Марио Лемина
Марио Лемина | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 1 септември 1993 | ||
Роден во | Либрвил, Габон | ||
Држава | Габон | ||
Висина | м | 1,82||
Позиција | среден ред | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Вулверхемптон | ||
Број | 5 | ||
Младинска кариера | |||
Лорјан | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2012-2013 | Лорјан | 18 | (0) |
2013-2015 | Олимпик Марсеј | 41 | (2) |
2015-2017 | Јувентус | 29 | (3) |
2017-2021 | Саутхемптон | 46 | (2) |
2019-2020 | → Галатасарај | 20 | (0) |
2020-2021 | → Фулам | 28 | (1) |
2021-2023 | Ница | 46 | (2) |
2023- | Вулверхемптон | 54 | (4) |
Репрезентација | |||
2013 | Франција 20 | 6 | (0) |
2013 | Франција 21 | 1 | (0) |
2015-2022 | Габон | 24 | (3) |
Марио Лемина (роден на 1 септември 1993, во Либрвил) — габонски фудбалер, играч од средниот ред на Вулверхемптон и на габонската репрезентација.
Клупска кариера
[уреди | уреди извор]Лорјан
[уреди | уреди извор]Лемина ја започнал својата професионална кариера во екипата на Лорјан. Своето деби за првиот тим го направил го направил на 22 јануари 2013, во шеснаесттина-финалето од Купот на Фрнција против Седан.[1] Својата прва сезона како професионалец ја завршил со вкупно 14 настапи, 10 во првенството и 4 во купот.
На почетокот на следната сезона, Лемина ги одиграл сите 4 првенствени натпревари на Лорјан за месец август, пред да го напушти клубот во последните часови од трансферниот прозорец.[2] Тренерот на Лорјан Кристијан Горкуф бил згрозен од неговото заминување изјавувајќи:"Клубот не може да зборува за амбиции кога ги продава своите најдобри играчи. Овој трансфер е само бизнис. Сакам луѓето да знаат дека не сум соучесник во оваа одлука. Јас претрпев. Некако, тоа е недостаток на почит кон мојата канцеларија, и моето минато во Лорјан."[3]
Олимпик Марсеј
[уреди | уреди извор]На 2 септември 2013 година, во последните часови од трансферниот прозорецот, тој потпишал за Марсеј за сума од 4.000.000 €.[4]
На 24 септември, го направил своето деби во дресот на Олимпик во натпреварот против Сент Етјен, влегувајќи од клупата за резерви на местото на Димитри Паје.
На 23 ноември 2014 година, тој го постигнал својот прв гол во својата професионална кариера, во победата со 3-1 над Бордо на асистенција на Паје.
Јувентус
[уреди | уреди извор]На 31 август 2015 година му се приклучил на италијанскиот Јувентус на заем од една година, со право на откуп. Во договорот била вклучена и позајмица на играчите на Јувентус Маурисио Исла и Паоло де Чеље во Марсеј.[5] Дебитирал за бјанконерите во Серија А на 20 септември играјќи 76 минути како стартер во победата со 2-0 на гости против Џенова.[6] На 26-ти истиот месец го реализирал својот прв гол за торинскиот клуб, во поразот со 2-1 на гостувањето кај Наполи.[7] На 3 ноември, дебитирал со Јувентус во Лигата на шампионите, влегувајќи на местото на Стефано Стураро во ремито 1-1 против Борусија Менхенгладбах.[8] Во текот на истиот месец станал жртва на воспаление во коленото која го принудила да остане надвор од фудбалските терени во следните четири месеци.[9]
Лемина се вратил во акција на 2 март 2016 година, влегувајќи во игра од клупата за резерви на местото на Ернанес во 71-вата минута во реванш натпреварот од полуфиналето на Купот на Италија, во кој Јувентус и покрај поразот со 3-0 на гостувањето кај Интер се пласирал во финалето на турнирот по изведување на пенали.[10] На 6 март го постигнал вториот гол за сезоната, во гостинската победа над Аталанта со 2-0 во лигата.[11] На 25 април со Јувентус го освојува своето прво скудето во кариерата;[12] Четири дена подоцна, во знак на позитивната сезона на Лемина и покрај долгата пауза заради повреди, Јувентус го откупил целиот договор на играчот од Габон за 9,5 милиони евра.[13] На 21 мај 2016 година, го освоил Купот на Италија, играјќи го целиот натпревар во финалето и одиграл значајна улога во акцијата по која Алваро Мората го постигнал одлучувачкиот гол со кој бил победен Милан со 1-0 по продолженија.[14]
Саутхемптон
[уреди | уреди извор]На 8 август 2017, Лемина потпишал петгодишен договор со англискиот Саутхемптон, откако клубот за трансферот на играчот му платил на Јувентус 17 милиони евра (плус 3 милиони во бонуси).[15] Со тоа станал најскапиот трансфер на светците во историјата на клубот.[16] Своето деби го направил на 20 август, во победата со 3-2 над Вест Хем Јунајтед.[17] Својот прв гол за Саутхемптон го постигнал во победата со 3–2 над Вест Бромвич Албион на 3 февруари 2018.[18]
Репрезентативна кариера
[уреди | уреди извор]Лемина бил повикан во составот на француската репрезентација под 20 години за настап на Светското првенство 2013 кое се одржало во Турција и на кое младите триколори го освоиле златниот медал; тој одиграл 4 натпревар на турнирот од кои 2 како стартер.
