Лопатица (Битолско)
Лопатица | |
Координати 41°9′33″N 21°15′14″E / 41.15917° СГШ; 21.25389° ИГД | |
Општина | Битола |
Население | 212 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 02072 |
Надм. вис. | 638 м |
Лопатица на општинската карта Атарот на Лопатица во рамките на општината | |
Лопатица на Ризницата |
Лопатица — село во Општина Битола, во околината на градот Битола.
Географија, местоположба и историја
[уреди | уреди извор]Името на населбата води потекло од нејзината местоположба, односно сместеноста покрај пат. Според тоа прво ја завикале Попатица, а подоцна се трансформирало во денешното име Лопатица.
Населбата се наоѓа во западниот дел на Битолското поле, на територијата на Општина Битола, на 16 км оддалеченост од Битола. Атарот на селото се граничи од север со некогашното село Чагор, а од северозапад со Општина Демир Хисар, од запад со с. Црнеец и од југоисток со с. Лисолај. Селото е ридско на 655 м. надморска висина. Има релативно голем атар од 24,4 км2 и има рамнинско-ридски карактер. На него преовладуваат пасиштата кои заземаат површина од 1.338,4 ха, на обработливото земјиште отпаѓаат 694,7 ха, а на шумите 329,1ха.
Се споменува во турските опширни пописни дефтери за Битолската нахија од 1468 год. на трипати со вкупно 23 семејства, 4 неженети и 9 вдовици, сите христијани (со процена од 155 жители). Во прегледот на жители се споменува поп Петре.
Во XIX век, Лопатица било село во Битолската каза на Отоманското Царство.
Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Лопатица живееле 260 жители, сите Македонци.[2] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, во 1905 година во Лопатица имало 200 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Лопатица се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 40 куќи.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Македонци.[5]
Од Лопатица се иселиле голем број жители (над 300 лица), така што селото преминало од средна во мала населба. Во 1961 год. населбата имала 615 жители (максимум 665 жители во 1981 год.), а во 2002 год. бројот се намалил на 280 жители, сите Македонци. Во 2008 година неофицијално селото имало околу 300 жители.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 212 жители, од кои 211 Македонци и 1 лице без податоци.[6]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 260 | 200 | 472 | 515 | 615 | 591 | 665 | 435 | 331 | 280 | 212 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]
Родови
[уреди | уреди извор]Лопатица е македонско село.
Родови во селото се:
- Староседелци: Дамчевци (4 куќи) и Димитриевци (1 куќа)
- Доселеници: Митковци (13 куќи) доселени се од соседното село Лисолај, таму биле однекаде доселени; Крстевци (4 куќи), Дејковци (2 куќи) и Љаковци (1 куќа) доселени се од селото Секирани, и таму биле доселени однекаде; Тасевци (2 куќи) доселени се од соседното сега раселено село Мечкарица; Поповци (1 куќа) потекнуваат од свештеник кој се доселил од Прилеп; Настевци (1 куќа) доселени се од Драгожани; Грујовци (1 куќа) доселени се во 1926 година од селото Радобор; Спиро (1 куќа) доселени од селото Ракитница во Железник; Ивановци (1 куќа) доселени се од мијачкото село Лазарополе; Андреевци (1 куќа) доселени се од селото Базерник во Железник како ковачи; Кузмановци (3 куќи) доселени се 1926 година од раселеното село Чагор; Нале (1 куќа) доселени се од селото Црновец, а таму се доселени од селото Боиште во Железник; Богојевци (6 куќи) доселени се од раселеното село Чагор; Попчановци (4 куќи), Панџиловци (2 куќи), Шкиневци (2 куќи), Пукаловци (6 куќи), Кулуковци (5 куќи), Дамевци (7 куќи), Главевци (4 куќи) и Несторовци (2 куќи) доселени се однекаде.[11]
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Избирачко место
[уреди | уреди извор]Во селото постои избирачкото место бр. 201 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште. Во ова избирачко место е опфатено и селото Древеник.[12] Од 2004 година до денес, селото повторно припаѓало во рамките на Општина Битола.
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 250 гласачи.[13]
Во периодот 1996-2004 година, селото припаѓало во рамките на битолската селска општина Кукуречани.
Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Битола.
Во периодот 1955-1965 година, селото било дел од тогашната општина Кукуречани.
Во периодот 1952-1955 година, селото било седиште на тогашната општина Лопатица.
Во периодот 1950-1952 година, селото било дел од неговата општина Црноец.
Иселеништво
[уреди | уреди извор]Најголем број од населението се иселило во Битола, потоа во Скопје, Австралија, САД, Канада, Шведска, Германија и други места во светот.
Општествени установи
[уреди | уреди извор]Населбата има целосно оформена инфраструктура. Има продавници, спортски клуб и стопански објекти на ПП "Лозар". Населението се занимава со поледелство, градинарство, овоштарство, лозарство и сточарство. Во селото има 4 чешми, 1 извор и тече Чагорска река која е лева притока на реката Шемница. Во Лопатица работи основно училиште до 4 одделение (подрачно училиште на ОУ "Александар Турунџев" - с. Кукуречани), амбуланта, пошта, како и услужни објекти. Во селото има црква посветена на пресвета Богородица, изградена во 1827 год., а близу селото има манастир Св. Никола - изграден 1600 г. Манастирот се наоѓа во атарот на некогашното село Чагор и уште е познат како Св. Николај Чагорски. Селска слава им е Мала Богородица (21 септември).
- Цркви[14]
- Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ — главната селска црква изградена во 1857 г.
- Црква „Св. Никола Чагорски“ — манастирска црква од 1636 г., единствена во Чагорскиот манастир
- Археолошки наоѓалишта[15]
- Во Селото — осамен наод од римско време
- Долни Леоник — црква од средниот век
- Калуѓери — црква од средниот век
- Коритница — некропола од римско време
- Ограда — населба од доцноантичко време
Култура и спорт
[уреди | уреди извор]Во селото функционира фудбалски клуб којшто неколкупати го менувал своето име. Најпрвин се викал ФК Чагор, а денешното име му е ФК Лопатица.
Исто така во селото имало и КУД Гоце Делчев.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 237.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 166-167.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 12.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски Ф., Јован (1998). Битољско-Прилепска котлина : антропогеографска проучавања (1914-1997). Српска академија наука и уметности. ISBN 8670252678. OCLC 469501519.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ.