Прејди на содржината

Марвин Сордел

Од Википедија — слободната енциклопедија
Марвин Сордел
Лични податоци
Роден на 17 февруари 1991(1991-02-17)(33 г.)
Роден во Лондон, Англија
Држава Англија Англија
Висина &100000000000001780000001,78 м
Позиција напаѓач
Клупски податоци
Сегашен клуб Бартон Албион Бартон Албион
Број 17
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2009-2012 Вотфорд Вотфорд 75 (21)
2008Вилдстоун Вилдстоун 5 (2)
2010Транмир Роверс Транмир Роверс 8 (1)
2012-2014 Болтон Болтон 25 (4)
2013-2014Чарлтон Чарлтон 31 (7)
2014-2015 Барнли Барнли 17 (0)
2015-2016 Колчестер Јунајтед Колчестер Јунајтед 21 (4)
2016-2017 Ковентри Ковентри Сити 20 (4)
2017- Бартон Албион Бартон Албион 61 (7)
Репрезентација
2011 Англија Англија 20 1 (1)
2011-2013 Англија Англија 21 14 (3)
2012 Обединето Кралство Велика Британија 23 3 (0)
* Ажурирано на: 6 јануари 2011
** Ажурирано на: 17 ноември 2010

Марвин Сордел (англиски: Marvin Sordell) — англиски фудбалер, напаѓач на Бартон Албион.

Својата кариера ја започнал во младинската школа на Фулам, но подоцна се преселил во Вотфорд каде продолжил да тренира. Своето деби во Чемпионшип лигата за Вотфорд го направил на 15 август 2009 против Шефилд Јунајтед. За Хорнетси одиграл две импресивни сезони во кој запишал 83 првенствени натпревари и постигнал 27 гола, по што тој потпишува за Премиер лигашот, Болтон Вондерерс на 31 јануари во последните часови од преодниот рок. Сумата на трасферот не била објавена, но Сордел потпишал договор на 3 и пол годишна верност. За Болтон дебитирал на 4 февруари, влегувајќи како замена на местото на Давид Н'Гог во поразот на неговата екипа од Норич Сити со 2-0. За сезоната 2013-2014 бил позајмен на Чарлтон Атлетик каде на 31 натпревар во Чемпионшип постигнал 7 гола. Во летото 2014, тој се преселил во Барнли за да соработува одново со Шон Дајч кој му бил тренер и во Вотфорд. Потоа одиграл по една сезона во Колчестер Јунајтед и Ковентри Сити пред да се пресели во Бартон Албион во летото 2017.

Сордел е младински репрезентативец на Англија во селекциите под 20 и под 21 година. Во 2012 тој исто така бил избран во тимот на Велика Британија под водство на Стјуарт Пирс за Летните олимписки игри 2012 во Лондон.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]