Прејди на содржината

Менди Мур

Од Википедија — слободната енциклопедија
Менди Мур на SXSW 2018
Менди Мур на SXSW 2018

Аманда Ли “Менди” Мур (англиски: Mandy Moore) која е родена на 10 април 1984 година, е американска текстописец, глумица и моден творец.

Мур стана позната како тинејџерка во 90-тите, по издавањето на нејзините поп албуми “So Real”, “I Wanna Be With You” и “Mandy Moore”. Мур се прослави во филмот A Walk To Remember во 2002 година и подоцна во груги филмови како Chasing Liberty, филм наменет за тинејџерите. Подоцнежните два филма на Мур, American Dreams и Saved! беа сатирични. Неодамна Мур го позајми својот глас како Рапунзел во најновиот анимиран филм на Дизни - Tangled. Нејзиниот неодамнешен албум Amanda Leigh беше издаден на 26 мај 2009 година. Мур продаде повеќе од 10 милиони копии низ светот.

Нејзиниот личен живот ѓи вклучува врските со тенис играчот Енди Родик и со глумците Вилмер Валдерама и Зак Браф, а нејзиниот брак со пејачот Рајан Адамс стана топ тема на медиумите.

Мур е родена во Нашуа, Њу Хемпшир. Нејзината мајка Стејси Мур (родена Фридмен) е поранешна новинарка која што има работено за Orlando Sentinel а нејзиниот татко Доналд - Дон Мур е пилот во American Airlines. Татко и има ирско потекло а нејзината мајка е половина англичанка и половина еврејка. Мур има двајца браќа, СКот и Кајл коишто пораснале во Лонгвуд, Флорида, надвор од Орландо каде што семејството се преселило набргу по нејзинито раѓање поради работата на татко и како авионски пилот. Таа е одгледана како католик и го посетувала католичкото средно училиште во Орландо Bishop Moore, како и Lake Brantley во Алтамонте Спрингс.

Интересите за пеење се појавиле откако го гледала мјузиклот Оклахома. Таа исто така беше охрабрена да настапува од страна на нејзината баба, која што претставува и нејзина инспирација. Некои од првите јавни настапи на Мур се случиле кога ги пеела државните химни н неколку спортски натпревари во Флорида.

Музичка кариера

[уреди | уреди извор]

Мур беше на турнеја со Бекстрит Бојс во текот на 1999 година. Нејзиниот деби албум So Real, беше издаден во декември 1999 година и се искачи на 31то место. За жал, за време на издавањето на албумот, критичарите ја сметаа Мур за женска тинејџерска пејачка опишана како поп принцеза, слично на Кристина Агилера, Бритни Спирс и Џесика Симпсон. Елизабет Винчетели, критичар во списанието Entertainment Weekly, за нејзиниот албум и песните напиша дека Мур поради внесување на сè уште неискусна љубов, настапуваше со задушлив професионализам и ги нарече баладите - одвратни.

Подоцна Мур достигна конвенционално радио, на помлади години од Симпсон, Агилера и Спирс, но таа на почетокот не беше успешна како нив, но и покрај тоа So Real доби платина во ОН и се продаде во околу еден милион копии. Тинејџерскиот поп сингл на Мур - Candy, Yahoo!Movies го обајснува како необично провокативно. Синглот беше успешен во Европа, посебно во Велика Британија каде што се искачи на шестото место. Allmusic го нарече хитот просечен и типичен.

I Wanna Be With You

[уреди | уреди извор]

Мур го издаде I Wanna Be With You во мај 2000 година. Албумот е опфатен со синдсајзери, бас, гитари и тапани, содржи нови песни заедно со нумери и ремикси од So Real. Некои критичари укажуваат дека е ремикс албум. Се искачи на 21то место на Billboard 200, продавајќи се во околу еден милион копии. Насловот на нумерата “I Wanna Be With You” е единствениот сингл од албумот и се искачи на 24тото место на Hot 100. Исто така е насловна песна на филмот Center Stage во 2000 година.

Во јуни 2001 година, Мур го издаде нејзиниот втор албум, наречен токму по неа. Таа го промовираше албумот на нејзиниот прв концерт “Mandy Moore Live@ShoutBack”. Албумот содржи и современи нумери и влијанија од источната музика и Allmusic беше пофин опишувајќи ги како “привлечни, на слоеви”. Албумот дебитираше на 35тото место на Billboard 200. Главет хит беше “In My Pocket”. Следниот хит од албумот беше наречен “Crush”. Во 2002 година излезе и последниот сингл “Cry” со филмот “A Walk to Remember” каде што Мур е главна улога.

