Прејди на содржината

Клаудио Маркизио

Од Википедија — слободната енциклопедија
Клаудио Маркизио
Лични податоци
Роден на 19 јануари 1986(1986-01-19)(38 г.)
Роден во Торино, Италија
Држава  Италија
Висина &100000000000001790000001,79 м
Позиција Среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Зенит Ст. Петербург Зенит Ст. Петербург
Број 10
Младинска кариера
Јувентус Јувентус
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2006-2018 Јувентус Јувентус 294 (33)
2007-2008Емполи Емполи 26 (0)
2018– Зенит Ст. Петербург Зенит Ст. Петербург 8 (2)
Репрезентација
2001–2003 Италија Италија 20 1 (0)
2003-2007 Италија Италија 21 14 (0)
2009-2017 Италија Италија 55 (5)
* Ажурирано на: 21 септември 2011
** Ажурирано на: 6 септември 2011

Клаудио Маркизио (италијански: Claudio Marchisio) — италијански фудбалер, играч од средниот ред на Зенит.

Тој е производ на младата школа на Јувентус и поминал 12 години како професионалец во клубот со исклучок на една сезона кога бил позајмен на Емполи заради афирмација.

Тој е често споредуван со поранешниот фудбалер на Јувентус, Марко Тардели заради стилот на игра. Одличната техника, големата борбеност и добрата игра и во одбрана и во напад му овозможуваат да игра на повеќе позиции во средината на теренот. Тој е типичен внатрешен играч од средината на теренот, но поради доброто снаоѓање со двете нозе често е користен и како лево и како десно крило.

Раните години и почетокот на кариерата

[уреди | уреди извор]

Маркизио е роден во Торино, како најмал член на семејство навивачи на Јувентус.Неговиот татко бил сопственик на сезонски билети за натпреварите на Јуве, па тоа му овозможило уште како мал да ги дофаќа топките на Деле Алпи (поранешниот стадион на Јувентус).Од страна на локалните скаути од клубот е приметен за време на еден школски натпревар во кој тој учествува.Така тој уште на седум години доаѓа во академијата на Јувентус.

Клупска Кариера

[уреди | уреди извор]

Јувентус

[уреди | уреди извор]

До својата шеснаеста година во академијата тој игра на позиција полушпиц и голем идол во тоа време му е еден од најдобрите фудбалери на Јувентус, Алесандро дел Пјеро. Подоцна е преместен малку поназад. Во сезоната 2005-2006 како еден од најдобрите фудбалери во тимот тој добива повик во првиот тим од тренерот Фабио Капело, но не запишал ниту еден настап. Истата таа сезона тој го предводи младинскиот тим на Јувентус Примавера до првата титула по дванаесет години и второ место на турнирот во Вијареџо.

После калчополи кога Јувентус е преместен во втората италијанска лига тој е преместен во првиот тим како редовен играч и го добива бројот 15. Дебитирал за првиот тим на Јувентус во купот на италија против Мартина на 19 август 2006. На 28 декември дебитирал во Серија Б против Фрозиноне, како замена за Давид Трезеге. Во вториот дел од сезоната станува стандарден првотимец во екипата која во тој момент ја водел Дидје Дешан.

Позајмица во Емполи

[уреди | уреди извор]

Маркизио во јуни 2007 е позајмен во Емполи заедно со соиграчот од младата школа на Јуве, Себастијан Џовинко. На 26 август тој дебитира во Серија А против Фиорентина. Иако не постигнал ниту еден гол тој беше важна фигура во тимот таа сезона, но сепак не успеа да му помогне на тимот да се спаси од испаѓање. После испаѓањето на тосканскиот тим се враќа во Јувентус.

Враќањето во Јувентус

[уреди | уреди извор]

Тој имаше одличен старт по враќањето во Јувентус. Добива многубројни пофалби од италијанската јавност и изборува место во почетната постава кај тренерот Клаудио Раниери поради многубројните повреди. Во победата на Јувентус над Милан од 4:2 тој е прогласен за играч на натпреварот. Својот прв гол во Серија А го постигнува пет дена подоцна својот 23-ти роденден против Фиорентина. Тој беше многу важна фигура во средниот ред на тимот и имаше важен придонес за второто место на Јувентус на крајот од сезоната. Набрзо потоа тој потпишува нов петгодишен договор.