Во јануари 2015 година, бил избран во 23-цата играчи што требало да ја претставуваат репрезентацијата на Габон на Африканскиот куп на нации 2015, но тој одбил да настапува, тврдејќи дека сè уште "нема договор" со земјата во која е роден.[19] На 2 јуни, тој најавил дека сака да ги брани боите на земјата на потекло на неговиот татко и одбрал да ја претставува репрезентацијата на Габон на сениорско ниво, иако имал можност да настапува и за Франција.[20] На 28 август истата година. тој бил повикан за првпат во репрезентацијата на Габон за квалификацискиот натпревар за Африканскиот куп на нации против Судан и пријателскиот натпревар против Замбија во септември.[21]. Дебитирал на 9 октомври 2015 во пријателски натпревар против Тунис што завршил 3-3 и притоа го постигнал својот прв погодок.
Во јануари 2017 бил повикан во репрезентацијата за Африканскиот куп на нации 2017 на кој неговиот Габон бил домаќин. Дебитирал на турнирот на 14 јануари во натпреварот против Гвинеја-Бисао што завршил 1-1, и со кој бил отворен првенството.[22]
Хронологија на репрезентативните настапи
[уреди | уреди извор]Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Габон | ||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Дата | Град | Домашни | Резултат | Гости | Натпреварување | Голови | Инфо | Детали |
9-10-2015 | Тунис | Тунис | 3 – 3 | Габон | Пријателска | 1 | ||
12-10-2015 | Монс | Габон | 1 – 2 | ДР Конго | Пријателска | - | 76' | |
14-11-2015 | Либрвил | Габон | 1 – 0 (4-3 пен.) |
Мозамбик | Квал. за СП 2018 | - | 45' | |
25-3-2016 | Франсвил | Габон | 2 – 1 | Сиера Леоне | Пријателска | - | ||
28-3-2016 | Фритаун | Сиера Леоне | 1 – 0 | Габон | Пријателска | - | ||
8-10-2016 | Франсвил | Габон | 0 – 0 | Мароко | Квал. за СП 2018 | - | ||
12-11-2016 | Бамако | Мали | 0 – 0 | Габон | Квал. за СП 2018 | - | 32' | |
14-01-2017 | Либрвил | Габон | 1 – 1 | Гвинеја-Бисао | Африкански куп на нации 2017 - Прва фаза | - | 73' | |
Вкупно | Настапи | 8 | Голови | 1 |
Клупска статистика
[уреди | уреди извор]Статистиката е ажурирана на 2 септември 2015.
Сезона | Клуб | Првенство | Национален куп | Континентален куп | Останати купови | Вкупно | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Наст | Гол | ||
2012-2013 | Лорјан | Л1 | 10 | 0 | КФ+ЛКФ | 4+0 | 0+0 | - | - | - | - | - | - | 14 | 0 |
авг.-септ. 2013 | Л1 | 4 | 0 | КФ+ЛКФ | 0+0 | 0+0 | - | - | - | - | - | - | 4 | 0 | |
Вкупно Лорјан | 14 | 0 | 4+0 | 0+0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 18 | 0 | |||||
2013-2014 | Олимпик Марсеј | Л1 | 14 | 0 | КФ+ЛКФ | 1+2 | 0+0 | ЛШ | 4 | 0 | - | - | - | 21 | 0 |
2014-2015 | Л1 | 23 | 2 | КФ+ЛКФ | 1+1 | 0+0 | - | - | - | - | - | - | 25 | 2 | |
авг. 2015 | Л1 | 4 | 0 | КФ+ЛКФ | 0+0 | 0+0 | ЛЕ | - | - | - | - | - | 4 | 0 | |
Вкупно Олимпик Марсеј | 41 | 2 | 6+3 | 0+0 | 4 | 0 | 0 | 0 | 50 | 2 | |||||
2015-2016 | Јувентус | А | 10 | 2 | КИ | 2 | 0 | ЛШ | 1 | 0 | СИ | - | - | 0 | 0 |
2016-2017 | А | 19 | 1 | КИ | 2 | 0 | ЛШ | 7 | 0 | СИ | 1 | 0 | 29 | 1 | |
Вкупно Јувентус | 29 | 3 | 4 | 0 | 8 | 0 | 1 | 0 | 42 | 3 | |||||
2017-2018 | Саутхемптон | ПЛ | 18 | 1 | ФАКуп+ЛК | 1+0 | 0 | - | - | - | - | - | - | 19 | 1 |
2018-2019 | ПЛ | - | - | ФАКуп+ЛК | - | - | - | - | - | - | - | - | - | - | |
Вкупно во кариерата | 65 | 4 | 8+3 | 0+0 | 5 | 0 | 0 | 0 | 81 | 4 |
Титули
[уреди | уреди извор]Јувентус
[уреди | уреди извор]- Серија А : 2
- Куп на Италија : 2
Франција 20
[уреди | уреди извор]- Турција 2013
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Mario Lemina : « Un grand moment ! » sur ouest-france.fr
- ↑ „Lemina à l'OM, Gourcuff « écœuré »“. www.sofoot.com (француски). 2/09/2013. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ „Lemina loss leaves Gourcuff unhappy“. http://theworldgame.sbs.com.au (англиски). 3 септември 2013. Надворешна врска во
|website=
(help) - ↑ OM : Lemina, c'est 4 millions sur maxifoot.fr
- ↑ Јувентус, уред. (31 август 2015). „Lemina è un giocatore della Juventus“ (италијански). Посетено на 1 септември 2015.