Во 2006 го., Мур зборува за нејзините албуми со болни чувства. Таа верува дека нејзиниот прв албум беше соодветен за нејзините години. Таа се почувствува грозно поради тоа што нејзините први албуми беа оодвратни. Мур исто така рече дека сака да дава надоместок на секој којшто ги купил нејзините два први албуми кога би можела. За време на радио интервју во април 2006 г. кога ги видоа нејзините коментари ја прашаа за надоместок на првиот албум, барање кое што Мур го исполни.

Во октомври 2003г., Мур го издаде нејзиниопт четврти албум Coverage, којшто Allmusic го објаснува како скок до музичката зрелост. Албумот се искачи на 14тото место на Billboard 200, но нејзините два хита Have A Little Faith In Me и Senses Working Overtime не се покажаа добро на листата. Обвивката на Мур од I Feel The Earth Move се појавува на Love Rocks, компилациско це-де на песни од барателите на геј правата.

Компанијата го издаде компилацискиот албум The Best Of Mandy Moore, којшто го достигна 148то место на Billboard 200 во ноември 2004 г. како последна обврска од договорот на Мур. Друга компилација, Candy, следуваше во 2005 година. За време на овој период единствената песна што Мур ја сними беше Hey! напишана од Џејмс Реналд и насловна на Лори МекКена Beautiful Man.

Во почетокот на 2006 г., Мур изјави дека и недостига музичката кариера и дека најголема страст чувствува кон пеењето. Мур потпиша со Sire Records откако нејзиниот договор со Epis Records заврши, но таа ја напушти компанијата во мај 2006 г. Таа потпиша со новата компанија EMI Music во јули истата година, опишувајќи го нејзиниот нов договор како посебно постоење, додавајќи дека ја напуштила Sire Records бидејќи не сакала да го следи конвенционалното, туку да има целосна контрола и слобода врз нејзината работа. Новиот албум на Мур, Wild Hope беше издаден на 29 јануари 2007 г. и е во соработка со глумците Шантал Кревиазук, Рејчел Јамагата, Лори МекКена и Плачковците. Мур престојуваше сама во куќата во Вудсток во Њујорк додека го снимаше албумот во 2006 г. Таа го изведе новиот материјал од Wild Hope на филмскиот фестивал Sundance. Нејзиниот прв сингл “Extraordinary” беше поставен на нејзиниот профил на My Space на 29 јануари 2007 г. Мур ја испеја песната на Брит наградите на 12 април 2007 г. и најави турнеја во летото истата година.

Албумот беше издаден во САД во јуни 2007 г. со позитивни критики. Се покажа добро на листите, дебитирајќи на 30тото место на Billboard 200 и на 84тото место во Канада. Во август 2007 г., Мур беше на турнеја со Пола Кол и Рејчел Јамагата, настапувајќи и во САД и во Канада. Wild Hope беше на 10тото местo во Entertainment Weekly. Мур изненади многумина со бесплатен концерт во Бостон на 18 јули 2007 година.

На 23 февруари 2008 г., Мур го издаде Wild Hope во Австралија, направи турнеја со Бен Ли и Западниот Австралиски Симфониски Оркестар во Западна Австралија, поддржувајќи ја Кели Кларксон на нејзината турнеја. Во октомври 2008 г., Мур постираше на нејзиниот веб блог видеа од трите нови песни на којшто работеле, заедно со писателот, пијанистот и гитаристот Мајк Виола. Се очекуваше тоа да биде дует помеѓу нив двајцата, но во јануари 2009 г. беше откриено дека тоа ќе биде соло албум во соработка со него и ќе биде издаден во април 2009 година.

Во февруари 2009 година беше објавено дека новиот албум ќе биде издаден во мај 2009 година наречен Amanda Leigh и ќе биде издаден со нов натпис наречен Storefront Recordings. Оваа нова етикета беше пронајдена од долгогодишниот менаџер на Мур - Џон Леш. Во јуни 2009 г., Мур изведе пет нумери од нејзиниот нов албум, вклучувајќи ги и “Nothing Everything” и “Love To Love Me Back” во шоуто Валмарт.

Во мај 2009 г., таа го издаде нејзиниот албум Amanda Leigh и беше опишан со позитивни ставови. Rolling Stone за албумот напиша: името е земено од вистинското име и средно име на пејачката, акустичните инструменти даваат убав гламур и албумот е снимен во скромен домашен подрум. Порака: ова е вистинска музика, не компјутеризиран поп. Списанието Time изјави дека слбумот е сниман бескорисно. Статија во списнието Paper вели дека Мур е добра пејачка и дека албумот искажува вистински, длабоки чувства.

