Корените на округот се од Амт Грима (Amt Grimma), кој бил создаден во 1832 година и подоцна бил преименуван во округ. Градот Вурцен станал слободен град во периодот 1926-1945. Во 1952 година областа околу Вурцен била поделена од округот Грима. Овој дел бил повратен во 1994 година, кога двата претходни окрузи Грима и Вурцен биле повторно споени. Неколку општини од други окрузи околу Бад Лаузик биле исто така додадени кон округот. Во август 2008 година, станал дел од новиот округ Лајпциг.
Округот бил именуван по неговата главна река, Мулде — името Мулдентал (Muldental) означува „долина на Мулде“. Мулде извира јужно од округот со спојување на два водотека Фрајбергер Мулде и Цвикауер Мулде и тече низ округот во насока кон север.
Сребрената линија во грбот ја симболизира реката Мулде и нејзините два извора. Зелената боја ги симболизира шумите во округот, а трите цветни симболи се за двата претходни оркузи и општините од другите окрузи, кои биле додадени во моменталниот округ.