- ↑ La Gazzetta dello Sport, уред. (20 септември 2015). „Genoa-Juventus 0-2, il tabellino“. Посетено на 27 мај 2016.
- ↑ Gianluca Monti (26 септември 2015). La Gazzetta dello Sport (уред.). „Napoli-Juventus 2-1: Insigne e Higuain inguaiano Allegri. Lemina, gol inutile“. Посетено на 10 декември 2015.
- ↑ Marco Gaetani (3 ноември 2015). La Repubblica (уред.). „Borussia Moenchengladbach-Juventus 1-1, Lichtsteiner torna e firma il pari“. Посетено на 27 мај 2016.
- ↑ Goal, уред. (26 јануари 2016). „Lemina chiarisce: "Non è vero che sta andando male alla Juventus"“. Архивирано од изворникот на 2017-09-20. Посетено на 22 мај 2016.
- ↑ Sportmediaset, уред. (2 март 2016). „Coppa Italia, l'Inter si arrende ai rigori: Juventus in finale“. Посетено на 22 април 2016.
- ↑ L'Eco di Bergamo, уред. (6 март 2016). „L'Atalanta cade contro la Juve: 0-2. Allarme rosso, il Frosinone è a -4“. Посетено на 6 март 2016.
- ↑ Timothy Ormezzano (25 април 2016). La Repubblica (уред.). „Juventus campione d'Italia: a Vinovo esplode la festa. Allegri: "Sono ancora più orgoglioso"“. Посетено на 26 април 2016.
- ↑ „Lemina, riscattato il cartellino“. juventus.com. 29 април 2016.
- ↑ Elvira Erbì (21 мај 2016). „Killer Morata entra e stende il Milan. Goduria Juventus: anche la Coppa Italia“. tuttosport.com.
- ↑ „Zvanicno: Mario Lemina je igrac Southamptona“ (српски). ju1897.net. 8 август 2017. Посетено на 9 август 2017.
- ↑ „Mario Lemina: Southampton sign Juventus midfielder for £15.4m“. BBC Sport. 8 August 2017.
- ↑ Chapman, Caroline (19 August 2017). „Southampton 3–2 West Ham United“. BBC Sport. Посетено на 20 August 2017.
- ↑ Henry, Matthew (3 February 2018). „West Bromwich Albion 2–3 Southampton“. BBC Sport. Посетено на 4 February 2018.
- ↑ OM : Mario Lemina refuse la convocation du Gabon, www.rtl.fr, 28 décembre 2014.
- ↑ „Lemina choisit le Gabon“. footmercato.net. 2 јуни 2015.
- ↑ Quentin Moynet (28 август 215). „Can 2017 : Mario Lemina va enfin jouer avec le Gabon“. afriquefppt.fr.
- ↑ Afcon 2017: Guinea-Bissau grab shock draw against Afcon hosts Gabon
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Марио Лемина на soccerway
- Марио Лемина на transfermakt
- Марио Лемина на whoscored
- Марио Лемина на espn
- Марио Лемина на goal.com Архивирано на 4 септември 2015 г.
|
|
- Луѓе од Либрвил
- Габонски фудбалери
- Француски фудбалери
- Фудбалери на ФК Лорјан
- Фудбалери на ФК Олимпик Марсеј
- Фудбалери на ФК Јувентус
- Фудбалери на ФК Саутхемптон
- Фудбалери на ФК Галатасарај
- Фудбалери на ФК Фулам
- Фудбалери на ФК Ница
- Фудбалери на ФК Вулверхемптон Вондерерс
- Фудбалери во Серија А
- Фудбалери од Премиер Лига
- Родени во 1993 година