Прејди на содржината

Етнографија

Од Википедија — слободната енциклопедија
text
Музеј за етнографија во Измир (İzmir Etnografya Müzesi), Измир, Турција, од дворот

Етнографија или народопис (Грчки ἔθνος ethnos = народ и γράφειν graphein = пишување) — изучувањето или опис на однесувањето на еден народ, специфична култура или група.

Често се вели: доколку сакате да сфатите што е тоа антропологија, тогаш гледајте што прават антрополозите. Пред сè, антрополозите се занимаваат со етнографија. За културниот или за социјалниот антрополог, етнографијата е исто што и лабораториското истражување за биологот, архивското за историчарот, или анкетите за социологот. Етнографијата уште често се нарекува и „истражување низ активно учество“, бидејќи се заснова на наизглед едноставната идеја дека доколку сакате да сфатите каква намера имаат луѓето, најдобро би било да ги набљудувате, на тој начин што ќе се дружите со нив подолго време. Поради тоа, антрополозите по традиција, настојуваат да поминат подолг временски период, понекогаш и по цела година без прекин, во заедницата која ја проучуваат и да живеат исто како што живеат и членовите на заедницата. Впрочем, тој пристап ја одредил антропологијата и ја одделил од останатите општествени науки. Навистина, антрополозите во никој случај не ги отфрлаат методите кои се типични за другите науки, како што се употребата на анкета или собирање квантитативни податоци. Но, антрополозите веќе подолго време сметаат дека таквиот пристап при изучувањето на човекот би довел до нецелосно, па дури и до погрешно сфаќање, посебно кога се работи за припадници на непознати заедници.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]