Прејди на содржината

Естонска евангелистичко-лутеранска црква

Од Википедија — слободната енциклопедија
Естонска евангелистичко-лутеранска црква
Лого на црквата
КласификацијаПротестантство
ПравецЛутеранство
НадлежностЕпископско-синодски
ПриматУрмас Вилма, архиепископ на Талин
ЗдруженијаСветска лутеранска федерација,
Светски црковен совет,
Конференција на европските цркви,
Декларација Порво
Заедница на протестантските цркви во Европа
ПодрачјеЕстонија
Потекло1917
Заедници164
Членови180.000 (2014)[1]
Мрежно местоhttp://www.eelk.ee/

Естонска евангелистичко-лутеранска црква (естонски: Eesti Evangeelne Luterlik Kirik, скратено ЕЕЛЦ) — лутеранска црква во Естонија. ЕЕЛЦ е членка на Светската лутеранска федерација и припаѓа на Заедницата на протестантски цркви во Европа. Исто така е член на Декларацијата Порво, ставајќи го во црковна унија со Црквата на Англија и другите англикански цркви во Европа.

Историја

[уреди | уреди извор]
Црква „Пресвета Богородица“ во Талин

Естонската евангелистичко-лутеранска црква (ЕЕЛЦ) била создадена во 1949 година, кога претходната црковна хиерархија, предводена од епископот Јохан Кеп, побегнала во Шведска во 1944 година. Кога Советскиот Сојуз ја окупирал Естонија во 1940 година, повеќето христијански организации биле распуштени, црковниот имот бил запленет, теолозите биле избркани на Сибир, а верските образовни програми целосно укинати. Подоцна, Втората светска војна донела уништување на многу цркви. До 1988 година, црковните активности не биле обновени, кога започнало да се јавува движење за верска толеранција во Советскиот Сојуз.

Иако жените учеле теологија на Тартскиот универзитет во 1920-тите години и некои од нив станале свештеници, до 1967 година немало жени, кога за првпат Лаине Вилентал станала свештеничка.

Црквата на Естонија е епископска и моментално е предводена од пет епископи, вклучувајќи го архиепископот, кој е примат. По повлекувањето на Андрес Пидер како архиепископ, моменталниот архиепископ е Урмас Вилма, воведен на 2 февруари 2015 година. Архиепископот на Естонската евангелистичко-лутеранска црква во странство е Андрес Таул, исто така свештеник на Лутеранската црква-Канада.

Членство

[уреди | уреди извор]

До февруари 2009 година, ЕЕЛЦ имала околу 160.000 крстени членови, додека црквата во странство (со седиште во Канада) имала околу 8.000 членови.[2] Во 2014 година, Светската лутеранска федерација објавила број од пријавени членови од 180.000.[3]

  1. „Цркви во Естонија“. lutheranworld.org. Светска лутеранска федерација. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 16 февруари 2016.
  2. „LWF Statistics 2009“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2013-04-30. Посетено на 2016-03-28.
  3. „Цркви во Естонија“. lutheranworld.org. Lutheran World Federation. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 16 февруари 2016.

Надворешни врсли

[уреди | уреди извор]