Лоренс од Арабија
„Лоренс од Арабија“ | |
---|---|
Филмскиот плакат | |
Режисер | Дејвид Лин |
Продуцент | Сем Спигел |
Главни улоги | Питер Отули Алек Гајнес Ентони Квин Џек Хокинс Омар Шариф |
Музика | Морис Џери |
Кинематографија | Фреди Јанг |
Монтажа | Ени В. Коутс |
Студио | „Horizon Pictures“ |
Дистрибутер | „Columbia Pictures“ |
Премиера | 10 декември 1962 |
Времетраење | 216 минути |
Земја | Обединето Кралство САД |
Јазик | Англиски |
Буџет | $15 милиони |
Бруто заработка | $70 милиони |
Лоренс од Арабија (англиски: Lawrence of Arabia) — британски биографски филм од 1962 година, заснован на животот на Т. И. Лоренс. Филмот бил режиран од Дејвид Лин (David Lean) и продуциран од Сем Спигел со неговата продуцентска куќа, „Horizon Pictures“, а сценариото било напишано од Роберт Болт и Мајкл Вилсон. Главните улоги во филмот ги толкуваат: Питер О'Тул (Peter O'Toole), Омар Шариф (Omar Sharif), Алек Гинис (Alec Guinness), Ентони Квин (Anthony Quinn), Џек Хокинс (Jack Hawkins) и Хосе Ферер (Jose Ferrer). Музиката за филмот е дело на Морис Жар (Maurice Jarre) кој за неа ја добил наградата „Оскар“. Филмот се смета за еден од најдобрите филмови во историјата. На пример, според анкетата на британското филмско списание Sight and Sound, филмот бил пласиран на четвртото место според гласањето на режисерите, а во повеќе други анкети бил прогласен за најдобар британски филм на сите времиња. Во 1963 година, филмот освоил седум награди „Оскар“, меѓу кои и оние за најдобар филм и за најдобра режија.[1]
Содржина
[уреди | уреди извор]Контроверзниот војник и авантурист Т.Е. Лоренс (го игра О'Тул) умира во сообраќајна несреќа, возејќи мотоцикл. По комеморацијата, присутните започнуваат разговор за покојникот, а клучниот период од неговиот живот е Првата светска војна, кога тој бил поручник во британската војска во Каиро. Притоа, тој бил на лош глас како своеглав и непослушен офицер, но поради познавањето на арапската култура го испраќаат во мисија со цел да го придобие арапскиот принц Фејсал (го игра Гинис) во војната против Турција. Со својот шарм и снаодливост, Лоренс успева да ги придобие Арапите и така игра голема улога во натамошниот развој на војната...[2]
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Лоренс од Арабија на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
- Лоренс од Арабија на Allmovie
- Лоренс од Арабија на Box Office Mojo
- Лоренс од Арабија на Metacritic
- Лоренс од Арабија на Rotten Tomatoes.
- Лоренс од Арабија „Трејлер на YouTube“
- Лоренс од Арабија Кино трејлер на „YouTube“
- Езеј за филмот Лоренс од Арабија
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „HRT - официјално мрежно место (пристапено на 16.5.2017)“. Архивирано од изворникот на 2017-05-20. Посетено на 2017-05-29.
- ↑ „HRT - официјално мрежно место (пристапено на 16.5.2017)“. Архивирано од изворникот на 2017-05-20. Посетено на 2017-05-29.
|group11 = 2020-ти |list11 = Земја на номадите (2020) • CODA (2021) • Сè насекаде одеднаш (2022) }} </noinclude>
- Филмови од 1962 година
- Американски филмови
- Британски филмови
- Биографски филмови
- Филмови на англиски јазик
- Филмови на арапски јазик
- Филмови на турски јазик
- Добитници на оскар за најдобар филм
- Филмови засновани на вистински настани
- Филмови снимени во Шпанија
- Филмови на Columbia Pictures
- Филмови на Дејвид Лин
- Филмови со Питер О'Тул
- Филмови со Омар Шариф
- Филмови со Алек Гинис
- Филмови со Ентони Квин
- Историски филмови