Прејди на содржината

Машки студии

Од Википедија — слободната енциклопедија

Машките студии би можеле да ги дефинираме како испитувања/истражувања на претставите, идеалите и очекувањата поврзани со мажите и мажественоста во контекст на современите и на историските општества. Појавата на машките студии е во директна релација и реакција на појавата на женските и феминистичките студии. Кај некои школи содржината на испитувањата на мажественоста се движи од антифеминистички до отворено профеминистички стојалишта. Прашањата околу тоа дали мажите можат да бидат вклучени на автентинчен начин во феминистичкото движење и да застапуват одредена феминистичка позиција е сè уште прашање на контроверзи.[1]

  1. „Водич во феминистичката и родовата терминологија“. Здружение на граѓани Акција Здруженска, Скопје. 2007-05-30. Архивирано од изворникот на 2007-10-08. Посетено на 2007-06-22.