Крајници
Изглед
Крајници[1][2] (латински: tonsilla) — групи на лимфно ткиво кои се наоѓаат под епителот во устата и голтникот. Тие создаваат лимфоцити и се дел од имунолошкиот систем, а нивната улога е да го заштитат горниот дел на дишниот систем од инфекции.
Постојат четири вида крајници:
- непчени крајници (латински: tonsilla palatina),
- голтничен крајник (латински: tonsilla pharygea),
- јазичен крајник (латински: tonsilla lingualis),
- тубен крајник (латински: tonsilla tubaria).
Сите тие го чинат т.н. Валдееров лимфен прстен (латински: annulus lymphaticus Waldeyer). Големината на крајниците е најголема во детството, а во периодот на пубертетот почнуваат полека да атрофираат заради намалувањето на бројот на лимфните јазли.