Жарко Лаушевиќ
Жарко Лаушевиќ | |
---|---|
Жарко Лаушевић | |
Жарко Лаушевиќ од корицата на неговата книга „Годината проаѓа, денот никогаш“ | |
Роден(а) | 19 јануари 1960 Цетиње, НР Црна Гора |
Починал(а) | 15 ноември 2023 Белград, Србија | (возр. 63)
Занимање | глумец |
Активен период | 1978–2023 |
Познат(а) по | по улогите: Шиља - Сиви дом Павле - Шмекер Милош Обилиќ - Битка на Косово Ѓорѓе Караѓорѓевиќ - Сенки над Балканот Илија/Алија - Нож Аќим Катиќ - Корени |
Жарко Лаушевиќ (српски: Жарко Лаушевић; 19 јануари 1960 - 15 ноември 2023) — црногорски и српски филмски и драмски глумец.
Животопис
[уреди | уреди извор]Лаушевиќ е роден во Цетиње, Црна Гора. Дипломирал глума на Факултетот за драмски уметности во Белград. Бил член на Југословенскиот драмски театар каде што има остварено улоги во голем број на претстави. На филм дебитирал во 1984 г. во филмот „Прогон“, а истата година остварува значајни улоги во филмовите „Савамала“ и „Директен пренос“. Голема популарност добива со улогата на Шиља во телевизиската серија „Сиви дом“. После тоа играл улоги во повеќе од 20 филмски и телевизиски серии помеѓу кои се: „Шмекер“, „Свечена обврска“, „Се случи на денешен ден“, „Офицерот со роза“, „Браќа по мајка“, „Битка на Косово“, „Оригинален фалсификат“, „Кажи зошто ме остави“, „Нож“.
Награди и признанија
[уреди | уреди извор]- Златна арена во Пула за најдобра машка улога во „Офицерот со роза“, 1987.
- Награда на весникот Полет во Пула на Жарко Лаушевиќ и Ксенија Пајиќ за најпоетичен емотивен однос, 1987.
- Награда Цар Константин во Ниш за улогите во филмовите „Офицерот со роза“, „Се случи на денешен ден“ и „Октоберфест“, 1987.
- Награда „Град театар“ за улога во претставата Кањош Мацедоновиќ, 1989.
- Награда Зоран Радмиловиќ за улога во претставата Кањош Мацедоновиќ, 1989.
- Награда „Јован Стерија Поповиќ“ за ликовите Растко Немањиќ и Свети Сава во претставата Свети Сава, 1990.
- Награда на издавачката куќа „Дечје Новине“ за улога во филмот Танго Аргентино, 1992.
- Гран При на Филмски средби во Ниш за улогата во филмот „Подобро од бегство“, 1993.
- Награда на весникот „Новост 8“ за улогата во филмот Кажи зошто ме остави, 1993. године
- Награда во Херцег Нови
Во 2014 година, режисерката Бранка Бешевиќ Гајиќ го снимила документарнот филм „Лауш“, посветен на Жарко Лаушевиќ.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Пази се! Доаѓа Cinedays 13. Скопје: Младински културен центар, 2014, стр. 50.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Жарко Лаушевиќ на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
|