ЛГБТ права во Македонија
Лезбејките, хомосексуалците, бисексуалците и трансродовите лица (ЛГБТ) во Северна Македонија се соочуваат со правни и општествени предизвици, со кои не се соочуваат не-ЛГБТ жителите. Машките и женските истополови сексуални активности се легализирани во Северна Македонија уште од 1996 година, но истополовите парови и домаќинствата предводени од истополовите парови немаат право на иста законска заштита којашто им е достапна на хетеросексуалните брачни парови.
Во 2019 година, ИЛГА-Европа ја рангираше Северна Македонија на 34-то место од 49 европски земји во однос на законодавството за правата на ЛГБТ.[1]
Хомосексуалноста била забранета во Северна Македонија сè до 1996 година, кога земјата го декриминализира сексот меѓу лица од ист пол како услов за да стане членка на Советот на Европа.[2]
Истражувања
[уреди | уреди извор]Според истражувањата на Хелсиншкиот комитет од 2005 година, 9,6% од населението во државата е нехетеросексуално.[3] Во април 2019 година, било спроведено истражување од страна на Институтот за човекови права објавено со цел да се одреди мислењето на јавноста во однос на перцепцијата за сексуалната ориентација и родовиот идентитет. Според стражувањето, кое било спроведено во облик на анкета и вклучило 1017 жители, речиси половина од испитаниците имале негативни мислења за луѓе со хомосексуална ориентација.[4]
Скопје прајд
[уреди | уреди извор]Парада на ЛГБТ заедницата во Скопје, насловена како „Скопје прајд“ за првпат се одржала во 2019 година.[5]
Резиме табела
[уреди | уреди извор]Легална сексуална активност луѓе од ист пол | (Од 1996 година) |
Еднаква возраст на согласност (14) | (Од 1996 година) |
Закони за антидискриминација само при вработување | (Од 2020 година) |
Закони за антидискриминација при обезбедување на стоки и услуги | (Од 2020 година) |
Закони за антидискриминација во сите други области (вклучително индиректна дискриминација, говор на омраза) | (Од 2020 година) |
Закони за антидискриминација во врска со родовиот идентитет | (Од 2020 година) |
Истополови бракови | |
Признавање на истополови парови | |
Посвојување од посинок од истополови парови | |
Заедничко посвојување од истополови парови | |
На хомосексуалците, лезбејките и бисексуалците им е дозволено да служат отворено во војската | |
Право на промена на правниот пол | [6][7][8][9][10][11][12] |
Пристап до ИВФ за лезбејките | |
Комерцијално сурогат мајчинство за геј машки парови | |
На мажи кои спијат со мажи им е дозволено да даруваат крв |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „неrth Macedonia“. rainbow-europe.org. Посетено на February 28, 2021.
- ↑ „Gay Macedonia“. Архивирано од изворникот на 17 July 2012.
- ↑ „Геј-заедницата во Македонија“. BBC. 24 септември 2007 година. Посетено на 28 ноември 2022. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ Карајков, Ристо (април 2019). „Оценка на јавното мислење и нивото на перцепција за сексуалната ориентација и родовиот идентитет како основи за утврдување дискриминација - резултати од истражување“ (PDF). Институтот за човекови права. Посетено на 28 ноември 2022. Text "last2-Димитровска" ignored (help); На
|first2=
му недостасува|last2=
(help) - ↑ „Скопје Прајд 2019: Вашето присуство е најсилна поддршка!“. Окно. 28 јуни 2019. Посетено на 28 ноември 2022.
- ↑ „Владата утврди предлог-закон за признавање на родовиот идентитет на трансродовите лица“. Радио МОФ (англиски). 2021-04-28. Посетено на 2021-07-22.
- ↑ „Од 67 седница на Владата: Забраната за движење наместо од 20:00 ќе важи од 21:00 часот; Нови пунктови за масовна вакцинација во Битола, Охрид, Штип, Кавадарци, Тетово и Куманово“. Влада на Република Северна Македонија. 2021-04-27. Посетено на 2021-07-22.
- ↑ „Промената на полот во Македонија станува легална“. Сител Телевизија. Посетено на 2021-07-22.
- ↑ „Измените на Законот за матичната евиденција за трансродовите лица во собраниска процедура“. Академик. 2021-05-11. Посетено на 2021-07-22.
- ↑ „ПРЕДЛОГ НА ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА МАТИЧНАТА ЕВИДЕНЦИЈА“.
- ↑ „ТРАНСРОДОВА ЖЕНА ДОБИ ПРАВО НА ПРОМЕНА НА ОЗНАКАТА ЗА ПОЛ И МАТИЧНИОТ БРОЈ ВО ЛИЧНИТЕ ДОКУМЕНТИ, ВТОРА ВАКВА ОДЛУКА НА УПРАВНИОТ СУД“. Сакам Да Кажам. 2017-10-02. Посетено на 2021-07-22.
- ↑ „Шест лица го промениле полот во личните карти | iNFOMAX.mk“ (англиски). Архивирано од изворникот на 2021-07-22. Посетено на 2021-07-22.