Сезона 2009-2010

[уреди | уреди извор]
Маркизио во 2009

Во наредната сезона Маркизио е стандарден играч во првата постава. На почетокот игра многу добро и во четири меча е избран за играч на натпреврот. Во октомври во натпреварот против Палермо тој заработува повреда на коленото поради која отсуствува месец дена. Се враќа кон крајот на ноември, а во декември постигнува прекрасен гол против Интер во победата од 2:1. На крајот на 2009-тата година тој е прогласен за играч на годината на Јувентус од страна на навивачите.

Клаудио Маркизио во Tоронто

Во мечот од Лига Европа против Фулам тој за првпат ја носи капитенската лента во својата кариера. На крајот од сезоната Маркизио е еден од ретките кој ги избегнува критиките на медиумите во Италија по разочарувачката сезона на Јувентус.

Сезона 2010-2011

[уреди | уреди извор]

После лошиот настап на Светското првенство 2010 во Јужна Африка сезоната ја почнува како стартер и кај новиот тренер Лујџи Дел Нери. Тој беше стрелец против Сампдорија уште во второто коло, но до крајот од сезоната постигнува само уште еден гол. Јувентус преживува втора разочарувачка сезона, а во вториот дел од сезоната и Клаудио игра многу слабо. Во зимата за него се интересира Интер, но тој ја одбива понудата со образложение дека сака целата кариера да ја помине во Јувентус.

Сезона 2011-2012

[уреди | уреди извор]

Во летото 2011 година во тимот на Јувентус пристигнуваат неколку квалитетни фудбалери од средниот ред како Андреја Пирло, Артуро Видал и Елјеро Елија со цел да се подигне квалитетот на екипата по двете катастрофални сезони. И покрај тоа Маркизио не го губи своето место во почетните единаесет, туку на против има и нешто послободна улога во тимот и можност повеќе да се вклучува во нападот. Тој е стартер во првиот меч на Јувентус во новата сезона под водство на новиот тренер Антонио Конте. Противник во натпреварот беше екипата на Парма која воедно беше и првиот гостин на новиот Јувентус Стадион, Маркизио и соиграчите победија со убедливи 4:1, а токму тој го постигна четвртиот гол на импресивен начин. Месец дена подоцна тој го решил дербито против Милан со два касни гола во 86-тата и 92-ата минута (Јувентус победи со 2:0). Тој бил стрелец и против вториот Милански тим Интер во победата од 2:1. До зимската пауза тој се запишал во списокот на стрелците уште на двапати против Палермо (3:0 третиот гол) и Чезена (2:0 првиот гол). Со шест гола тој бил најдобар стрелец на Јувентус во првиот дел од сезоната заедно со Алесандро Матри. Маркизио исто така му помогнал на својот тим и да ја помине првата препрека во Coppa Italia, постигнувајќи го вториот погодок во 103-тата минута за победа над Болоња со 2-1 по продолженија.

Во вториот дел од сезоната Маркизио не беше толку ефикасен во нападот, но тоа не значи дека играл лошо, напротив тој Пирло и Видал беа клучните фигури низ кој поминуваше секоја акција на Јувентус. Тој постигнал три погодоци во победите над Фиорентина (5-0) и Рома (4-0) како и во ремито со Лече (1-1) и дал значаен придонес во освојувањето на неговото прво Скудето во кариерата и 28. титула првак на Јувентус. Маркизио ја завршил сезоната со 9 гола во Серија А, што го прави втор најефикасен фудбалер од средниот ред во лигата зад Марко Ригони кој реализирал 11. Со својте добри перформанси заслужено се нашол и во Серија А тимот на годината.

Сезона 2012-13

[уреди | уреди извор]

Во август Маркизио беше во стратната постава на Јувентус за натпреварот од Суперкупот на Италија против Наполи во Пекинг. Неговиот тим победи со 4-2 (2-2 по 90 минути) по продолженија од двапати по 15 минути.

На стартот од сезоната 2012-13, Маркизио започнува како капитен на Јувентус, водејќи ги својте соиграчи во победата над Парма од 2-0 во првото коло на Серија А. Поради отсуствата во тој натпревар на капитенот Џанлуиџи Буфон и заменик-капитенот Џорџо Кјелини, Маркизио за првпат добил шанса да ја носи капитенската лента на својата рака од првата минута. Својот прв погодок во сезоната Клаудио го постигнал на 7 октомври 2012 носејќи му ја победата на својот тим со 2-1 нагостувањето кај Сиена во 85. минута. Еден месец подоцна откако ја отвори голгетерската сметка за новата сезона, тој го постигна својот прв погодок во кариерата во Лигата на шампионите во победата над Нордсјеланд со 4-0.

Репрезентативна Кариера

[уреди | уреди извор]
Клаудио Маркизио во дресот на репрезентацијата

На 12 август 2009 Маркизио за првпат го облече дресот на репрезентацијата на Италија во пријателски меч против Швајцарија.Мечот заврши 0:0, а после мечот селекторот Марчело Липи го пофалил Маркизио како доста добар настап за еден дебитант во интервју по мечот.Тој исто така признал дека и претходно сакал да го повика Маркизио, но тоа не го направил заради договорот кој го имал со селекторот на репрезентацијата до 21-на година.Првиот официјален меч за својата земја го игра во квалификациите за Светското првенство 2010 во Јужна Африка, против Бугарија.Следните два квалификациски меча ги пропушта поради повреда на коленото.Тој е повикан и во тимот за Светското првенство 2010 во Јужна Африка, но таму не се снајде најдобро во тактиката на Липи.

Својот прв гол во дресот на Италијанската фудбалска репрезентација го постигнал на 7 октомври 2011 во квалификациите за Евро 2012 против Србија во Белград во втората минута од мечот.Накрајот мечот завршил 1:1 што на Италија и донесе пласман на Евро 2012.Неговиот гол воедно беше и 250-ти гол на еден фудбалер на Јувентус во репрезентативниот дрес.

Репрезентативни голови

[уреди | уреди извор]
# Дата Стадион Противник Погодок Резултат Натпревар
1 7 октомври 2011. Стадион Црвена Ѕвезда, Белград, Србија  Србија 1–0 1–1 Квалификации за Евро 2012
* Настапи и (голови) во репрезентацијата последен шат се ажурирани 5 јануари 2012.

Приватен живот

[уреди | уреди извор]

Клаудио се оженил со Роберта, неговата љубов уште од средно школо. Има син кој е роден во август 2009 година. Неговата сопруга пак сосема спротивно била навивачка на градскиот соперник на Јувентус, Торино. Нејзиниот татко едно време и играл за тој клуб.

Познат е под својот прекар Il Principino што во превод значи малиот принц. Прекарот го добил од коментаторот Клаудио Зулијани исто така навивач на Јувентус.

Статистика на кариерата

[уреди | уреди извор]
Клуб Лига Сезона Лига Куп Европа Вкупно
Меч Голови Асист Меч Голови Асист Меч Голови Асист Меч Голови Асист
Јувентус Серија А 2005–06 0 0 0 0 0 0 0 0 0 0 0 0
Серија Б 2006–07 25 0 2 1 0 0 - - - 26 0 2
Емполи (позајмен) Серија А 2007–08 26 0 1 1 0 0 2 0 0 29 0 1
Јувентус 2008–09 24 3 2 2 0 0 6 0 0 32 3 2
2009–10 28 3 3 0 0 0 7 0 1 35 3 4
2010-11 32 4 4 1 0 0 8 0 0 41 4 4
2011-12 15 6 1 1 1 0 - - - 13 7 1
Јувентус вкупно 124 16 12 5 1 0 21 0 1 150 17 13
Вкупно во кариерата 150 16 13 6 1 0 23 0 1 179 17 14

од 5 јануари 2012

Италија Јувентус

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]