Кајл Марфи
Лични податоци | |||
---|---|---|---|
Цело име | Кајл Марфи | ||
Роден | 5 октомври 1991 Пало Алто, САД | ||
Податоци за клубот | |||
Мом. клуб | Хјуман Пауеред Хелт | ||
Дисциплина | друмски велосипедизам | ||
Улога | возач | ||
Вид на возач | универзален возач | ||
Аматерски клубови | |||
2013 2014 2015 | ЦРЦА-БХ Комеди Сентрал Чемпионс Систем Каха Рурал-Сегурос РГА (стажант) | ||
Професионални клубови | |||
2015 2016 2017 2018- | Лупус Рејсинг Тим Тим Џејмис Сајленс Про Сајклинг Рели Сајклинг | ||
Значајни победи | |||
| |||
Последна промена 3 ноември 2022 |
Кајл Марфи (англиски: Kyle Murphy; р. 5 октомври 1991) — американски професионален друмски велосипедист, кој вози за професионалната континентална екипа Хјуман Пауеред Хелт.[1]
Кариера
[уреди | уреди извор]Негова прва професионална сезона била во 2015, кога возел за Лупус Рејсинг Тим[2] и возел на неговото прво државно првенство. Освоеното осмо место го привлекло вниманието на неколку други професионални екипи и подоцна возел како стажант за Каха Рурал-Сегурос РГА на САД Про Сајклинг Челинџ. Марфи завршил трет во планинскиот пласман и возел во главните бегства на три етапи. Возел на екипниот хронометар на Светското друмско првенство 2015.[3] Се приклучил на Тим Џејмис за 2016; откако се распаднале на крајот на сезоната, потпишал со Сајленс Про Сајклинг за сезоната 2017. Во октомври 2017 година, Рели Сајклинг објавиле дека Марфи ќе им се приклучи во 2018.[2][4]
Достигнувања
[уреди | уреди извор]- 2014
- 10. Велосипедски класик Тобаго
- 2017
- 6. Краен пласман Етапна трка Џо Мартин
- 10. Краен пласман Трка Џила
- 2018
- 3. Краен пласман Трка Џила
- 2019
- 6. Краен пласман Трка околу Јута
- 6. Краен пласман Тур де Бос
- 10. Краен пласман Трка околу Турција
- 2020
- 2. Пруеба Вилјафранка де Ордисија
- 2021
- Волта а Португал
- 1. Етапа 2
- 1. Етапа 8
- 2022
- 1. Национално друмско првенство
- 5. Краен пласман Трка околу Анталија
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Rally Cycling“. UCI.org. Меѓународен велосипедистички сојуз. Архивирано од изворникот на January 6, 2021. Посетено на January 6, 2021.
- ↑ 2,0 2,1 Malach, Pat (26 октомври 2017). „Rally Cycling renew with Britton, add Kyle Murphy“. cyclingnews.com. Посетено на 26 октомври 2017.
- ↑ „UCI Road World Championships“. UCI. Посетено на 20 септември 2015.
- ↑ „A mix of old and new for Rally Cycling in 2018“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. December 18, 2017. Посетено на February 4, 2018.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Кајл Марфи“ на Ризницата ? |
- „Достигнувања на Кајл Марфи“. Cycling Archives.
- „Достигнувања на Кајл Марфи“. Cycling Quotient.
- „Достигнувања на Кајл Марфи“. ProCycling.