Мур има продадено повеќе од 241.000 копии во Австралија и се рангира на 281то место од 1000 изведувачи на списокот на музичката декада (1980-2010 г.).

2010 - денес

[уреди | уреди извор]

На 25 октомври 2010 година, во дебата со WonderwallMSN, Мур изјави дека пишува за нејзиниот следен албум и се надева дека ќе го сними до почетокот на 2011 година.

За време на летото во 2002 година, Мур водеше шоу од половина час на [[[MTV]]] наречено Менди Мур, кое што по една година беше преименувано во Менди. Мур беше исто така претставник, којшто се појавува во реклами и печатени текстови за производите. Таа има позирано за Penshoppeво Филипините, ранци за тренери во Јапонија, а била и претставник за училишните програми за лаукемија и лимфома. Нејзината прва глумечка улога била во детскиот фил Magic Al and the Mind Factory каде што ја играла улогата на Британи Фостер.

Во 2001 г., Мур се појавува во мала улога како злобна и популарна мажоретка Лана Томас, спротивно од глумиците Ен Хатавеј и Џули Ендрјус во филмот The Princess Diaries. Во тој филм, Мур ја глуми “Stupid Cupid”, песна во филмот. Таа исто така зборува во Dr. Dolittle 2 како шенско мече. Во 2002 г., Мур ја има првата главна улога во филмот A Walk To Remember заедно со Шејн Вест. Заснован е на новелата на Николас Спаркс. Филмот вклучува романса помеѓу ќерката на свештеникот Џејми Саливан (Мур) и непослушен тинејџер Ландон Картер (Вест). Филмот беше мошне успешен, донесувајќи 41 милиони американски долари. Но, филмот доби неколку негативни критики. Мур доби неколку позитивни забечешки за нејзината улога кога критичарот Роџер Еберт ја нарече: прилично убедлива. Тоа лето на Ем Ти Ви филмските награди, Мур доби награда за пробив во женска изведба за таа улога.

Во 2003 година, Мур глумеше во романтичната комедија How To Deal, која што ја следеше тинејџерската популација во Америка и донесе вкупно 14 милиони домашни долари. Нејзиниот следен филм беше во 2004 година наречен Chasing Liberty, романтична комедија која што донесе бруто добивка од 12 милиони долари. Двата филма добија негативни критики, меѓутоа Еберт во изјавата за How To Deal вели дека Мур има едноставен природен шарм и има неспорно присуство на екранот и предизвикува внимание. Други критичари ја објаснуваат како глумица од ограничена област, додека во статија за Chasing Liberty изјавија дека таа е најсталожената од поранешните поп принцези. Подоцна во 2004 г., Мур се појави како главна улога во религиозната сатира Saved! во која што ја играј Хилари Феј, популарна девојка од христијанско училиште.Филмот доби позитивни коментари иако не се промовираше насекаде. Мур доби пофалба за нејзината изведба. Во една критика беше наречена избезумено задоволство а други пак рекоа дека оваа досега била нејзина најдобра изведба. Таа ја испеа насловната верзија на The Beach Boys, хитот од 1966та година “God Only Knows” со Мајкл Стип.

Во 2005 година, Мур го позајми својот глас во филмот Racing Stripes како Сенди (бел коњ) и се појави во ТВ серијата Entourage.

Во 2006 година, Мур беше гостинка во две епизоди од Scrubs: “My Half-Acre” и “Her Story II”. Истата година, таа го позајми гласот во The Simpsons, играјќи ја Табита во епизодата “Marge and Homer Turn a Couple Play”.

Мур исто така глумеше во филмот American Dreamz, којшто беше промовиран во април 2006 година. Во филмот таа глуми умоболна натпреварувачка во ТВ серијата снимана после Американскиот идол. Режисерот Пол изјави дека ја има Мур замислено во главата за улогата пред да и биде доделена, објаснувајќи дека има нешто навистина убаво за Менди, тоа ја прави поинтересна за да ја видиме како негативец. Мур изјави дека ужива да глуми како растроен карактер, но се плаши од негативните улоги. Доби различни критики, критичарот Овен Глејбермен од Entertainment Weekly напиша дека Мур и глваната улога Хју Грант имаат некоја хемија во нивните улоги, додека пак Роберт Келер од Variety ја опиша улогата на Мур како совршена мешавина од жена за која што реалното шоу е реалност.

Подоцна таа година, во What Coming Soon во критика на интернет ја опишуваат како “зачудувачки најдобра изведба”. Мур ја зборува Нита, хероина од анимираниот Brother Bear 2, којшто беше директно ставен на DVD на 29 август. Таа година и беше доделена улога во филмот Bobby, но беше заменета со Мери Елизабет Винстед.

