Прејди на содржината

Железниот Човек

Од Википедија — слободната енциклопедија
Тони Старк
Железниот Човек
Тони Старк (Железниот Човек)
Информации од објавувањето
ИздавачMarvel Comics
Прво појавувањеTales of Suspense #39
(март 1963 г.)
Создаден од
Информации од приказната
ИмеЕнтони Едвард Старк
ПотеклоЛонг Ајленд, Њујорк
ПрипадностОдмаздници
Способности
  • интелект на генијално ниво
  • умешен научник и инженер
  • го користи оклопот на Железниот Човек

Железниот Човек (англиски: Iron Man), вистинско име: Ентони Едвард „Тони“ Старк (англ. Anthony Edward "Tony" Stark) — измислен суперхерој на Marvel Comics. Неговите творци се Стен Ли, Џек Кирби, Лари Либен и Дон Хек. За првпат се појавил во Tales of Suspence во март 1963 г. Главниот лик во серијата е богат милијардер по име Тони Старк. Додека спроведува еден од неговите експерименти во пустината, тој е одвлечен од група терористи. Макар што не ги одобрува пеколните планови, брзо смислува план за бегство. Измислува железен оклоп со способност за летање и на тој начин успева да им побегне. Додека е во заробеништво, создава реактор што претставува срце. Во суштина, мора да создаде ракети за терористите. Наместо тоа, Тони го прави оклопот на Железниот Човек за да се извлече. Неговиот најголем непријател е Мандарин.

Во 2008 г., според серијата бил снимен игран филм, во кој глуми Роберт Дауни Помладиот. Во 2010 г. бил снимен вториот дел од филмот. Во 2013 г. излегол третиот дел од филмот. Во првиот дел, Тони Старк го измислил оклопот додека бил заробен од терористите наречени „Десет прстени“, кои биле негови верни клиенти. Тој одлучува да ја запре продажбата на оружја.

Тони Старк, измислен лик, е син на Марија Колинс Карбонел и Хауард Ентони Старк, сопственик на моќната компанија „Старк индустрии“.[1] Уште како момче се интересирал за градење и ракување со машини, па на 19 години веќе дипломирал на престижниот институт МИТ со две магистри, електротехника и физика. По дипломирањето, иако се занимавал со семејниот бизнис, повеќе сакал да се препушти на блескавиот живот на плејбој наместо да ги развива своите вештини и дарби. На 21 година ги загубил двајцата родители, кои настрадале во сообраќајка, која, како што подоцна дознавме, била организирана од соперничка компанија. Неподготвен и незаинтересиран за административното управување на компанијата, Тони ја назначил својата секретарка, Вирџинија „Пепер“ Потс за извршен директор. Самиот продолжил да се изложува ексцентрично во јавноста, уживајќи во екстравагантни изведби и парадирање, или се повлекувал во самотија во сопствената работилница, каде што ќе ужива во конструирањето и развивањето опрема што може да ја управува. Секако, под влијание на смртта на неговите родители, тој се препуштал на изливи на хедонизам или развратно пиење, но покажувал и тврдоглавост, цинизам и повремено аутистичко повлекување во себе.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
Викицитат има збирка цитати поврзани со: