Историјата на областа главно е под влијание на соседните градови Кемници Цвикау. Во средниот век, градот Глаухау, главен град на поранешниот округ, бил центар на земјата Шенбург-Глаухау. Владата на Источна Германија се обидела да го претвори регионот во огромен индустриски комплекс, што е причина за густината на население.
Округот бил основан во 1994 година со спојување на поранешните окрузи Глаухау и Хоенштајн-Ернстал. Во август 2008 година, како дел од реформата на окрузите во Саксонија, окрузите Цвикау, Кемниц и урбаниот округ Цвикау биле споени во новиот округ Цвикау.
Некогаш густо пошумена област, Кемниц сега е високоурбанизиран регион со само неколку зелени области. Реката Цвикауер Мулде тече низ северниот дел на округот.