ароматични, речиси секогаш повеќегодишни, ретко едногодишни тревести растенија. Тие имаат разгранети подземни ризоми и исправени, разгранети стебла. Листовите се наспрамни, од прости издолжени до ланцетни, најчесто перести, со насечени рабови. Бојата на листовите се движи од темнозелена и сивозелена до розова, сина и понекогаш бледожолта.[3] Цветовите се групирани во гроздови (verticil-и) на една исправена боцка, по боја се бели до розови. Венчето е двоусно со четири субеквални венечни ливчиња, при што горните се обично поголеми. Плодот е мала и сува капсула која содржи едно до четири семиња.

Без разлика што видовите кои го сочинуваат родот Mentha се нашироко распространети и можат да се најдат во многу станишта, сепак, повеќето растат во влажни средини и на влажни почви. Нането расте до 10–120 cm во височина. Како резултат на тенденцијата на брзо распространување, нането се смета за инвазивен вид.[4]

Во следната листа се претставени нехибридните видови на нане. Тука се напишани научното и народното име. Синонимите, заедно со култивираните растенија и вариетети, се испишани под видот.

Хибридни видови

[уреди | уреди извор]

Во следната листа се претставени хибридните видови на нане.

  • Mentha × gracilisѓумирово нане
  • Mentha × piperitaпитомо наме
  • Mentha × rotundifolia (M. longifolia × M. suaveolens) — лажно јаболково нане
  • Mentha × smithiana (M. aquatica × M. arvensis × M. spicata) — црвено рарипила нане
  • Mentha × villosa (M. spicata × M. suaveolens) — наречено и Mentha nemorosa, големо јаболково нане, Лисичја опашка, Влакнесто нане, Волнено нане, Кубанско нане, Мохито нане, познато и како Yerba Buena во Куба.
  • Mentha × villosonervata (M. longifolia × M. spicata) — остар заб
  1. Mentha L.“. Plants of the World Online. Royal Botanic Gardens, Kew. Архивирано од изворникот 6 март 2018. Посетено на 15 јули 2019.
  2. Davidson, Alan (1999). The Oxford Companion to Food. Oxford: Oxford University Press. стр. 508. ISBN 0-19-211579-0.
  3. 3,0 3,1 Brickell, Christopher; Zuk, Judith D. (1997). The American Horticultural Society: A-Z Encyclopedia of Garden Plants. New York, NY, USA: DK Publishing, Inc. стр. 668. ISBN 0-7894-1943-2.
  4. Brickell, Christopher; Trevor Cole (2002). The American Horticultural Society: Encyclopedia of Plants & Flowers. New York, NY, USA: DK Publishing, Inc. стр. 605. ISBN 0-7894-8993-7.