Мур изјави незадоволство во мај 2006 година со нејзиното појавување на насловната на Космополитен. Насловот од списанието е неограничен оргазам, тоа е статија која што не личи на неа. Во нејзиниот филм Because I Said So, главните улоги Габриел Мач, Лорен Грахам и Дајан Китон, го опишуваат карактерот на Мур во детали како чувство на оргазам на нејзината мајка. Филмот беше издаден на 2 февруари 2007 година и доби различни критики. Во Licence to Wed, Мур глуми млада невеста која што треба да помине тринеделен предбрачен курс пред нејзината венчавка. Главна улога е Џон Красински како нејзин вереник и Робин Вилијамс како свештеник. Филмот беше промовиран на 3 јули 2007 година. Variety ја опишува изведбата на Мур како привлечна. Во 2007 г., Мур се враќа на малите екрани во епизода на How I Met Your Mother насловена како “Wait For It”.

По пауза од речиси две години, Мур ја снима романтичната комедија Swinging with the Finkels во Велика Британија во 2009 г. Филмот се промовираше во 2010 г. Таа беше поканета како гостин во шестата сезона од Grey’s Anatomy на 20 мај 2010 г., нејзината прва улога од 2007 г. Таа се врати како споредна улога во седмата сезона од серијата. Исто така, истата таа година, Мур ја зборуваше принцезата Рапунзел, десеттата Дизни принцеза во анимираниот филм Tangled. Мур заедно со Леви ќе ја испеат насловната тема од филмот “I See the Light”, којшто е номиниран за најдобра оригинална песна на 83те академски награди. Во јануари 2011 година, нејзините филмови донесоа вкупно 410.923.736 милиони американски долари.

Модна кариера

[уреди | уреди извор]

Мур се појави во светот на модата во 2005 година со нејзината линија наречена Mblem, составена од трикотажа и кашмир. Линијата беше распродадена во околу 500 специјални бутици, вклучувајќи ги и Рон Херман и Лиса Клин и во некои продавници како Macy’s West, Bloomingdales и Nordstrom. Една од нејзините цели беше да обезбеди облека за повисоките жени. Во февруари 2009 г., Мур ојави дека ќе ја прекине линијата и се надева дека ќе се врати во модниот свет во линијата но под други услови.

Филантропија

[уреди | уреди извор]

Според медиумската изјава од нејзиното мрежно место, Мур е вклучена во соработката со непрофитната организација PSI и Five and Alive во борбата со маларијата во Африка.

Според USA Today, Мур исто така била вклучена како волонтерка за леукемија и лимфома. Таа волонтирала како претставник за помагање на младите луѓе да станат свесни за сериозноста на леукемијата и лимфомата. Таа помага и како претставник во Cervical Cancer Awareness, којшто се одржува секој јануари. Затоа, за да ја искаѓе опасноста од ракот, таа соработува со д-р.Колинс.

Личен живот

[уреди | уреди извор]

Мур кога била помлада се забавувала неколку месеци со глумецот Били Крафорд. Помеѓу 2000 и 2002 година, таа се забавувала 18 месеци со глумецот Вилмер Валдерама. Во 2006 г., Валдерама се појавува во шоуто The Howard Stern и објаснува дека тој и Мур бсе заљубиле на прв поглед. Мур подоцна го опиша Валдерама како добро момче и џентламен, но подоцна таа изјави дека неговите коментари за нивната врска се сосема вулгарни. Мур почна да се забавува со тениската ѕвезда Енди Родик во 2002 г. Родик ја прекина врската во март 2004 година.

Во ноември 2004 г., Мур почна да се забавува со глумецот Зак Браф. Мислејќи на Браф, Мур изјави дека сака добри еврејски момчиња со добра смисла за хумор. Во 2006 г., се мислеше дека се верени но раскинаа подоцна во 2006 година.

Мур се вери со текстописецот од Њујорк, Рајан Адамс. Тие ја објавија нивната веридба на 11 февруари 2009 година и се венчаа на 10 март 2009 г. во Савана, Џорџија. Двојката имаат заедничко куче наречено Џони (наречено по омилениот пејач на Мур - Џони Мичел) кое што Мур го посвои од животинско засолниште во 2008 година.

Омилени пејачи на Мур се Елтон Џон, Везер и Бет Милер. Мидлер е воедно и омилената глумица на Мур, а нејзиниот филм Beaches бил омилен филм на Мур кога била тинејџерка. Мур ги обожава Annie Hall и Eternal Sunshine of the Spotless Mind. Таа објаснува дека не знае да готви, но си поставува за цел да зема часови за готвење.