Колпортер-арена
Колпортер арена | |
---|---|
Место | Келце, Полска |
Започнат | 2004 |
Изграден | 2004-2006 |
Отворен | 1 April 2006[1] |
Сопственик | град Келце |
Оператор | • Град Келце • Корона Келце |
Подлога | Трева |
Цена на изградбата | 48 мил. полски злоти |
Игра | Корона Келце |
Гледачи | 15,500 |
Колпортер арена — повеќенаменски стадион во Келце, Полска. Стадионот најмногу се користи за фудбалски натпревари и тука своите домашни натпревари ги игра екипата на Корона Келце. Стадионот е со сместивост од 15.500 гледачи и бил изграден во 2006 година. Станува збор за еден од најмодерните стадиони во Полска.
Првиот натпревар на стадионот бил одигран на 1 април 2006 година меѓу екипите на Корона Келце и Заглебје Лубин во рамките на првата фудбалска лига на Полска. Натпреварот завршил со резултат 1–1 .
Стариот стадион на Корона Келце моментално го користи резервниот тим на клубот.
Натпревари на репрезентацијата
[уреди | уреди извор]Досега полската фудбалска репрезентација изиграла три натпревари на Колпортер арената. Првиот натпревар бил против Ерменија во квалификациите за Европското првенство 2008. Вториот натпревар бил против Сан марино во квалификациите за Светското првенство 2010. Тој натпревар бил значаен поради две причини: прво, Полска ја забележала највисоката победа во својата фудбалска историја победувајќи со резултат 10:0, и второ, Полска го постигнала својот најбрз гол во историјата благодарение на Рафал Богуски, кој постигнал гол за водство од 1-0 во 23. секунда од натпреварот.
Пријателски натпревар помеѓу Полска и Финска се одиграл на стадионот на 23 мај 2010 година.
Бр. | Натпреварување | Датум | Противник | Гледачи | Резултат |
---|---|---|---|---|---|
1 | Квалификации за Европско првенство 2008 | 28 март 2007 | Ерменија | 15500 | 1–0 (1–0) |
2 | Квалификации за Светско првенство 2010 | 1 април 2009 | Сан Марино | 15550 | 10–0 (4–0) |
3 | Пријателски натпревар | 29 мај 2010 | Финска | 14000 | 0–0 (0–0) |