Прејди на содржината

Косово Поле

Од Википедија — слободната енциклопедија
Koсово Поле
Општина и град
Fushë Kosovë
Железничка станица
Железничка станица
Koсово Поле is located in Косово
Koсово Поле
Koсово Поле
Локација во Косово
Координати: 42°38′N 21°5′E / 42.633° СГШ; 21.083° ИГД / 42.633; 21.083
ДржаваКосово
ОкругПриштина
Села18
Управа
 • ГрадоначалникСкендер Зогај
Население (2011)
 • Општина и град34,827
 • Густина412,8/км2 (10,690/ми2)
 • Градскo12,919
Час. појасCET (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Поштенски број12000
Повик. бр.+383 38
Таблици01
Мреж. местоMunicipality of Kosovo Polje (ROK)

Косово Полеград и општина во округот Приштина, во централниот дел на Република Косово. Населението на општината во 2011 изнесувало 34.827, а во градот живеат 12.919 жители.

Географија

[уреди | уреди извор]

Градот Косово Поле се наоѓа во централниот дел на Република Косово, 8 км од центарот на Приштина. Како што главниот град се шири кон запад, за неколку години постои можност да се спои со Косово Поле.

Историја

[уреди | уреди извор]
Гробницата на Отоманскиот султан Мурат во Косово Поле

Косово Поле било именувано по местото на Битката на Косово во 1389 година. Населбата Косово Поле е основана во 1921 година за време на Кралството Југославија.

Во април 1987 година, кога Слободан Милошевиќ, тогашниот претседател на Сојузот на комунистите на Србија и беше испратен во градското собрание на Косово Поле да ја смири толпата од лути Срби кои протестираа за анти-српската дискриминација од страна на администрацијата на Косово со претежно албанско население. Кога српските граѓани се жалеле дека биле тепани од страна на полицијата на етничките Албанци во Косово, Милошевиќ им рече дека "Никој нема право да ве тепа. Никој нема да ве победи никогаш." Инцидентот ја подигна поддршката на српскиот народ кон Милошевиќ и го издигна на претседателството на Србија, две години подоцна.

Пред војната во Косово 1999, градот Косово Поле имаше, според проценката на УНХЦР од март 1998, вкупно население од околу 40.000, додека етничкиот состав беше 59% Албанци, 24% Срби и 17% од другите заедници.

Косово Поле претрпе забележително насилство пред, за време, и по војната во Косово. Во декември 1998 година, српскиот заменик-градоначалник на Косово Поле Звонко Бојаниќ е убиен од страна на припадници на Ослободителна војска на Косово, и покрај настојувањето стабилизација на српско-албанските односи. На крајот на војната во јуни 1999 година, поголемиот дел од албанското население се врати додека многу од Србите беа иселени. Останатото српско население се наоѓа во енклава во регион со доминантно албанско население. Илјадници Срби и Роми од другите делови на Косово, кои ги напуштиле своите домови, најдоа прибежиште во Косово Поле, каде што е основан голем бегалски камп.

Демографија

[уреди | уреди извор]
Етничка структура
Година Албанци  % Срби  % Ашкали  % Роми  % Други  % Вкупно
1991 20,142 56.6 8,445 23.7 6,983 19.6 35,570
1998 23,600 59 9,600 24 40,000
јуни 2000 34,000 84 4,000 10 2,600 6.4 300 0.7 60 0.14 40,500
Април 2002 34,000 85 3,239 8 2,259 5.6 388 1 21 0.05 40,000
2011 30,275 86.9 321 0.9 3,230 9.3 436 1,3 565 1.6 34,827

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]