Значење на имињата на астероидите
Ова е список на мали планети, кои официјално се именувани од страна на Работна група за именување на малите тела (РГИМП) дел од Меѓународниот астрономски сојуз (МАС). Списокот се состои од делумни страници, секој од нив покрива имиња во опсег од 1000 тела, наведувајќи го изворот по кој е наречено малото тело. Преглед на сите постоечки делумни страници е подолу во делот Значење на имињата на астероидите § Белешки.
Меѓу стотиците илјади наброени мали тела само мал дел од тие тела имаат имиња. Од 29 ноември 2021[update] , именувани се 22.944 мали тела од вкупниот број на 600.000 наброени тела .[1] Поголемиот број од овие тела се именувани по личности, особено астрономи, како и ликови од митологијата и фантастиката. Дел од нив се именувани и според места како што се градови, гратчиња и села, планини и вулкани; по реки, опсерватории, како и по организации, здруќенија и астрономски друштва. Некои се именувани по животни и растенија. Неколку мали планети се именувани по егзотични уреди како што се суперкомпјутери или пак имаат непознато потекло .
Првите неколку илјади мали тела се именувани, со близуземскиот астероид (4596) 1981 QB е моментално е малото тело кое се уште има нумерирана ознака.[2] Првите 3 страници од табелите подолу содржат 1.000 именувани тела. Оние од 13 и 33 страници содржат најмалку 500 или 100 именувани тела. Првите списоци кои не содржат именувани тела започнуваат од 258001–259000. Постојат и неколку спорови околу именувањето а поврзани со други тела, најчесто со планетарните сателити и меѓу самите тела.
Следејќи го предлогот на астрономот откривач, новите мали тела се одобрени и именувани и објавени од страна на Работната група при МАС неколку пати во годината.[1] Работната група применува бројни правила кои се изменети неколку пати. Некои се за ограничување на употреба на навредливи имиња или вулгарности. Со текот на годините овие правила се изменувани неколку пати. На почетоците, на пример, повеќето мали тела биле именувани споиред женски ликови од старогрчката и римската митологија.
Показател
[уреди | уреди извор]Ова е преглед на сите веќе постоечки делумни списоци за значењето на имињата на малите (ЗИМ). Секоја табела опфаќа точно 100.000 мали тела, при што секоја единка од табелата е делумен список од 1.000 последователно нумерирани тела. Засивените единки се уште не содржат наводи за соодветниот бројчен опсег. За вовед, Погледајте Значење на имињата на астероидите § Белешки.
Значење на имињата од 1 до 100.000
[уреди | уреди извор]Значење на имињата од 100.001 до 200.000
[уреди | уреди извор]Значење на имињата од 200.001 до 300.000
[уреди | уреди извор]Значење на имињата од 300.001 до 400.000
[уреди | уреди извор]Значење на имињата од 400.001 до 500.000
[уреди | уреди извор]Значење на имињата од 500.001 до 600.000
[уреди | уреди извор]Значење на имињата од 600.001 до 700.000
[уреди | уреди извор]Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 „WGSBN Bulletin Archive“. Working Group Small Body Nomenclature. 29 November 2021. Посетено на 2 December 2021. (Bulletin #12)
- ↑ „Discovery Circumstances: Numbered Minor Planets (1)-(5000)“. Minor Planet Center. 21 August 2016. Посетено на 22 August 2016.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Asteroids discovered at the observatory of San Marcello Pistoiese in Italy
- Asteroids discovered by Uppsala astronomers
- Asteroids honoring people associated with Cornell Department of astronomy
- Asteroids named after members of staff and graduates of the Department of Astronomy, University of Maryland
- Asteroids with Canadian Connections
- Asteroids with a Hamburg connection
- Hungarian asteroids
- In Our Skies journalistic article on asteroid nomenclature
- Institute of Applied Astronomy's list of (accented) names
- Kleť Numbered Minor Planets
- List of "Dutch" asteroids (in Dutch)
- Planetary Society asteroids
- The Ceres Connection (asteroids named after students)
Some systematic sources of citations are:
- The database of the Minor Planet Center can be searched: http://www.minorplanetcenter.net/db_search/
- The JPL Small-Body Database Browser: http://ssd.jpl.nasa.gov/sbdb.cgi
- The Minor Planet Center has lists of discovery circumstances for numbered minor planets which link to a script at the Harvard University Center for Astronomy MPES (Minor Planet Ephemeris Service) that displays citations.
- The Minor Planet Center also provides a search engine allowing a search of its database from your browser.
In the first two cases you need only modify the last argument of the address to the name or number of the minor planet. The lists of discovery circumstances are split into groups of 5000 minor planets, each containing links for individual named minor planets that access the script displaying citations.
|